Ме интересира на диво ако си одиме без агенцииве дали ќе најдеме сместување и кои се цените отприлика за јули-август прашувам.
Најдобро е да си провериш преку booking.com и да резервираш сама, за да не ризикуваш. Инаку не е многу скапо, во споредба со другите острови е поевтино. Јас пред две години во сред сезона платив 200 евра за 10 дена со превоз. Лоши.
Јас не сум бил на Лефкада али планирам да идам. Имам пријател во една агенција е газда и го прашав баш за Нидри и ми кажа НИКАКО.
Планираме да бидеме сместени во Агиос Никитас, е сега ме интересира дали сите убави плажи( како Катизма. Прто Катцики, Милос и сл.) се со бранови или пак зависи од денот. И дали е одма длабоко?
Ние летово одиме на Лефкада поточно во местото Никијана, на плажата Лимни(хотелот се наоѓа на самата плажа Лимини)од агенција ни кажаа дека Милос плажата е многу блиску,па ме интересира дали тоа е точно.И доколку некој бил во Никијана нека ми го опише местото накратко.И ме интересира колку пари е турата со брод до околните острови.
Јас ќе одам на Крф поточно Ипсос. Ме интересира какво е местото, сместувањето, плажите, цените? Се што имате информација
Ние пред две години бевме на Лефкада и се воодушевивме и сега ова лето пак ќе одиме Најубава плажа без конкуренција е Егремни, само што има 350 скали за одење ама се исплати, дефинитивно На Порто Катцики е гужва, зашто е најпопуларна.. На Катизма имаше добри журки со диџеј преку ден. Бевме и на други плажи ама не ни оставија голем впечаток. Ноќен живот нема баш многу, само во градот Лефкас. И турата со брод беше ооколу 30 или 40 евра од човек, не се сеќавам точно. Како и да е, препорачливо е да се оди со кола, заради тоа што убавите плажи се оддалечени од населените места.
Здраво на сите. Бев решена да одам оваа година на одмор на Лефкада, но после се прочитано некако се предомислувам.. Имено, сакав во Нидри, но сега се размислувам за Агиос Никитас или некаде на краците сепак. Она што сакав да прашам за Агиос Никитас е дали Катизма е навистина блиску до гратчето и дали има тури за другите плажи од ова гратче или мора да се оди во Нидри? Исто така, дали во гратчето има продавници за храна и ресторани и која е отприлика цената?
Сакам да го споделам моето искуство со оние кои сакаат да ја посетат Лефкада. Бевме со сопстевен ангажман (со кола) на 20 јули 2014 година. Во Агиос Никитас баравме смештај од 8:00 до 12:00 претпладне и сите студиа беа зафатени и се сместивме во Каламитси (тоа е 5 км оддалечено од Агиос Никитас, а 18 км од градот Лефкас). За смештајот во Каламитси плаќавме 30 евра за 2 лица во студио на 1 ви спрат со мини кујна, WC, WI FI и со убав двор. Каламитси е мирно место и после 22:00 низ уличките глас не се слуша. Најблиска плажа ни беше Катизма (4км оддалечена од Каламитси, за со кола пред Copla Beach Bar не се плаќа паркинг ниту пак лежалка, само пијачка се плаќа, пред другите барови се плаќа паркинг 5 евра, а на некои пак лежалка 5 евра, значи само на Copla Bar- има и базен, не се плаќа ниту лежалка ниту паркинг). Kathizma водата на оваа плажа беше потопла за разлика од другите плажи пијачките беа 4 евра пиво Mytos. Porto Katsiki има околку 100 скали кои не се напорни, на плажата нема Bar, водата е грч ладна ( оддалечена 25км мислам од Каламитси), Egremni (околу 300 скали до плажа, оддалечена 30 км од Каламитси водата ептен многу ладна, значи неможиш да се бањаш, само да се сунчаш - само еднаш влеговме во вода (ладнооо), Gialos beach (се наоѓа на патот помеѓу Каламитси и Егремни, и таму водата е ладна и лежалка се плаќа 5 евра а паркингот е бесплатен). Во градот Лефкас бевме 3 вечери по ред, кола кола 2 евра, фрапе 2 ипол евра, во Лефкас има и Lidl). Прилично студена вода на сите плажи, не е препорачливо да се оде со агенција заради тоа што плажите се многу оддалечени, а Нидри и тие другите места се многу далеку од егремни околку 60 км. Ние пред да одиме на одмор ни кажуваа дека на островот се стигнувало преку подвижен мост долг 2 км, тоа не е точно мовчето е железно и подвижно и е долго 20 метри, на 10 км пред мовчето се плаќа патерина од 3 евра. Се оде и преку граничен премин Богородица и преку Меџитлија- Битола. Ние бевме преку Меџитлија. Ноќно возење, има многу тунели и тоа е тоа.
Баш ме зачуди со ова ладнава вода Ме интересира дали има големи бранови по плаживе, сосбено за Катизма и која е така најмирна? @Zorica pro
Па на сите плажи има бранови, и на Катизма има, само што нас ни беше најблиску повеќе на неа одевме. Инаку водата е многу ладна, не е како на краците. Неможиш да се опуштиш повеќе време да бидиш во водата. Јас планирам оваа година на Кефалонија да одам, ама како што видив нема ни таму организиран превоз на островот, а и водата исто е ладна и со бранови.
@coconaut Јас бев во август, водата не беше ладна, а на Катизма мислам дека најголеми бранови имаше, освен ако не сме биле до толку баксуз па да ни се погодиле така деновите На плажата во Аг. Никитас немаше бранови, на останатите големи плажи мислам дека имаше
@coconaut , @chamomile , @BezglasnaBukva , @Zorica pro , @kravce извинете вака што ве именувам, дали можеби имате контант од студијата каде што бевте сместени? Се двоумиме за лефкада и калитеа со дечко ми, па да опипме терен на двете места. Сакаме со своја режија со кола да одиме, но бидејќи планот ни е почеток на август се плашиме за сместувањето. Како се движат цените за студија/апартмано за двајца во лефкада? Ве замолувам уште еднаш доколку имате некаков нчин на комуникција со сместувачите пишете ми лп. Јас барав на booking.com но се е зафатено, или премногу скапо... Фала ви девојки
Јас сеуште немам отидено, ќе одиме во Stathis apartments vo Agios Nikitas, побарај ги на интернет ќе најдеш маил од газдата, инаку ќе одиме средина на јули, цената е 40 евра од вечер за студио.