Ако идеш во Василики немој на градската плажа. Има плажички кај хотелот Аполо тие се поинтимни, нема лежалки водата е поубава само нема песок.
За рентање е 40е од ден. Има големо крстарење до Порто Катсики, Егремни, Кефалонија, Меганиси, Итака, Скорпиос и е 20е. Има такси брод на секој саат до Агиофили и е 6е
Јас оваа година бев на Лефкада и сум презадоволна. Бевме сместени во Василики ,според мене мирно место убаво не е лошо и за шетање, е сега градската плажа не беше лоша ,едино едрилици има доста ,ама кога бевме што знам , си беше доста чиста водаата и кога те мрзи да одиш по 20 км до убавите плажи и на таа вреди да си седиш.Ние пошто секој ден одевме на различни плажи и кога ни дојде преку глава од возењето дали со брод, дали со авто си се бањавме и на нашата "градска плажа". За скапо,уопште не е скапо.Кафе на плажа 2 евра со лежалки и сунцобран,живо џабе. Е на овие други диви плажи нема кафиќи ама за одмор е супер. Јас сум многу воодушевена и од крстарење (посетивме Итака, Кефалонија,Скорпиос,пештерата не запомнив како се викаше,Егремни,Порто Катсики итн..) За изнајмување автомобил не е скапо 25 евра на ден,ние што изнајмивме , а инаку се по 40 мислам дека. Моторче од 10 евра до 20 евра на ден.(Само со моторот е поубав филинг ,ама се печеш на сонце) .По кафиќи кафе 2-3 евра ,пиво исто 3 евра кригла што мислам дека за разлика од краците е доста поевтино. Ги прошетавме и Агиос Никитас,Милос плажата,Лефкас главниот град -што мене ми свиѓа,интересен е . А водата што да кажам,Феноменална.Кога ја видиш кристално бела со белите каменчиња ммм..Сакам пак да се вратам,едино што нели Јонско море ,па малку поише солена ама ништо страшно. И се тоа што прошетавме -(заслужен одмор) не се потрошивме многу со дечко ми , си одморивме, се вративме полни со енергија во нашата мала Македонија П.С од плажите што ги посетивме најубави според мене се Порто Катсики,Егремни,Милос
Да, на Лефкада поминавме поевтино од Халкидики Фантазија остров, според мене најдобра плажа Милос само ќе се помачиш до неа ако идеш пешки , па Катизма . Порто Кацики ништо, ништо посебно , Егремни преценета . Другиве -Пефкоулија , Каламитци, Агиофили,Скала Гиалос потпросечни.... Освен може Мегали Петра....
Дали може некој да ми каже од Агиос Никитас дали има крстарење, или само од Нидри? Ако сме без кола и сме сместени во Агиос Никитас како би можеле да отидеме на крстарење?
Колку пари плати за крстарењето и со кој брод бевте , кое време тргнува и од каде и како можи да се резервира ако сме сместени Агиос Никитас... И доколку знаеш или некој знае да ми кажи колку пари е смештајот во Агиос Никитас , и како е бензинот и дизелот во Грција... ? Фала
Ние лани бевме на Егремни и преубаво е бевме и со брод и со кола ... значи пешки се стигнува до таму кога бевме ние минатата година само што треба да се оди по скалила кои се околу 300 + на број ... хахах знам лудо е ... меѓутоа не знам каква е состојбата со плажата после земјотресот ... лани беше преубава една од најубави плажи во Грција и на Лефкада после Порто Катцики
Од Агиос Никитас нема организирни крстарења, ќе мора да одите најблизу до Нидри со кола односно рент а кар, ние лани бевме сместени во Нидри и од таму е пристаништето и ако одите со на крстарење одете со Macedonian Palace бродот мислам дека турата е околу 10 -15 евра со вклучен ручек (2 суфлаки, грчка салата и лепче).
Да, лани се стигаше ама земјотресот ги има срушено скалите и голем дел е свлечен надоле... штета за плажата и мене ми беше една од најубавите
Ова година бев на одмор во Лефкада и си поминав преубаво. Плажите се рај! Бев сместена во Василики, мало и убаво местенце. Таму плажите не се којзнае што но интересното е што во тој дел сурфаат па баш кога отидов на тие плажи имаше една група дојдена од Америка која си правеше натпревар и беше многу интересно за гледање. Во близина на Василики има една мала плажичка по име Агиофили која е прекрсна. Таа плажа е најблиску, на 5-10 мин. е со кола меѓутоа патот е земјен, стрмен и делува опасно. Е сега проблемот кај Лефкада е оддалеченоста на местата во кои најчесто сите се сместуваат до најубавите плажи. Има плажи до кои потребно е да се патува и и по 1 час во еден правец но толку се убави што сето тоа вреди. Ги посетив прекрасните Порто Кацики, Милос, Мегали Петра, Катисма... Најмногу ми се допадна Катисма. Бев два пати. Првиот пат водата беше мирна и плитка. Но вториот пат таа плажа изгледаше сосема поинаку, како да не е таа. Имаше огромни бранови и да бидам искрена попрекрасно нешто немам видено! Мене ми беше проблем што јас се плашам од бранови а во Лефкада доста често ги има. А и водата не е баш плитка на убавите плажи. Според мене ова место е најубаво доколу се оди на одмор со друштво или со партнер. За со фамилија и мали деца не ми е некако. Што се однесува до ноќен живот, најраздвижен и најголем е главниот град Левкас. Останатите со помали и помирни местенца. Каде и да се сместите, до убавите плажи мора да се патува. Јас бев со кола и го превртевме целиот остров . Исто така во близината на Нидри има убави водопади кои треба да се видат. Цените се вообичаени. Има и тури со бродови околу островот но ова година ги прескокнав бидејќи со кола и онака ги посетив сите места кои сакав да ги видам. Се на се, од Лефкада донесов само најпрекрасни спомени! Секој кој што не бил, му препорачувам да ја одбере како наредна опција за одмор.
љубител сум на зимски спортови ама морето го сакам неизмерно.! Ама кога ќе прочиташ дека некој напишал пост за Лефкада....срцето ми се топи. Не сум имала поубав одмор во живот до сега...се беше прекрасно...бесконечната Катизма и рајското Порто Каѕики...топла...толла вода...рај...вистински рај!
А тие 10-15 евра за каде? Егремни или ... И ве молам кажете ми плажа која не е толку длабока а со ситен песок. Во Никиана ќе бидеме сместени. И која е ПОНТИ? На Василики ли се мисли?
Може ли да ми предложите место на Лефкада што има подобар ноќен живот и добра локација во однос на плажите?
Понти е на почетокот од Василики, гледано од западна страна ако се движиш, и според мене понти плажата е прекрасна ситна песок, плитка па после доаѓа длабока. Имаш маркет на 5мин од Поти во Василики со добри цени, рент а кар или мотор е ЗАДОЛЖИТЕЛНО препорака од мене Лефкада е величенствена, сака доста возење, мора да се прошета запад и истокот,еве јас еве сум женско, и јас возев низ цела Лефкада, луд доживљај бидејќи и мапите знаат да те прелажат и да те однесат по магарешки патишта. Буквално цела Лефкада ја пројдов, ама баш! Милос плажата на која се оди со бродче од Агиос Никитас ми е во срцево...планини од песок се простираат на неа, Катизма со прекрасите бич барови, Агиос Никитас е исто така многу добра локација за да се сместите, НИДРИ НИКАКО! Сите кажувате не знам на која основа дека Василики не бил за смештај, Нидри било подобро, ама баш обратно. Василики ме освои. Да одам пак би отишла таму или Агиос Никитас- какво синило има водата на тој дел, Порто Катсики...Рај. Нидри плажите се катастрофа, има ноќен живот ама плажи не! И ДА, Лефкада е поефтина опција за прекрасен одмор, дефинитиво! Ќе заборавев и на крстарењето Итака, Оназис, КЕФАЛОНИЈА..... Фантастично...
Ние друштвено планираме летово да идеме тука, најмногу ме интересира дали има многу бранови или? Малце имам страв од големи бранови а иам слушано дека може да има тука...
Ако може некој да ми одговори! Последниот ден на пример лани во Парга отидовме во камп поради тоа што има купатило значи може да се истушираш да се пресоблечеш уредно во гардероба. Имаше таму и ресторанче да ручаш нешто и да си тргнеш попладне за Македонија. И притоа плативме само за лежалки 5 евра а паркинг не плативме. И никој не ни правеше проблем за престојот дента. Е сега дали во Лефкада има таков камп или накај Превеза, Канали..... На гоогле мапс гледам има camping Kanali, Preveza, Hellas или Desimi Beach