Лефкада бев првпат минатото лето (на меден месец) и ми се ПРЕБЕНДИСА. Посетивме многу плажи, и диви и питоми и одушевена сум од природната убавина. Бел песок, тиркизна вода, преубаво. Особено впечаток ми остави Егремни и Милос (дива плажа). Се вози до островот, што значи може да се оди со сопствено возило (и поисплатливо е). На ниедна плажа не може без превоз да се оди, патиштата се тесни и како змија, но сепак го буди авантуристичкиот дух. Островот (како и секој друг грчки остров) е скап. Храната е вкусна. Има многу мачки, ама не се одзиваат на „мац, мац“.
Агиос Никитас е подобро. Поблиску е до Лефкас, и има Лидл на 10 минути. Во Нидри е пристаништето и водата е погадна. Во секој случај западните плажи се подобри.
Точно 4 км е Нидри подалеку од Лефкас отколку Агиос Никитас од Лефкас. А тоа не менува ништо. Плажата во Нидри и не е толку лоша. Градот е 100 пати подобар од Агиос Никитас. За разлика за таа од Агиос Никитас, таа во Нидри за неа е екстра. Лидл е поблиску од Нидри отколку од Агиос Никитас. Цел остров го знам на памет. Не може ништо да ми проникне. И на двете страни има убави плажи, а не само на западната.
Не ќе се тепаме сеа кој повеќе го знае островот или не. Ниту пак мерев на километражот дали имало 4 км повеќе или помалку. Според мене, плажата во Нидри беше грда, само ради пристаништето. И турата до Кефалонија не беше ништо посебно. Или можеби јас сум станала алергична на патување со брод!? Меѓу другото, откако си дојдовме дома, разбрав дека и водопади имало во околината на Нидри, па ми беше криво што не разбрав порано, а и никаде не видов знак дека има. Можеби тоа ќе ми го сменеше впечатокот за Нидри. Василики беше поживо за шетање, ама плажата не ме бендиса, особено не со тие едрилиците. Си кажав од лична перспектива, не ме тепај.
Добро де што се истепа. Во право е дека плажите на западната страна се поубави. Не велиме дека од другата страна не се, ама поубави се западните. И во агенција да одиш тоа ќе ти го кажат. Се гледа и по разликата во цените бидејќи во Нидри е поефтино сместувањето. Мене плажите околу Нидри не ме бендисаја воопшто за разлика од Милос, Егремни, Порто Кацики итн. Лефкас е блиску од двете страни. Агиос Никитас е супер и плажата иако мала е добра. Мало е местото да, но е блиску до Лефкас и ние бидејќи бевме со кола се изнашетавме на секаде. Сепак на крај е преференција.
Ти си друг тип. Ти сакаш градови со пристаништа, а јас сум друг тип. Водопадите Нидри се 1-2 км од градот. Лесно се стигнува до нив. Јас бев без навигација затоа што тој пат го нема на мапа. Прашував луѓе за до таму. Нема што да се тепаме. Нит сум за тоа. Василики според мене немаше ништо за шетање. Само Нидри и Лефкас ме бендисаа за шетање. Поготово Лефкас. Зошто бев многу блиску до него. А исто така бев и до Кефалонија, што и многу ми се допаѓаше турата.
Гледаш? Различни луѓе, различни преференци И не, не сакам градови со пристаништа. Доста ми е од пристаништа.
Ако сакаш можам и до утре да зборувам за Лефкада. Од западната страна само две плажи има. А од источната 50. Така да не можеш да споредуваш. А најубавата плажа се знае дека е Порто Катсики. Тоа не е од мене кажано. Туку на Трипадвајзор е рангирана меѓу 10-те најубави плажи во светот.
Или мојот компас не работи како што треба, или Порто Кацики е на југозападната страна од Лефкада. Нидри и Никиана се на исток.
Јас ниту спомнав каде се наоѓа Порто Катсики нито пак сакав да спомнам. Се однесуваше на други плажи.
Јас како што разбрав од странски форуми е дека патот до плажата Егремни е уништен од земјотресот. А до Порто Катсики не е уништен.
Јас бев лани. Плажата во Никиана не ја бива, но имаш една друга на влез во Никиана. Ќе ја видиш зошто се гледа од кола кога ќе ја поминеш. На сама кривина е, мала е во должина, има едно големо долго стубче во водата и дрва на плажата. Така ќе ја познаеш. Таму ти препорачувам да се бањаш. Ако сакаш повеќе инфо пиши ми во лп.
За на плажа најдобри се Порто кацики,Егремни,Милос i Катизма.Јас бев сместена во Нидри затоа само за плажите ти кажав.
Ovaa godina ke odam na Lefkada, sakam da se smestam vo Lefkas, pretpostavuvam kako glaven grad e najubav za setanje I iskacanje, sepak od iskustvo kazete mi nesto poveke za gradot.
Дали е подобро преку агенција да уплатиме или некоја од вас има некој приватен контакт за вила па да ми го пушти.