Леукоплакија на мочен меур

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од ThrinaMist, 10 септември 2025 во 13:07.

  1. ThrinaMist

    ThrinaMist Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2025
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    209
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите ❤️

    Сакам да отворам тема за леукоплакија на мочен меур, бидејќи не е толку вообичаена состојба и вака полесно може да се споделат искуства па на некој начин и да си помогнеме.

    Што е леукоплакија?

    Тоа е промена на слузницата во мочниот меур – наместо мазна и проѕирна, таа станува бела и задебелена. Најчесто се јавува поради:
    • хронични инфекции (особено Ешерихија коли),
    • камчиња во мочниот меур,
    • долготрајна иритација или воспаление
    Симптоми:
    • често мокрење,
    • печење или болка,
    • чувство на притисок во мочниот меур,
    • понекогаш крв во урината
    • кај некои се влошува пред/по циклус
    Се открива преку процес на цистоскопија (со камера се влегува во мочниот меур) и се проверува дали има плаки и доколку треба се прави и биопсија.
    Третманот начесто е со ласерска аблација или отстранување на плаките.

    Постојат и препарати што ја заштитуваат слузницата (хијалурон, D-маноза, уро-мукопротектори). Јас искрено за ова со хијалурон мислам дека во Македонија сеуште не постои.

    Леукоплакијата не е исто што и обичен циститис – тоа е хронична промена која бара редовна контрола кај уролог. Не значи веднаш „рак“, но затоа е важно да се следи и да се намали иритацијата на слузницата.

    Моето лично искуство е дека долго време мислев дека ми се прават уринарни инфекции, но најчесто урината ми беше стерилна. Кога конечно најдов стручен доктор се виде дека имам леукоплакија. Не знам ни сама колку непотребни антибиотици испив. Она што забележав е дека постојат одредени тригери кај мене како на пример кисела храна, нелупено овошје прскано претходно со хемикалии, блага храна и шеќери, бои и мириси, некогаш после односи се јавуваат симптомите и секако при пад на имунтет. Оваа состојба или болест во голема мера влијае врз менталното здравје. Често ми се јавува дискомфорт кога треба да патувам на подолго време, кога треба подолго време да сум далеку од дома, се намалува самодовербата и нарушување во односите со луѓето околу нас особено со партнерот.

    Како сте се соочиле вие?
    Што ви помогнало најмногу?
    Кои се вашите препораки?