Letovo sakame da otideme vo grcija na ostrovot lefkada.Na internet ima prekrasni sliki od plazi,no me interesira dali e za so mali deca.ako nekoj go posetil mestovo neka pise .POZDRAV!!! [mod-kirilica:3upwn3a3][/mod-kirilica:3upwn3a3]
ау од сите места што сум била во грција, во лефкада ми било најубаво!!! Eден од најубавите градови, дефинитивно! многу е убаво, и плажа и се! едит- да да, зашто да не, нема врска децата
Извини морам да те цитирам Лефкада е остров, а не град. Како и да е најверојатно си се смешала Инаку не сум била, ама вака од слики преубаво изгледа. Моја другарка беше пред 2 години ако не се лажам и беше ептен задоволна. Имало многу убави плажи, ама надвор од градчињата, ако сте со кола супер, ако не сигурно ќе има некаков превоз. Биле сместени во Нидри, тоа било најпосетеното градче. И зошто да не со деца, не сум чула дека има таква луда забава до сабајле и пијани странци како што е случај на Крф и Закинтос. И само ми кажа дека морето е малце поладно, нели дека е на Јонско и на не знам која плажа точно секогаш имало големи бранови гледав и слики јас се плашам од бранови а за најубава плажа (не памтам имиња) една со доста скали што треба да се изодат ама водата е... РАЈ. Сигурно ќе си поминете убаво
полу остров е, дури не се ни гледа дека е остров има автопат под морето, и така поминуваш! многу мала е оддалеченоста, така да ко во град да си! и Jонско море, не е баш ладно во Eгејско не сум се бањала, ама овоа другово не е ладно бре инаку на Oхрид личи, вака земено, интересен е, зашто некаде вода, некаде копно, на влезнот има замок од турско време, супер е
Би сакала да знам колку пари е изнајмувањето на моторчиња или коли, како е храната? скапа ? јас ке одам на 1 септември, и би сакала да знам дали има медузи? секоја информација е добродојдена! поздрав
Me interesira za Lefkada koj bil, kako se stignuva do ubavite plazi, zatoa sto kaj nas site ponudi se vo Nidri, a kolku sto gledam ubavite plazi se tek na dr strana......
епа Весна дознав дека за да се оди на тие убави плажи ви треба превоз....Најубавите плажи како Порто Казики и Катизма се на другата страна од Лефкада, далеку од Нидри. Доколку вие не одите со автомобил таму има изнајмување "рент а кар" што се плаќа 50 евра (без бензин )во сезона а за сега незнам колку ке биде (највероватно поефтино) ---- кога одиш ти? ----
Јас бев летово на Лефкада ...искрено островот е преубав ...ама мораш да имаш кола за да одиш на плажите и јас мислам дека не е погоден за одмор со деца зашто мрцварење и секој ден да ги возиш децата 30км до плажа и да седат таму цел ден на 40с .Скоро преку сите агенции сместувањето е во Нидри ,а Нидри е одалечено од убавите плажи 30 км и повеќе.Според мене најубава плажа е Егремни (ама има 350 скали до нејзе ) ...а и за пазарење треба кола,затоа што маркетите Лидл и Маринозополус од Нидри се одалечени 18км ... и ако некој оди на Лефкада во студиа или апартмани јас му препорачувам да не оди преку агенција туку да си појде таму и таму да си најде смештај затоа што дупло поефтино се поминува
Лефкада е прекрасно но за помлади...не е за со деца бидејќи ми кажаја дека имало преголеми бранови! Има журки,кафиќи,момци со мотори ! Чичко ми баш сеа беа со ќеркичката таму и рекоја не е баш за нив ! Сеа да не ве попречувам ако сте решиле таму да одите
Со оглед на тоа дека паркинзите се секогаш преполни и ретко кога има место, ќе се паркирате по тротоарите, а тоа не се наплаќа. Јас кога бев, само еднаш плативме паркинг, само ич не ми текнува колку чинеше.
Колку што се сеќавам цените на паркинзите беа бесплатни скоро на сите плажи освен на Егремни и Порто Кацики ако сакаш да си поблиску до скалите кои водат до плажата се наплаќаше паркинг и цените се движеа од 2-4 евра .
На Порто Катзики имас да си нарацас од горе ресторанот што сакаш да јадеш.Не е скапо ама и не е нешто посебно. На Егремни има доле како кафич, не ми текнува дали имаше сендвичи.Би требало.WC нема.Горе во кафиките. А горе вокафиките по 100 скали . На Егремни 350..Да полуди човек.Само еднаш бевме на таа плажа и толку.А нема збор дека се убави.Преубави.РАЈ. Убав е островот, но сепак е за помлади, никако за фамилијарни со деца.Не е толку урбан како КРФ. А на Закинтос одам ова лето.Мислам дека е поубав од Лефкада.Или плажите се подостапни. Овде до убавото треба да се измачиш.Сепак плажите вредат да се видат...
Danielka0507 како тоа мислисш нема WC?јас ке одам на Лефкда од 16ти и 99% ке ми дојде ,ке треба да ставам тампони,влоски.... Каде ке го правам ја тоа? Има барем некој пуст дел на плажите , негде да се соријам било како? )))))
Сместувањата се во Нидри, а таму нема плажа. До поубавите плажи има 30-50км, патишта со кривини, големи бранови... би ти препорачала парга, големо и убаво гратче, убави плажи
Не се сместувањата само во Нидри, можеш и во околните селца каде што има плажи. Сите плажи таму се преубави. Нидри е поглемо место, има повеќе за шетање, но и помалите места не се за потценување. И таму има места и за шетање, само плус е што има плажи. За тие поубавите, треба да патуваш и ако си со деца, нормално мораш со кола.