Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лефкада (Грција)

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од milickimk, 3 јули 2011.

  1. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Престојувал некој во некоја од вилите Спирос, Метропол или Дионисос во Нидри?
     
  2. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.810
    Допаѓања:
    24.084
    Пол:
    Женски
    Ако успее дечко ми да ги среди обврските, има шанси од 25 Август да фатиме одмор, ама мислиме да идеме индивидуално (без агенции).

    Има шанси во Агиос Никитас да најдеме пристојно студио/соба со посебно купатило? И која цена се?
     
  3. AnaMKD

    AnaMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    115
    Во средина на јули беше другарка моја така на "диво" и најдоа студио за 30 евра на ден. Можеби да најдете и поефтино зашто е крајот на август.
    Јас бев во оваа вила сместена, му пишав мејл на газдата и од 13 јули плаќавме 25 евра на ден.
    Ама ова е во Tsokulades, 3-4 км од агиос никитас.
    http://www.pansionalertes.gr
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  4. solnishko

    solnishko Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Ова лето бев на одмор во Лефкада. Катизма ми беше дефинитивно најубава плажа со небесно сина вода :inlove: па потоа Порто Катсики и Егремни..
    Плажите се многу одалечени една од друга, така што најдобро е да си со автомобил. Мене искрено ми се смачи од горнините, долнините и кривините :| Бев и на крстарење и имаше многу бранови, па вода почна да влегува во бродот од многу тресење :x

    Но, но главно убаво си поминав бидејќи бев со дечко ми :inlove: :angel:


    [​IMG] Катизма :inlove:
     
    На macalavica и Elena69221 им се допаѓа ова.
  5. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Сликава што си ја ставила е РАЈ :inlove: Морам да одам наредна година тука :D
     
  6. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.231
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки!
    Ја и дечко ми уплативме да одиме на Лефкада од 24 ти Септември,во Агиос Никитас, се надевам дека нема да биде ладно, дали некој бил во Септември, ве молам пишете ми нешто повеке, ке бидеме во вила Спирос.Дали има некој што бил во таа вила,да пише нешто повеќе, какови се цените таму,има ли крстарење, колку е изнајмувањето на скутер,има ли превоз до другите плажи?
    Поздрав,
     
  7. avongirl

    avongirl Активен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2012
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    14
    Само што видов дека vo ЈК ТРАВЕЛ има соби за Лефкада, за Агиос Никитас по 49 евра :rofl:
    Кој бараше нека се јави побрзо бидејќи цената е смешна.
     
  8. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.231
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Јас резервирав преку јк травел :rofl: ако има некој кој бил преку оваа агенција во вила Спирос нека пише нешто повеќе.
     
  9. Femina777

    Femina777 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    534
    Допаѓања:
    236
    Јас сум била во Лефкада и многу ми се допадна местото ама водата беше малку ладна но сепак многу убаво си поминав :) значи плажите таму се нешто прекрасноо :inlove:
     
  10. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Ги прочитав сите страни и не сфатив, кое место има најдобар ноќен живот?

    Иако е рано за разгледување понуди, уште од сега да се информирам дека големи се шансите да одам на островов. Знам дека не е ко у Закинтос, журкишта на сите страни, т.е. не ни очекувам тоа.
    Некој да ми објасни од овој аспект? :) :)
     
  11. veronikaveronika

    veronikaveronika Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    132
    Ако бараш ноќен живот, тогаш барај друг остров :)

    Шала на страна, журки на плажа се организираат на Катизма, таму има 2 клуба на плажа кои работат турбо во сезона.

    Инаку поживо е Нидри, ама локациски е тапа, како и самиот град Лефкада - значи зборувам за ресторани, пабови, кафулиња, за клубови незнам.

    Останатите се мали места, па не очекувај незнам каков ноќен живот.
     
  12. kaja001

    kaja001 Активен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    3

    Јас лани бев сместена во Нидри, има доста кафулиња, ресторани, пабови кои што работат до 1, има само еден beach bar се вика Sail inn ама и таму беше тапа се додека не стигнаа Србите, е тогаш веќе живна местото. Ако ти е за ноќен живот и журкање не ти ја препорачувам Лефкада, посебно не Нидри :)
     
  13. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    ^ Па не одам баш за ноќен живот, ама колку да има каде да се искочи навечер, да не бидат само прошетки. Како и да е, јас ни во Скопје не одам многу по дискотеки. Еднаш во два месеци. За таму прашував дали има некое диско да отидам неколку пати, или дали има добро место за коктел да си се напиеш. :)
     
  14. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.231
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Лани бевме од 24,09 во Спирос вилата во Агиос Никитас,местото е многу мало, имаше 3 маркети (ако можат да се наречат така, кои беа прескапи), неколку ресторанчиња и 2-3 кафичи, диско нема, ноќен живот никако,срека што си бев со дечко па не ми беше досадно, за со друштво не е.Вилата беше ок, ништо посебно но сепак на убаво место, имаше тараса со убав поглед на море.Ги поминавме сите плажи по ред, островот е преубав, плажите се рајски, Милос плажата ни беше блиску и е една од најубавите, Катизма гледам ја фалат многу ама мене не ми се допадна,целата е со каменчиња кои се многу остри неможе да се стапне по неа,иначе во глобала сите плажи се со бели каменчиња, песок ситен не видовме, иначе сегде водата е длабока, на 2-3 чекори веке си во длабоко, за не пливачи и замали деца не е баш.Порто катцики е сон.Изнајмивме моторче за 15 еур и буквално го поминавме цел остров. Главното гратче е блиску, таму има и Лидл.Бевме на крстарење 10еур по особа,одлично, и времето ни се погоди ептен,на Лефкада посебно на Милос плажата го видовме најубавото зајдисонце, неможе да се преслика во зборови.Се на се Лефкада посебно Агиос Никитас е совршено место за луѓе кои сакаат мирен одмор.А што се однесува до Нидри, за разлика од АН е поживо, има повеке продавници, луѓе ресторани ама нема убава плажа, сите што беа сместени во Нидри патуваа до другите плажи.И бевме преку ЈК травел, секоја пофалба за агенцијата.Поздрав :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На Marmalade му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Kalia

    Kalia Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2012
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    26
    И јас да го споделам моето мислење за Лефкада, може на некој ќе му биде од корист. :)
    Лани бев по втор пат на островот и сум презадоволна од плажите. Јас и дечко ми бевме една недела во мало место Никиана ( ни го препорачаа) негде на почетокот на септември. Местото беше многу мало на северната страна на островот, меѓу Нидри и Лефкас, мирно место, фамилијарно.Сместувањето го најдовме преку booking.com и бев презадоволна за цената што ја плаќавме ( 20 евра од ноќ за двајца во огремен апартман блиску до плажата). Најблиската плажа, преку улица, беше многу мала/ приватна :) чиста вода со мала таверна. :) Бевме со кола па ни беше лесно да шетаме и по други плажи и ги видовме сите места.
    Нидри, супер гратче со многу локали и продавници, ама плажата НЕ! ни водата ни плажата ( а и плус многу ми мирисаше местото на сулфур).
    Василики, исто интересно и големо место, плажата не ми се допадна.
    Знаете дека убавите плажи се на јужната страна и се прекрасни и мора да ги посетите и покрај тоа што малку мачно се стига до нив :)
    Пак се вракам на Никиана. Ни се погоди дека е блиску до Лефкас па често одевме навечер таму. А и е блиску до Нидри ако ви се шета. Мене ми беше битно да сум сместена на убаво место и блиску да бидам до плажа.
    Како и да е, Лефкада е прекрасна и нема да згрешите ако ја изберете за дестинација летово :)
     
  16. sunshinein

    sunshinein Активен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    може инфо. за смештај во нидри?
     
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.582
    Допаѓања:
    104.233
    Пол:
    Женски
    Василики, имаме хотел со појадок и вечера, Аполон, е сеа според ова што гледав блиску е до Порто Кацики, најубавата плажа, ми кажаа се оди со бротче, ама ми кажаа и дека има многу бранови и ветер, јас и не сум некој пливач за да се снајдам во бранови. Еве читам плажата не била нешто, сместувањето појма немам на слики е супер, ама нели на слики и таму кој да ти каже. Давајте совети, се двоумам меѓу Кушадаси и Василики, исто ми се по цена, 10 евра е Василики поскапо, што да правам ич појма немам.
     
  18. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    И јас се двоумев меѓу Лефкада и Кушадаси и го одбрав второво. Некако подобри мислења слушнав дека не сум била ни таму ни таму. А и подобри понуди има за Кушадаси.
    http://forum.kajgana.com/threads/Кушадаси.52461/ Еве тука прочитај некои мислења.
     
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.582
    Допаѓања:
    104.233
    Пол:
    Женски
    И ние се одлучивме за Кушадаси на крај, викендов ќе уплаќаме, а и од луѓе кои се таму во моментот добив инфо дека е супер и хотелот и плажата и се, ова би требало да е добар одмор :D
     
    На Elena69221 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.043
    Допаѓања:
    1.967
    Женски, мене не ми е јасно, до Лефкада да се стигне треба да се патува и со брод? Дефинитивно сме одлучени јас и мм да одиме од 20ти овој месец, па според ваши критики пофалбии одлучив Нидри, да ги посетиме Порто Катсики и Милос обавезно. Нидри нели по живо било, со подобар ноќен живот или не?