1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лефкада (Грција)

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од milickimk, 3 јули 2011.

  1. ubavi4ka

    ubavi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    8
    девојки дилемата ми е лефкада или хрватска, помош?
    Aј нека сподели некој што има искуство од двете места :!: :D
     
  2. veronikaveronika

    veronikaveronika Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    132

    Ако одиш до агенција на Лефкада ќе те однесат во Нидри, па ке треба со рента кар да патувате по 100-тина км дневно до убавите плажи.
    Хрватска е убава, но и тука зависи во кој дел на Хрватска сакаш да одиш и каков одмор сакаш.
    Генерално, ако сакаш плажи песок грција е подобар избор, ако си за шетање и убави градчиња( па и карпи ;) ) тогаш Хрватска.
     
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Бил некој во Василики на Лефкада? И да заклучиме, има траект кон Лефкада или само поминуваш низ тој подводен автопат? Ај хелп. Ме убедуваа дека се возеле со траект 1,30 сат :?:
     
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.101
    Ауч,годинава рент а кар Лефкада, 60 евра, моторче 35 евра (што според островот,и не го препорачуваат баш,бил ридест)дневно,од агенција доаѓам. Кој планира да оди нека си оди со кола најарно,а веќе кога го прави тој потег нека си најде приватно сам сместување. Јас си прашував за друг аранжман, ова го наслушнав од девојката до мене што прашуваше. Значително поскап остров од останатите Јонски. А 60 км дневно,па и повеќе бара пат до убавите плажи кои пак речиси и да не биле блиску до туристичките места,а најблиските биле откупени од српски,хрватски и италијански агенции,овие нашиве у некое село пикале.

    Инаку зависи,со автобус најчесто ги носат со траект,а со кола најчесто луѓево си одат преку подземниот тунел.
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Jас би ви кажала со кола- има што да се види ;) Hе е само патишта и асвалт.. :)
    ќе се изнауживате возејќи :)
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Јас сум била во Василики и се оди по подводен автопат. Преку агенции најчесто сместувањата се во Нидри, но тој град нема плажи, пристаниште е, само навечер е многу убав.
    Василики ти е мало место, фамилијарно, има убави плажи, цело селце е 2-3 улички. За убавите плажи се патува едно 15-20 минути, ама и плажите што се тука се супер.
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. veslamkajce

    veslamkajce Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    1
    Да ве прашам за ноќниот живот во Нидри. Некои викаат дека било пензионерско место, други дека имало дискотеки така да не знам што да мислам сега :) А до убавите плажи поблиску е од Василики?
     
  8. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Во Нидри се има, само пензионери нема. Сите се млади, имаш еден куп кафичи, за кои морам да те предупредам дека е доста скапо, а за дикотеките не сум информирана.
    Инаку да, до убавите плажи поблиску се иде од Василики, само во Василики забава не очекувај.
     
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Планирам со кола и не го сакам Нидри сите се горени што биле таму и затоа бегам јужно доле :) штојужние то тужније :) . Убаво аранжманче најдов за мали пари, хотелско сместување, нејќам апартман па да мислам за јадење. Чичко Гугл убави песочни плажи ми покажа таму па ќе видиме на лице места.
    Не очекувамнекоја забава, со дете (5год.) одам освен што ќе го возам до тие карпасти плажи па ако биде добар и на брод ќе го качам :)
     
  10. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Мене за со кола ми го препорачаа Агиос Никитас, тоа е горе во северозападниот дел, уште поблиску до убавите плажи
     
  11. ubavi4ka

    ubavi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    8
    па на кое место треба да си сместен за да бидеш блиску до двете најубави плажи без да патуваш со кола? хелп? :?:
     
  12. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Еве погоре спомнуваат некое градче во кое има плажа, ама е помирно место. Па ако сакаш да се прошеташ до некое поживо, пак ти треба кола. Според мене на остров не се оди без кола или без можност(возачка, пари) да се изнајми таму. Затоа лично јас и не одам, иако реално има најмногу што да се види, али тоа е. На некои острови има автобуси кои возат до одредени плажи одалечени 10-20 км, ама на Лефкада мислам дека убави плажи се многу подалеку од населените места и не знам дали има автобуски превоз. Нека ти пише некој со лично искуство, али искрено ако немате можност за кола поубаво да одите на Крф таму ми се чини има најмногу организиран превоз до плажите, на Закинтос исто од читање по форуми, автобускиот превоз е многу лошо организиран.
     
  13. ubavi4ka

    ubavi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    8
    епа помош од некогоо? дали имам минибуси или некој организиран превоз до плажите? во кушадаси тоа одлично функционира и е ефтино :clap:
     
  14. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.116
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Минибуси мислам нема , ама затоа има бротчиња кој секојдневно одат до убавите плажи те носат и враќаат ;)
     
  15. ubavi4ka

    ubavi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    8
    elcezelce , бродчиња? епа ако функционира така ок, и се исплати ли да одис секој ден со бродче до нив?леле а што страв имам од нив :?: за траект ми казаа не се патува со него, точное? :puke:
     
  16. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.116
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Не се патува со траект самиот остров е поврзан со копното со подводен тунел ,дали се исплати за бротчињата незнам пошто ние лани бевме со кола ,ама знам дека сигурно се исплати да се види островот преубав е !
     
  17. veronikaveronika

    veronikaveronika Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    132
    Агиос Никитас е најдоброто место за сместување на островот, но во сезона е преполно и сместувањето е поскапо. Јас бев во Василики, поевтино е, слатко, а и локациски релативно добро врзано со западните плажи.
    Според мене Нидри-ни под разно, плажите се предалеку!
     
  18. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    463
    Преку агенцииве наши најдов една многу убава понуда за Лефкада, поточно за Василики.
    Понудата е за хотел Аполон кој се наоѓа некаде веднаш до плажа.
    Да не сте биле случајно во тој хотел? :wasntme:
    Инаку како е во Василики...има ли маркет, ресторанчиња, како се цените...
    Читав дека на плажите во Василики има многу големи бранови, дека е погодно за сурфери...а јас ич не сум љубител на бранови :worried:
    Ако може некоја информација плус за Василики...
    фала :*
     
  19. veslamkajce

    veslamkajce Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    1
    Па да, можеби Нидри е далеку од плажите ама за млади е поубаво. Нормално дека сакам да искочам во некој кафич или дискотека. Епа затоа ќе патувам 2-3 саати до плажите :)
     
  20. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Подобро секоја вечер патувај во Нидри ако сакаш кафичи, отколку за на плажа да патуваш секој ден на 40 степени. За 3-4 дена ќе ги поминеш плажите и останатите денови ќе сакаш само да излезеш од апартман и да се џитнеш во море. Не се издржува секој ден.