Поздрав девојки, веќе подолго време имам идеја да одам со дечко ми во Маврово на одмор. До сега немам одено таму и не знам какво е времето во лето и дали може да се капе во вештачкото езеро или премногу е ладно... а гледав прекрасни слики на интернет и навистина ми се оди. Нека пише некој ако има одено во Маврово во лето и како е таму
Мене другарка ми ми предложи да одиме во Маврово летово. А она има куќа во Маврово па сместувањето би ни било бесплатно, па и мене ме интересира какво е таму времето, затоа што имам слушнато дека многу се добивало боја на планина ама исто така и се горело многу често, така да и мене ме интересира.
И јас сакам да отидам на некој викенд летово во Маврово.Преку лето немам одено до сега и незнам како е времето,ама најверојатно е како и на другите планини,малку посвежо но сепак топло.Сигурно нема да биде тука 40 степени таму 10 Супер ако имате бесплатен престој,јас да имам воопшто не се ни мислам,има добро да си поседам Оди не се мисли,има баш убава природа и езерце,и со добро друштво сигурно ке си поминете супер
Многу ми се допаѓа. Кој не бил да го посети. Езерото е многу убаво, црквите, куќите..Е сега поладно е, ама ќе си носите нешто со долги ракави.
Убавини, мерации, свеж воздух, за со дуксер навечер, спиење топ! Ако сакате вистинско разладување сред лето, посетете го Маврово.