И јас ги видов, не беше некоја многу позната агенција мислам, пиши на гугл василики лефкада 2012 и ќе ти отвори. Понудата е евтина, ама се зависи од тоа каков доручек и вечера ќе добиеш, на крај може храната да е невкусна и пак да мора да даваш пари плус
Да во право си, ама не мора секој ден да идам на некоја од тие плажите. Некогаш ќе останам на плажата во Нидри. А инаку да те прашам има бротчиња до тие плажи или само со кола или моторче се стига?
^^ Веќе ти пишаа дека во Нидри НЕМА плажа. Биди внимателна, немој на крај да уплатиш на погрешно место од она што си го замислила. Значи Нидри е најживо место јас како што сфатив, но нема плажа. Другите местенца се помирни, ама имаат и градски плажички. Убавите плажи се како и да е 30-50 км одалечени од населени/туристички места.
Колку фина понуда! Јас и дечко ми се мислевме меѓу Лефкада и Закинтос и го одбравме Закинтос, токму поради тоа што во Лефкада мораше да се патува секој ден до плажа. Ама еве гледам дека имало агенција каде што нуди место каде што има во близина плажа (иако баш и не близу ама може да се изоди пешки). Ама ајде следната година ќе го имам предвид ова местенце.
И едно многу индивидуално прашање, ама колку пари се доволни за да се помине скромен одмор, без да се стискаш ама и да не се расфрлаш?
jesicaalba , епа и јас се мислам сега за лефкада, читајки по форумиве некако се мислам..преку која агенција ке одис ако не е тајна и што ти рекоа за закинтос како е организиран превозот таму?
Вака ќе одиме преку Пет агенцијата во местото Лаганас. Вилата е на двесетина метри одалечена од плажата.Од искуства ми кажувале дека плажата е убава, долга, песочна, така да не планирам многу да се рашетувам на другите плажи освен на Навагио.А за автобусите ми кажале дека има до други плажи но не бил редовен, доцнел. Инаку оваа понудата што ја имаш постирано за Лефкада е привлечна.Ако сеуште се двоумиш дали Лефкада или Закинтос прашај некој што бил и на двете места.Поздрав.
Не не грешка си убаво си пишува: Цените во табелите се дадени во евра по лице, за 7 и 9 полупансиони со вклучена цена за автобуски превоз во пакет аранжман, a плаќањето е исклучиво во денарска противвредност po курс 61,80 мкд. А пишува: Само автобуски превоз чини 65 евра за возрасни или 45 евра за деца до 12,99 години Се надевам ти разјаснив.
абе за аражман убав ке најдеме, но работата е што сите се за во нидри ке мора да му ја мислиш секој ден за превоз ако си со автобус ако има уште некој што бил таму нека сподели искуство
Јас не сум била ни таму, ни таму, ама од искуство на познаници и пријатели без кола на Лефкада е невозможно на некој начин, дури и со кола е малтретирање да возиш секој ден по пола саат, а не па со автобуси, бродови кои уствари и ги нема до сите плажи. Сепак на одмор идеш прво и основно ради море и плажа, така да мој совет ти е Закинтос, некако се е поблиску и поорганизирано е. Плус има ете места во кои има и забава и пристојна плажа
Значи ако одиш на остров секако мора да ренташ нешто.Како што гледав Василики е поблиску до УБАВИТЕ плажи значи ако одите со дечко како пар мислам доволно ви е моторче секако тие плажи се 5км максимум оддалечени што значи и нема парите за гориво да ви отидат а и да се повеќе оддалечени не се како од Нидри ПЛУС видов дека од василики се вршат крстарења и се оди секој ден до Кефалонија а и Василики има задоволителна плажа.Ако оДиме според некоја логика таму одат парови значи ви треба одмор и тоа да бидете сами сигурно нема секоја вечер да сакате да испаѓате после печењето на плажа.Во Нидри има живот ама плажа ЈОК.ПА ВИДЕТЕ ВАС ШТО ВИ ТРЕБА.
толку бев загреана за лефкада, ама сега се мислам, многу пари ке ми отидат секој ден да изнајмувам мотор и да одам по плазите, поубаво е кај што си сместен да ти се плазите а и заморувачко е да патуваш по нив
Девојки,ај вие што веке сте биле на Лефкада,кажете ми,дали на плажите ке најдам место каде да сменам влошка/тампон? 90% ке го имам 5 дена од одморот,а колку што сфатив од претходните постови на плажите нема вц?
Абе не може да ти се прати порака па тука ќе ти пишам Спојлер Да одиш на одмор на Лефкада и ЦЕЛИ 5 дена да се замараш со влошки и тампони, па и да не можеш на раат да си се бањаш е малце грдо нели? Зашто не си земеш од оние апчињата за одложување на циклусот
Извинете што менувам тема но ме интересира за овие апчиња што ги спомна за одложување на циклусот. Дали ги имаш пробано? Да не случајно нешто може да се поремети? И за колку време ти се одолжува? Ако има некаде тема на форумов за тоа упатете ме.