Здраво женски. Гледам некои понуди за Лефкада од 26.08 па да прашам дали некоја од вас била во тој период, крај на август/почеток на септември? Какво е времето и водата тогаш? Конкретно гледав понуда за Василики, во вила близу Понти Бич пишува. Дали имате искуство со ова место, да ми кажете нешто повеќе? Има место за крпа/чадор или мора на лежалки цело време? Кои се цените отприлика? Дали има некои кафулиња за вечерни прошетки? Немаме кола, ако одиме на Лефкада би било со превоз од агенцијата, па да прашам дали има некои локални автобуси што одат до другите места? Кои ги препорачувате? Фала однапред.
Ние бевме од 6ти септември, супер поминавме. Василики бевме само еднаш, убаво е, ама на Лефкада не се оди заради Василики, барем според мене. Има многу едрилици, и пристаниште. Има локален превоз на Лефкада, како е организиран точно не знам, можеш да се водиш по оваа табела http://www.all-about-lefkada.com/info/bus.php
Убаво е на плажата.Можете и до Агиофили да одите. Василики е така малечко но пријатно место. Има кафичи неколку таверни, за сувенири и по некој бутик. Но патот од Нидри до василики е како кога ќе одиш на Стража. Па нема да одите до Лефкос и Нидри често. Јас ако немам превоз би се сместила во Никиана. Па макар и во Нидри. Скутерчиња се 10-15 евра на ден. Во јуни беа 40 евра за 7 дена. Само сега сигурно е поскапо. А од Понти до Василики се оди пеш. Споено е. Само местото е за едрење. А лежалките беа слободни само да си нарачаш пијачка. Во Понти е песок а накај Василики како што одиш е камен. Подобро за плажа е дефинитивно Понти
Фала за инфото женски. Пошто немаме одено на Лефкада, баш затоа и прашав за совет. Да гледам сега аранжмани за Никијана или Нидри значи. Ај да побарам, па ако треба пак ќе ве прашам нешто
Плажи има на секој чекор една од најубавите е Porto Katsiki, а продавнички во центарот на Лефкада и градот Нидри.
Ред е и јас да пишам Да почнам со патот, одевме преку Гевгелија по автопатот, се исклучувате десно за Гревена, потоа ги следите знаците за Јанина, па Превеза, па Лефкада. По пат има 4 патарини, првата е 1,20 евра, втората и третата се по 2,40 евра и последната е после тунелот кај Превеза и е 3 евра. Вкупно 9 евра за патарини во правец. По пат (мислам дека почнуваа после Гревена) има 60-тина тунели. Натаму ги изброив 59, наваму 61 . За снаоѓање е многу лесно, но патот е малку напорен бидејќи нема многу места за застанување. Бевме сместени во Нидри на главната улица, веднаш позади ни беше плажата. Солидна плажа со малку матна вода од време на време (зависно од гужвата) и без бранови. Многу продавници за сувенири и многу таверни. На пристаништето цените се малку поскапи. Пиво околу 3 евра, гирото исто толку. До Порто Кацики од Нидри има околу еден час возење, преку Василики. Но, патот е убав и широк. Плажата е целата со каменчиња и има место и за да си ставите чадор. Лежалки не земавме и не знам која е цената. Паркингот беше 5 евра. Горе во продавничките фрапе беше 3 евра, еспресо 2,50 евра мислам беше, шише вода 1,5 литар беше 1,50 евра. Инаку, малку погоре има ресторан и за одредена сума (мислам дека беше над 8 евра) имаат нивна достава на плажа. На Катизма бевме преку планина патот на места широк, но на места доста тесен и имаше одрони, така што ако некој оди од овде внимателно . Лежалките се 8 евра без пијачка, паркинг 5 евра. Има бранови и е подлабочко, исто како и на Порто Кацики, но овде плажата е песочна, а пред водата е каменчиња. Микрос Галос најмногу ми се допадна. Плажата со поголеми каменчиња, ама водата стакло, многу чиста и без бранови. Некој имаше споменато дека имало многу оси, да, видовме, ама една-две, нема место за паника . Е овде имате голем и бесплатен паркинг. Каваликефта исто многу ни се допадна, чиста и малку потопла вода. Од плажа многу и нема, бидејќи има многу карпи и надвор и во водата. Инаку е за нијанса поплитка во споредба со првите две. За паркинг овде е малку потешко. Има еден помал бесплатен паркинг од десна страна и еден што се плаќа од лева. Патот надолу е катастрофа, тесен и со многу кривини. Ви советувам да одите по главните патишта, бидејќи се подобри и пошироки. Неколку километри повеќе не прават проблем Морам само да напоменам дека во Агиос Никитас е невидена гужва Во градот Лефкада исто многу тешко се наоѓа паркинг. И овде имате многу таверни на шеталиштето, многу продавници за сувенири, облека... Не го испуштајте ресторанот Рахи во Егзантија. Овде го имате најубавото зајдисонце, иако и она над Порто Кацики ми беше прекрасно . Ако сакате место во ресторанот одете околу 6 часот, бидејќи има многу гужва и се чека на листа. Има и бар, овде фрапето беше 2,50 евра, пивото 3 евра, коктели од 8 евра нагоре. Цените за нијанса поевтини од градот Лефкада. Пола литар вино 4 евра, грчка салата 5 евра, пилешка шницла 7 евра, пиво 3 евра, леб 1 евро. Во Лефкада цените се за околу 50тина центи-евро повисоки. На крстарење бевме со Македонија Палас. Убав и голем брод, но не застанува на секоја плажа, само на Егремни. На другите застануваше на 50-100 метри од брегот. Фискардо е убаво градче, но поскапо. Слатки да си пробате овде Долг пост, можеби на некој ќе му биде од корист
Би сакала да добијам информација колку е скутер, квадрицикл или кола за изнајмување во септември во Лефкада , колку се движат лежалките и цените општо ? Јас сум била во Нидри во јули месец ама пошо бевме со кола немавме потреба за изнајмување. Цените беа солидни , а плажите рај на земјата
Бев сега во јули во Нидри и скутер беше 15е од ден а ако изнајмите за повеќе дена даваат некој попуст но мора да имате возачка А категорија.
Многу е убаво а и водата е супер само што има некои плажи со големи бранови така да не е баш погодно за мали деца таму ама може слободно да се бањаат на плажите на Агиос Никитас или Нидри
Здраво, сакам да прашам некој кој бил во Лефкада. Се мислам помеѓу Катизма, Нидри и Никиана. Според вас кое е најдобро место со убави плажи и море со чиста вода? Благодарам...
Катизма ако си со кола.. Секако ќе мора да шеташ со кола по плажите, скутер баш и не препорачувам Освен нели..ако одиш за да седиш на една плажа без врска..
Здрвоо, да прашам. Според вас кое место е подобро со поубави плажи и море (помалку бранови), Канали (Јонски брег) или Катизма (Лефкада)?