Водата е супер,температурата нормална...ама мој совет ако сте во можност со кола да си одите...има мнооогу убавини да се видат,а кај и да одиш мораш со превоз,и ако ренташ кола ќе те кошта цело богатство,мислам 30-35€ беше дневно коа бев јас за повеќе денови нешто попуст имаше,мотор е поефтино ама ако немате искуство не препорачувам...иначе јас бев со сопствен превоз и кога напраив математика искочив у ќар едно 300€ минимум,е сеа јас бев пред 4-5 години...
Не ми се крши кола низ овој остров, не дека не вреди, туку сепак се 10 дена во праашање, а и понудата (цената) со вклучен превоз е топ најискрено. Како и да е, уште сме во анализи, скоро секој ден се менуваме со одлуките, но Лефкада е сериозна опција. Совет за помирна плажа, совет за плажа каде нема големи бранови?
@Rubiii на Јонско секогаш има бранови, барем од мое искуство. Сега видов, превоз до Лефкада е 50 евра. Рентање е 30-35 евра, за повеќе денови можеби ке ви спуштат цена, ама повторно ке е 250+ евра.
Дива,голема со нај топла вода ама и потешко достапа Milos beach,плажата е огромна а има се на се 15 луѓе така да можете да се сончате и во друго издание ,иначе јас кога бев одев на 2 плажи дневно за да посетам се што можам...
а да си блиску до плажата во кој град е најубаво да се сместиш ? и дали е поубаво парга или лефкада ? да има за шетање бутичиња маркети и слично
Значи овде правиме моабет за Лефкада а не за Парга,иако се во близина.На Лефкада е според мене најубаво и по мирно во Василики,е сега добро е и Агиос Никитас и секако Нидри...кога јас би бирал би одел во Василики. Да се разбереме,Лефкада без возило и без да ја прошеташ цела не е тоа тоа,џабе одењето ако дремеш на едно место,ако не мислиш да шеташ подобро Парга
Здраво, дали знае некој за плажата Егремни дали е пристапна за со кола, дали е санирано нешто после земјотресот?
Девојки каква е вила спирос и вила маргарита во агиос никитас? Само тие две вили во агенцииве ги има.И случајно некоја од вас да не има број од друго студио во Агиос Никитас?
Ние бевме во вила ionio така се викаше мислам,презадоволни. После агиос никитас на самата кривина за катизма еи. Убавината е во плажите во Лефкада,очи и душа да одмориш...
Јас бев лани на Лефкада во септември .. и дефинитивно и оваа година здравје ќе одам на одмор во септември пошо поубаво не сум поминала никогаш . Бевме сместени во Василики , вилите си имаат лежалки слободни на плажа , кола 30 евра од ден , скутер 10 евра од ден со 3 евра полн резервоар го заобиколуваш цел остров ... Водата милина , плажите се чудо , авантуристички остров кој стварно вреди да се посети ❤
Ние планираме да одиме на 8 август, ако има некој заинтересира да се пријават како 3то и 4то лице да поделиме трошок..
Каде е најдобро да си сместен во лефкада според вас и дали има прегоеми бранови,дали е одма длабоко односно дали е за мали деца? Благодарам
Во Нидри плажата е баш за мали деца, плитка и мирна, без бранови. Другите плажи се со бранови, но мислам дека на Катизма се најголеми.