Да, има плажа. Тие што се подалеку се Порто Кацики, Катизма, попознатите. И на Микрос Јалос имаше многу со деца, овде водата е најчиста, со каменчиња е. А и блиску е до Нидри.
Девојки ако може еден совет. Планираме да одиме Лефкада ова лето. Кое место би го препорачале за сместување. Битно ми е и навечер да има кај да се прошета да не седиме во хотел и да играме карти :/ Со кола ќе сме па планираме да ги посетиме убавите плажи, но да не мора секој ден да возиме по еден час за на плажа. Значи некое место што би било идеална средина на овие желби
Јас бев пред 2 год во Агиос Никитас. Преубаво место, мирно и во близина имаш убави плажи. Фаворит дефинитивно ми е Милос, а и Пефкоулија беше фина. Таа е на 10тина мин со кола. Исто и градската плажа не е лоша. Имаш во селото таверни и кафиќи за излегување и сл. Ако сте со кола Лефкас ви е на 25-30 мин од Аг.Никитас.
Ме интересира за Никијана и Василикис кое е подобро место, значи ние одиме со агенција не одиме со автомобил па ме интересира дали во самите места има кај да се прошета барови, таверни, бутици или мора да се оди во Лефкас само, не дека бараме дискотеки одиме со дечко стварно да одмориме али да има кај да излеземе на вечера да прошетаме? Имајте убав ден
Ако идете у Василики и ако идете во студио барајте Илиос на 5 метра од море е и има малечка убава плажа пред него
Има сѐ. Бутици,ресторани,пекари,маркети,рентње коли мотори едрилици...се што сакаш има. Само морате да си рентате превоз(кола или мотор) за шетање по плажите,затоа што грев е да одиш на остров и да седиш на едно место. Ако имате можност препорачувам со кола да си одите. Исто така има крстарења со брод до кефалонија,итака и по плажите ,те носат со бус до нидри и од таму трга бродот
Predlozete privaten smestaj vo Agios Nikitas, nasive agencii samo 3 nudat no ne mi odgovara datata.. fala
Еве ти бројче од една фина вила . Со убав голем паркинг . Одлично ви-фи . На Катизма . Девојчето се вика Марија . Има вибер .еве ти бројче 00306976389748 Апартман за двајца во ек на сезона беше 40-45 евра . Ние бевме крај на јули лани
Извини, случајно да имаш грешка во бројчево? Пробав но, вика дека нема вибер и не сака ни да ѕвони...
@Bubce38 и јас сум заинтересирана, може ли да ми кажеш од кај е девојката Марија да знам на кој јазик да и се обратам? грчки, срб. анг?
Гркиња е . Ама зборува англиски . @babygirl123 моментално не сум во МК. Да се вратам во вторник ќе проверам дома . Да не сум утнала нешто во бројките . Со сигурност имаше Вибер ,потшо комунициравме така неколку пати