Лефкада според мене е најубавиот Грчки остров. Ова лето немаше место. Се беше зафатено. Следново може да се тркне до Лефкада. Би одел со кола. Бидејќи така би го видел цел остров.
Moze li da pises nesto poveke za Nidri? kako si zadovolna, kako se cenite?plazite i dali ima noken zivot?
Јас лани бев во Лефкада, поточно во Нидри, преку агенција (Атлантис), 4 души, ни се фати по 154 евра од човек. И тоа од 13 - 23 јули. На лице место мислам дека нема шанси да најдете место, лани преполно беше.
Aha a so ceni tamu kako bese i ubavo li e mestoto,plazata ili idevte so brodce po drugi plazi i dali ima noken zivot?
Во Нидри конкретно нема баш убава плажа. Ние шетавме цело време по островот. 2 пати бевме на крстарење со брод (Macedonia Palace) по Јонско море кое чинеше 15 евра од човек и убава тура има: Кефалонија - Итака - Скорпиос - Меганизис . Инаку, ти ги препорачувам Катизма и Порто Катсики. Рај се тие 2 плажи. До таму изнајмуваме скутерче, отприлика од 8-10 евра е дневно и плус си ставаш бензин. Во однос на цените, бидејќи бевме баш во екот на сезоната, беше малце поскапо, Кока Кола: 2 евра, кафе: 2-5 евра, гиро: 2 евра, а во ресторан да од 8-10 евра, просечна вечера за двајца околу 30 евра итн.. Како и да е, ти го препорачувам
водата била многу поладна одколку на халкидики ? точно е ова јас сакам да одам ама ми казуваат дека водата била многу поладна од нашето море
Не е многу поладна, таман си е, јас искрено не забележав некоја разлика, освен тоа морето е далеку поубаво од Егејско, водата е кристално чиста, барем јас кога бев така се погоди.
Поладно е од Егејско во секој случај, сега релативно е тоа на кој колку му е ладно. Ние бевме во јуни кога морето уште не е доволно топло, па син ми по цел ден не излегуваше од вода. Фала богу се вративме здрави. Инаку плажите не се песочни, ама преубави, поглед, боја на водата, чистота на морето. Само што со мали деца е пренапорно секој ден да возиш по 20 км до убавите плажи, а во поголемите места каде има смештај нема убави плажи. И заборавив да кажам, крстарењата се брод се многу ефтини, а преубаво е доживувањето и ќе посетиш многу интересни места.
Какво е времето на Лефкада околу 20ти септември? Најмногу ми одговара тој период, а гледам и дека има супер понуди. Некој?
Не сум, била на Лефкада, само Закинтос, но исто е морето, а имам и пријатели што секоја година летуваат тој период на Јонско. Можам да потврдам дека септември е најубав период за летување во тој дел за разлика од Егејско каде што знае времето да се расипе и да врне. На Јонско тоа е реткост, дури мештаните викаат дека имало туристи што и во декември се бањале. Јас кога бев, морето беше потопло од температурата надвор, а беше околу 30 степени. Не му ја мисли, ќе си поминеш топ
Јас бев на крај на Септември и времето ни беше топ.Лефкада е преубава, доволно е топло, само препорака да одиш во западниот дел.Ние бевме во Агиос Никитас, и си поминавме преубаво.
Бил некој во вила Маргарити во Агиос Никитас да каже како е? И во кои вили и преку кои агенции сте биле во Агиос Никитас 9 ноќевања да споделите искуства?
Инаку колку за информација, Агиос Никитс е мало село на западната страна, има едно главно сокаче со 2 маркети, 1 продавница за суровини, неколку ресторанчиња и 2 кафичи.Навечер е штама колку е мирно и тивко.Нема каде да се шета,Тоа место е буквално за одмарање мозок.Блиску е до главниот град, ви препорачувам да си изнајмите мотор или кола.Плажата е убава, ама има скратен пат до Милос плажата која е феноменална, и плус го има најубавото зајдисонце, а може до неа со малце труд да отидете пеш.Патот до плажата е малку комплициран,прво се искачувате по скали па се продолжува буквално по козји патеки низ еден рид, треба буквално да се помине ридот и да се спуштите на другата страна на која пак има едни скали кои водат до плажата, ама кога ке ја видите плажата ке заборавите на маката.На они кои се посрамежливи и кои имаат проблем со голотија подобро нека не одат на оваа плажа затоа што има големи шанси да видите голи луѓе, иако искрено таа плажа е огромна, барем ние кога бевме имаше многу малце луѓе кои седеа на големо растојание едни од други така да сите имаа приватност и никој буквално не се замара со никого.
@macalavica ние бараме место кое е најблиску до Лефкас и на google гледам дека од тоа што го нудат нашиве агенции Агиос Никитас е најблиску 10-12 км од Лефкас. Ако се одлучиме за Лефкада ќе изнајмиме мотор и ќе излегуваме секоја вечер во Лефкас таа одалеченост не е проблем. Од друга страна, гледам Агиос Никитас е и најблиску до најубавите плажи и ми изгледа најдобро за смештај. Кои плажи се најубави веќе истражив, кажете ми на кои плажи има бар и музика, кои се поживи? И дали има журки на некоја плажа?
@Plavusa.17 Блиску ти е и Никиана. Исто штама место, мало и навечер налик на Агиос Никитас, само што А.Н ти е поблиску до убавите плажи а ако не се лажам патот е поубав од Никиана до Лефкас..