Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лефкада (Грција)

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од milickimk, 3 јули 2011.

  1. malecko5

    malecko5 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    1.613
    Допаѓања:
    1.137
    Бил некој преку Магелан со турите што ги организираат (party boat trip) како сте задоволни?
     
  2. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.253
    Допаѓања:
    31.203
    Пол:
    Женски
    Еве неколку фотографии од Лефкада кои ги направив на последниов одмор и ми разбудија прекрасни спомени: :inlove:
    1. Порто Кацики
    P1080830.JPG
    2. Катисма
    P1080906.JPG
    3. Поглед одозгора, некаде во близина на Агиос Никитас
    P1080999.JPG
    4. Мегали Петра
    P1080893.JPG
    5. Василики
    P1080867.JPG
     
    На ♣ Alba Viduam ♣, Safira26, Acka22 и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.742
    Допаѓања:
    2.486
    Пол:
    Женски
    Еднаш и никогаш повеќе на Лефкада.Освен куќата што ја имавме изнајмено со прекрасен поглед друго ништо не вредеше.Ова е мое мислење.
     
  4. lilo

    lilo Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.293
    Пол:
    Женски
    А каде вреди според тебе? Нормално за наши услови. :)
     
  5. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.742
    Допаѓања:
    2.486
    Пол:
    Женски
    Пефкохори ми е најубаво.Имав и во таа тема пишано.
     
    На lilo му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Trxmx

    Trxmx Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2016
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    8.313
    Пол:
    Женски
    Ве молам некој да ми одговори:D
    Сум била во Лефкада но поодамна, 1ва средно(пред 6 год), го памтам местото колку беше убаво но бев со кола со моите родители.
    Сега сакаме да идеме со дечко ми летоска и главна дилема ни е дали да одиме со кола или со автобус. Он неќе да ја зима бидејќи сакал да може да пие пивце на раат а не да се секирал за колата па паркинзи па ова па она. Јас знам дека со моите прошетавме на сите плажи и дека беа доста одалечени и нема шанси да одам така без ништо. Греота е да отидеш до таму а да не изнашеташ.
    Значи прашувам дали некој знае за цена на изнајмување моторче или кола? И одприлика автобуска карта бидејќи сигурно има и автобуси?
    Фала ви однапред, се изнапишував јас:D
     
  7. Versace Btch 24

    Versace Btch 24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2017
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    1.233
    Пол:
    Женски
    Точно за местото не знам за плажите и се тоа, ама можам да ти помогнам за автобуси до Лефкада пошто знам бајаги за транспорт низ Грција особено со автобуси. Со еден автобус ќе треба да одиш од Скопје до Солун иако би ти препорачала да идеш со воз, јас и лани и годината пред тоа бев со воз и многу е интересно и авантуристички. Автобусот од Скопје до Солун особено преку лето е катастрашно според мене(гужви, нема клима ...)По летен возен ред за возови има сабајле накај 5 низ Скопје што поминува(од Белград трга) и обично до кај 9 10 сабајлето стигнува(освен ако има некои проблеми или како што беше задниве 2 години со имигрантите и цела таа ситуација, коа се идеше со воз до гевгелија па те собираат со посебен организиран автобус и те носат до Солун). Од Солун до Лефкада еве возен ред за автобуси за летово
    http://www.ktel-lefkadas.gr/?module=site__downloads&view=116&lang=en
    Во еден правец карта е 38,50 евра. Според мене грчките автобуси се супер, точни на време, со клима се секогаш. Се надевам ти беше од помош нешто од ова што напишав. :):)
     
    На Trxmx му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Trxmx

    Trxmx Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2016
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    8.313
    Пол:
    Женски
    Фала мила, не ти е лоша идеава. :l:Јас не напишав убаво, мислев на автобуси низ островот дали има за дали се исплати така повеќе за идење до плажи или пак да се изнајми моторче. Инаку преку агенцијата штп гледам за смештај имаат организиран превоз за 50€, така да океј е со цената :sun:
     
    На lilo му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Versace Btch 24

    Versace Btch 24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2017
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    1.233
    Пол:
    Женски
    Ааа е па чим е со организиран превоз ич не му ја мисли најубаво е така. Ја тука ти објаснувам некои авантури хаха :D:D
     
    На Trxmx му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Trxmx

    Trxmx Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2016
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    8.313
    Пол:
    Женски
    Ми се допаѓа што така размислуваш хаха
    Инаку јас сега се мислам дали да го натерам дечко ми кола да пали или таму да изнајмуваме... нека пише цени некој за кола ајдее :rofl:
     
    На Versace Btch 24 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.243
    Допаѓања:
    56.958
    Пол:
    Женски
    Каде планирате да бидете сместени? Ако сте во Нидри, автобус не ти се исплаќа. Не се сеќавам точно зашто не користевме, ама доаѓаше поскапо од моторче, плус ја немаш таа слобода. Моторче 10-15 евра дневно, џабе. Ако сте таму ќе ти пишам од кај да изнајмите, човекот беше ептен фер. И најефтин. :D
     
    На Trxmx му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Trxmx

    Trxmx Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2016
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    8.313
    Пол:
    Женски
    Преку агенцијата имаат за Василики, Нидри и Никијана. Наш избор е каде сакаме, така да уште се немаме одлучено
     
  13. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.243
    Допаѓања:
    56.958
    Пол:
    Женски
    Никијана е многу досадно место, нема ништо таму. Василики - убавите плажи ти се поблиску, но местото е пак досадно. Нидри е многу интересно местенце. Нема убава плажа, па моторче е задолжително. Ама и поубаво затоа што имаш шанса да го прошеташ цел остров. Дење не бевме воопшто тука, а навечер местото добива живот. Мене ми беше пресимпатично селцето.

    Поубаво би било само во градот Лефкас, можеби. Ама кога би одела пак, пак би го одбрала Нидри, навечер ми беше попријатно отколку во Лефкас. Тој што бил во Агиос Никитас, ќе ти каже Нидри никако. :D Секој со своето.

    На западната страна сместувањето е супер зашто плажите ти се тука, ама па навечер таму нема што да се прави. Вака или онака, моторче или кола е задолжително за на овој остров.
     
    На Trxmx му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Trxmx

    Trxmx Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2016
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    8.313
    Пол:
    Женски
    Фала ти на многу на одговорот, таман бевме во мисла сега можеби полесно ќе се одлучиме:lol::*
     
  15. LoveHope

    LoveHope Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2015
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    4.172
    Пол:
    Женски
    Со кола е најубаво дефинитивно.Ама зависи како ви е замислен одморот. Во право е феминката што ти пиша,секој си кажува од свое искуство. Ако си отиден да се прошеташ и да ги видиш плажите со кола оди си кога сакаш и каде сакаш. Ма плажа пиј пиво,ќе ти испари додека да си одиш.Ние бевме Катизма сместени,навечер шеткавме агиос никитас ама цел ден по плажи кога ке си дојдиш ке сакаш да одмараш... Западната страна е со плажите Според мене тоа е богатството на тој остров.Со кола кога сакаш и кај сакаш одиш и кога сакаш тргнуваш. Ние само два пати плативме паркинг во нидри кога одевме на крстарење за на сигурно и под сенка да р колата цел ден инаку по плажите не плаќавме,ебаго ќе одиш 50м подалеку не е проблем. Уште сто лета сакам да ги поминам таму <3
     
  16. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Здраво, во јули ќе одам во Лефкада, сместени ќе бидеме во Нидри. Сите јаки плажи се од другата страна од Нидри, но ќе идеме со кола па во план ми е да ги видиме сите најпопуларни плажи.
    Дали може да ми препорачате некој ресорт или хотел/вила, каде што има бар и базен и поглед на море и е дозволен за посетувачи да одат на пијачка? Фала
     
  17. a.nuska

    a.nuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    65
    Здраво...лани дилемата беше за лефкада или закинтос и бевме закинтос ама оваа година сакаме лефкада...гледав за сместување вила ионио мислам беше е сега дали има таму од каде да се рента кола и на кои плажи има барови и лежалки за да знам да бидам спремна не да се печам цел ден без чадор...и последно многу сакам да летам со параглајдер на кои плажи има и која е цената ако некој знае...и дали ми е добар изборот на сместување кажете ми каде е најдобро...
     
  18. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Феминки, ве молам да пишете корисни информации од типот - пристап на плажите во Лефкада.
    Егремни нема пристап после земјотресот, најубаво е со такси на вода или бродче.
    Како е ситуација за другите?
     
  19. malecko5

    malecko5 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    1.613
    Допаѓања:
    1.137
    Ќе бидеме сместени во Нидри, па ако може да ми кажеш каде да изнајмиме моторче за 10-15е?
     
  20. Stories

    Stories Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2015
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    1.514
    Пол:
    Женски
    На сите други пристапот е лесен со кола,освен до Милос, пешки по планинче, ама не е страшно вреди да се види,само избегнете жешки саати за пешачење и обавезно чадор,нема ни дрвце ни ништо на плажата.Плажата од Агиос Никитас супер,Порто Кацики топ,рај, на места се вози низ тесничок пат, ама нас ни беше уживанција,некаде низ шума,некое селце убаво. Катизма исто преубава и голема,плажата на Василики ја видов приквечер само еднаш, па не знам точно,имало многу сурфери велат, има и други диви убави плажи што се супер,е сега некои лесно се наоѓаат,за некои треба да ве упати некој.
    Ти праша за пристап јас се занесов ти пишав и какви се,може си била веќе,:) небитно,пристап има после земјотресот до другите.Има и до Егремни ама треба да слегуваш по разурнат пат еден саат,а за нагоре сигурно повеќе.
     
    Последна измена: 6 јуни 2017
    На MissSpark му/ѝ се допаѓа ова.