Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лефкада (Грција)

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од milickimk, 3 јули 2011.

  1. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.239
    Допаѓања:
    56.952
    Пол:
    Женски
    Спирос ќе го барате. :D
    Ќе се сетам на фирмата и ќе ти пишам утре. Ако заборавам танги ме пак, ОК? 12 евра беше. Последните денови ни ги наплати по 10, а еден ден ни даде и гратис. :D Префин беше човекот. Е, ова беше крај на сезона, втора половина на септември. Во јули, август не знам дали ќе се тие цени.

    Има еден човек што се плетка во Македонците што доаѓаат преку агенција, Јовица се вика. Ништо да не му верувате. Тој кажа дека оваа и една друга фирма се најскапи и не даваат осигурување, а сосем обратно испадна. Всушност, не му давале процент за препораки. :D Истиот тој ќе ви предлага и тури до Катизма и крстарење со брод. Мој предлог ви е да изнајмите моторче и да терате сами. Турата за брод исто сами, ќе си одберете тој што ви се допаѓа.
     
    На malecko5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. malecko5

    malecko5 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    1.613
    Допаѓања:
    1.137
    Фала.. Уплативме преку магелан за турата party boat trip и имаме во цената крстарење еден ден..ако знаеш некој што бил и како поминал пиши ми :)
     
  3. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Ние мислиме да одиме на крстарење еден ден со MS Christina. Поскапо е од другите тури, ама преубави искуства прочитав на трип адвајзр. Фала многу @Stories за одговорот :)
     
    На Stories и LivingGlam им се допаѓа ова.
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.239
    Допаѓања:
    56.952
    Пол:
    Женски
    Преубав е Кристина, а уште поубаво е со Одисеј. Капетанот (Герасимос :D ) е презабавен. Видете ги двата пред да одберете. Навечер се отворени за посети, може да разгледате и да си купите карта.
     
    На ines.h и MissSpark им се допаѓа ова.
  5. Stories

    Stories Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2015
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    1.514
    Пол:
    Женски
    Нема проблем.
    Крстарењето е нешто посебно,преубаво.И ич да не ги жалиш парите.;)
     
  6. malecko5

    malecko5 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    1.613
    Допаѓања:
    1.137
    @LivingGlam Дали се сети на фирмата за изнајмување моторчиња?
     
  7. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.239
    Допаѓања:
    56.952
    Пол:
    Женски

    Не, жалам. :(

    Барав и на мапи, ама немав многу време. Ќе пробам пак подоцна или утре.

    Сите фирми се на истата улица, не таа покрај морето туку другата главна (две се). Ќе прашате кај сите пред да изнајмите.

    Ова беше пред црквата (кога одиш од Никиана кон пристаништето на Нидри, од тој правец сметам), од лева страна. На спротивната страна има банка.
    Ќе пробам на мапа, појасно ќе ти биде.

    Едит - Мото Центар се вика. Еве го.
    1..png
    2..png
     
    Последна измена: 9 јуни 2017
    На Acka22 и malecko5 им се допаѓа ова.
  8. malecko5

    malecko5 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    1.613
    Допаѓања:
    1.137
    Фалаа многу
     
    На feministka12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mila2013

    mila2013 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    0
    Zdravo. Moze mene da mi isprat
    Здраво. Може да ми кажеш како се викаше вилата кај што бевте сместени. Фала ти пднапред
     
  10. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    7.904
    Здраво :) Прво да прашам има некој отидено средина на септември? Дали е топло? :)
    Потоа ако може да препорачате место за сместување? Ноќниот живот и не мора да е нешто посебен, поважно ми е да има местото плажа добра (да не мора секој ден на изнајмуваме скутерчиња) и исто да буде поблизу до некоја од поубавите плажи или да има бродови што прават тури :)
    Ви благодарам однапред
     
  11. ^angel^

    ^angel^ Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2015
    Пораки:
    680
    Допаѓања:
    1.264
    Пол:
    Женски
    @mila2013, пoвели линк:
    http://www.greenvilla.gr/index.php?newlang=english
    Имa и бaзен инaче не сум спoмнaлa, еве и пoсле Крф и Ситoнијa сè уште ми е нaјубaвa Лефкaдa и едвaј чекaм пaк дa oдиме, вo истиoт смештaј дефинитивнo. Ние бевме вo септември нaјубaв периoд е, немa гужвa тoлку мнoгу, вoдaтa пoтoплa, a нa плaжa пријaтнo.
    Пoзз и убaв oдмoр
     
  12. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Како е со паркинг во Нидри? Негде прочитав дека после 7 се затвора главната улица за коли и е слободна само за пешаци. Тоа би го отежнало одењето по плажи од другата страна на островот. Ако има некој информација дали има паркинг кој не се плаќа/ или па да се плаќа - која е цената, би било супер да ја сподели
     
  13. mila2013

    mila2013 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    0
    Ти блaгoдaрaм мнoгу. Пoздрaв. Убaв oдмoр и нa вaс. Секoе дoбрo
     
  14. lilo

    lilo Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.293
    Пол:
    Женски
    Девојки се врати од Лефкада пред една недела. Си поминав супер. Нели после секој одмор впечатоците се најсвежи па си велиш овде најубо поминав но стварно е овој пат најубаво.
    Бевме сместени во Никиана и тоа некаде доаѓа насредина од Дефкос и Нидри. Значи 8 км. измеѓу двата града од прилика. Така да еднаш навечер излегуваш на едното место еднаш на другото :). Само да напоменам плажите се тука супер. Градската плажа на почеток од обалата е со ситен песок а понатаму со каменја. Но внатре во водата е песок. Има и други помали плажи. Местото е помалечко но мене многу ми се допадна. Кога повторно би одела пак таму би се сместила.
    Е сега вака. Бевме на Катизма убава плажа со прекрасна боја но подлабочка.
    Агиос георгиос многу како стрмно, јас такви несакам. И воглавно како за парови а не за со деца. Од таа страна плажите се нормално поубави но тоа се само плажи зависи кој што сака. Јас сакам пример кај што сум сместена да ми е колку толку како гратче и да има плажа.
    На Егремни и Порто Кацики бевме со брод Македонија Палас. Турата беше и до Кефалонија Итака и Скорпионс. Мислам тие плажи се од бајките излезени. На Егремни се капевме а Порто Кацики се доближавме да сликаме и кој сака може да се искапи но то
     
  15. lilo

    lilo Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.293
    Пол:
    Женски
    Но тие се една до друга па затоа и никој не се искапи. Во Кефалонија во Филомени мислам се викаше гратче-мини имавме време за прочетка-кафе-слатки без шеќер по тоа било познато. Единствено во Итака не однесоа само на плажа и поради тоа што имаше бранови бродот застана во вода па кој сакаче се капеше не отиде на обала. Јас тука се разочарав мислев островот е не Одисеј па ќе ни покаќат некој споменик и сл. Исто влековме и во една пештера за сликање и кај скорпион имаше капење. 20 евра е на брод со ручек. За деца 10 евра без ручек.
    Бевме во Ресторан РАХИ во Егзантија стварно нешто преубо. Прочитав на форумиве дека ѓабе да одиш на Лефкада ако непојдиш таму и да знаете стварно е така. На секој му препорачувам да појде. Прекрасно зајдисонце.
    А MissSpark за Нидри се затвара улицата во 19 но ние се паркиравме пред рампата и таму беше бесплатно. Веднаш е тука не е далеку. Е имаше и еден српски кафич во Нидри и таму бевме келнерката од Скопје. Српска музика пуштаа а по полноќ англиски.
    Бевме еден ден до Василики и се капевме кај Понти таму е песок поубаво е. На враќање поминавме во Poros таму беше со бел камен но прекрасно залифче. И камп Десими тука водата беше бања топла и поситен песок ама и камчиња во кафеава боја.
    Сепак убаво се си беше. :sun::)8)
     
    На MissSpark му/ѝ се допаѓа ова.
  16. maja.maja.maja

    maja.maja.maja Активен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2016
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Ми требa инфoрмaцијa дaли некoј вo Agios Nikitas бaрaл сaм сместувaње вo студиo зa двaјцa, вo периoд oд 06.07 дo 16ти и кaкo се движaт цените? Ве мoлaм зa искуствo :))
     
  17. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    2.531
    Пол:
    Женски
    Девојки, освен Порто Кацики, Егремни, Катизма и Милос, кои други плажи вреди да се посетат?
    И вечерните забави на плажа кој ги организира?
     
    На malecko5 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. lilo

    lilo Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.293
    Пол:
    Женски
    lefkada-beach-map.jpg
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  19. lilo

    lilo Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.293
    Пол:
    Женски
    Оваа Mikro Jalo ти е у ствари Desimi, прекрасно е тука. Агиофили била прекрасна но ние не отидовме поради патот 2 км. неасвалтиран. Но од Василики може со бродчинја за 5 евра. Требаше така да направиме но ние дента останавме во Василики. Убаво е и Десими и Пефкоулија.
     
  20. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.253
    Допаѓања:
    31.203
    Пол:
    Женски
    Мегали Петра и Каваликефта се веднаш една до друга, има карпи и бранови, за бањање не се баш ама се рај за очи, прекрасни се. Исто така Агиофили е многу убава, патот до неа е доста лош но блиску е до Василики, може дури и пеш да се стигне.