Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лефкада (Грција)

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од milickimk, 3 јули 2011.

  1. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    @Plavusa.17 , ние кога бевме журки на плажа се правеа на Катизма, таа ти е најблиску до Агиос Никитас. Огромна плажа е, има неколку beach барови, журките почнуваа околу зајдисонце. За навечер не знам, не бевме многу по ноќниот живот :D одевме во Нидри и Лефкас на јадење и шетање навечер. Раздвижени се навечер и двете места, мислам дека во тие две би имало нешто за излегување. Исто и на бродовите кои крстарат по островот се журки, само не знам дали секој ден.
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Фала ви женски, споделувајте искуства особено тие што биле лани - посвежи информации.
    А дали има на островов историска архитектура, некоја знаменитост, нешто интересно да се види?
    Дали има други тури освен таа со Кефалонија, Итака, Скорпиос и Меганизис? Дали има нуркање? Гледам има летање со параглајдер. Какви се цените за овие активности и за други ако има?
     
  3. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.760
    Допаѓања:
    173.013
    Пол:
    Женски
    @Plavusa.17
    ИмаШЕ нуркање (веројатно уште има), околу 50тина евра ако добро памтам.. На едно место лиценца бараа8-|
    За водопадите веројатно знаеш..
    Има едно манастирче многу посетувано, ама сега не ми текнува како се викаше, нешто на Ф...
    Исто и за параглајдер беше околу 55-60 евра..
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    @Dust на кои плажи има нуркање? И што спаѓа во цената (дали е со слики и видео)?
     
  6. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.760
    Допаѓања:
    173.013
    Пол:
    Женски
    Во Нидри начекав флаери, нуркањето е на локации по избор на давателите на нуркачки услуги (не се едни..)..Снимаат со GoPro а дали се доплаќа за снимањето, искрено не знам.
    Јас не сум ти човек за нуркање:rofl:
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. BezglasnaBukva

    BezglasnaBukva Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    719
    Допаѓања:
    1.952
    Пол:
    Женски
    Јас лани бев на Лефкада, поточно Агиос Никитас. Дефинитивно е најубаво да си таму сместен, јас бев во Џорџ студиос и не сум нешто воодушевена од смештајот ама мислам дека тоа не е ни толку битно затоа што во смештај бевме само за спиење. Инаку најблиску е до најубавите плажи(Егремни, Порто Кацики...околу 25-30км ама сепак е поблиску од Нидри или Василики) исто така блиску се и Катизма и Милос(има од селцето за 6евра со бродче, но има и патека преку рид, по која се пешачи околу 15мин ама вреди да се отиде, плажата е прекрасна). Најубаво е со кола зошто не се исплати да отидеш на Лефкада а да не ја прошеташ цела :)
    Најубаво искуство дефинитивно е крстарењето :D се тргнува од Нидри, има повеќе бродови ние бевме со Македониа палас. 15 евра за цел ден, со прошетка на сите околни острови. Прво се оди на плажите Егремни и Порто Кацики, таму не оставаа по пола саат. Потоа Кефалониа(прекрасна! на местото кај што застанува нема плажа, но има убави таверни и кафичи, мислам има околу 2 часа време за шетање), Итака-ништо посебно, неколку таверни, Скорпиос-островот на Оназис и Џеки Кенеди итн.. :)
    Вреди да се посети и Василики, иако нема некоја преубава плажа градчето е прекрасно и мислам дека таму живеат најпријатни луѓе во цела Грција :)
    Ноќен живот има во Нидри и Лефкас,ама не лудувања и журки,само по неколку кафичи што работат до кај 1.
    Некој прашуваше за времето и за водата :) ние бевме во септември и времето беше преубаво, водата не е ладна како што викаат сите Јонско било ладно, секоја година одам на егејско и реално Јонско не е ништо поладно, а е многу почисто и поубаво :) Сигурно би отишла пак ова лето :)
    Еве и по некоја слика од плажите :D
     

    Прикачени фајлови:

    • IMAG0129.jpg
      IMAG0129.jpg
      Големина на фајлот:
      179,5 KB
      Прегледи:
      74
    • IMAG0230.jpg
      IMAG0230.jpg
      Големина на фајлот:
      387,5 KB
      Прегледи:
      72
    • IMAG0304.jpg
      IMAG0304.jpg
      Големина на фајлот:
      316,2 KB
      Прегледи:
      73
    • IMAG0325.jpg
      IMAG0325.jpg
      Големина на фајлот:
      185,7 KB
      Прегледи:
      70
    На Marmalade, kala21, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    4.347
    Сакаме да одиме во Агиос Никитас, но чудно ми е зошто се нуди само вила Спирос? Зарем толку нема избор? Ако бил некој таму, ве молам кажете искуство.
    За тие кои не биле со сопствен превоз, а биле сместени во Агиос Никитас, ме интересира колку плаќавте од АН до Катизма со автобусите кои врват таму?
     
    На macalavica му/ѝ се допаѓа ова.
  9. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.231
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Јас бев во Спирос и супер си поминав, блиску е до плажа, собите се како и сите соби во Грција по апартманите,има само 1 спална мала кујна и купатило ама чисто беше, крпи нема, носете си, постелнината ви е една за тие 7 дена, не ја менуваат.Има поглед малце на морето од тарасата.Сите куќи таму се слични една на друга.
     
  10. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.231
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Имаше автобус до Катизма, 2 евра, ама мене не ми се допадна.Милост плажата е поубава и до нема може да се оди пешки.Ние си изнајмивме моторче за 15 еур дневно и го проетавме цел остров, само Василики не стигнавме да го посетиме.
     
    На Feodora му/ѝ се допаѓа ова.
  11. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Оваа година сакам да одам на Лефкада во Василики.Дали е фамилијарно место?
    Се плаќаат ли лежалки на плажите таму?
    Пишете искуства
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. coconaut

    coconaut Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    2.562
    Пол:
    Женски
    Ние оваа година ке одиме во Агиос Никитас, на сопствена режија, вилата Спирос која ја нудат изгледа вака на клипов . За тие пари си најдовме многу поубава.
     
  13. BezglasnaBukva

    BezglasnaBukva Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    719
    Допаѓања:
    1.952
    Пол:
    Женски
    за на Лефкада, најнебитен е смештајот :) освен за тие со деца, разбирам сакаат блиску до плажа и сакаат нешто по средено. Ама за друштво и парови воопшто не е битен смештајот, затоа што верувајте само за спиење ќе бидете во смештај. Островот е толку убав и има што да се види што ќе сакате 24/7 да шетате :D
     
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    http://forum.femina.mk/threads/Лефкада-Грција.7196/page-4
    Еве ти мое искуство пред 3 год. Тие втори слики се баш од плажата во Василики
     
  15. wanderlust

    wanderlust Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2015
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    2.383
    Девојки кажете ми каде е подобро да си сместен на Лефкада, се мислам меѓу местото Василики (каде според мапава што ја гледам е побллиску до Порто Катсики) или Агиос Никитас (што е поблиску до Милос плажата) и дали ако бидам сместена во Агиос Никитас дали до Порто Катсики ке има тури со автобус или само со брод се турите?
     
  16. BezglasnaBukva

    BezglasnaBukva Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    719
    Допаѓања:
    1.952
    Пол:
    Женски
    Агиос никитас е 30км до Порто Кацики, а Василики е 50км :)
     
    На wanderlust му/ѝ се допаѓа ова.
  17. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Ќе изнајмувате скутер или автомобил? Пошто малку е зезнато, кај и да си, ако си само во едно место :| Искрено, јас и да сум сместена блиску до Порто Кацики, не би одела секој ден на плажа таму, само 2 пати би отишла. Иако е најпрекрасното нешто што сум го видела во живот, не ги одам тие скали секој ден на тој пекол, нема сила што ќе ме натера на тоа. Уште па со торби за на плажа, плус чадор ако носите....:| Островот е многу интересен и убав, и вреди да се прошета и да се види целиот. Јас лично би ти ја препорачала плажата Катизма, која е многу блиску до Агиос Никитас и е многу лесно пристапна, и Милос е блиску ако си таму сместена. Тури со бротчиња има, а за автобуси не сум сигурна, ние со кола бевме таму, ако знае некој друг нека сподели информација :)
     
    На BezglasnaBukva и wanderlust им се допаѓа ова.
  18. Miss.Sweet

    Miss.Sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    1.002
    Допаѓања:
    4.538
    Ние бевме преку Игуана - вила Катерина Василики и презадоволни сме. Супер организација, сместувањето екстра. Хигиената во вилата беше на високо ниво, секој трет ден ја чистеа собата. На убаво место се наоѓа - на 2 минути од центарот на Василики и 20 метри од плажа.
    Василики ти е добро место како база до Порто кацики се стига за 30 минути со кола, до Егремни за 20, Гиалос за 30 минути, Катизма и Каваликефта за 40 мин. Не ти препорачувам да ренташ мотор пошо е напорен патот и има бајаги угорници кои со кола едвај се поминуваат. Од Василики ти е блиску Агиофили до која се стига пешки за 30 мин. а со бродче за 10 мин. повратна карта е 6 евра. Ти препорачувам да ренташ кола во Алекс рент а кар на главна улица е ако ја земеш за поише денови имаш попуст и плус ако се ценкаш ќе те фати поефтино. Цена на лежалки по плажи е: Агиофили 7 евра, Кацики 8 евра, Егремни 6 евра без пијачки, а на Катизма со пијачка користиш лежалка. Паркинг се плаќа на Егремни, Кацики, Каваликефта, Катизма 3 евра за цел ден. Василики нема некој ноќен живот, мало местенце е со кафичи и кафани.
    Од сите плажи што ги посетивме највеќе одевме Агиофили затоа што нема бранови, потопла е водата и блиску е.
    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На wanderlust му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Јас ова лето сакам да одам во Лефкада. Па да ми препорачате некоја вила или агенција што сте биле, а да е блиску до плажата?
    Строго Агиос Никитас да биде.
    И какви се овие вила Katerina и вила Ionio? Бил некој таму?
     
  20. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Се наоѓа смештај во Агиос Никитас почеток на август лесно или не? И какви се цените на лице место? Се мислиме дали да резервираме смештај од тука или да бараме таму.