Преубаво беше. Ние бевме кај катизма сместени и беше пусто, пензионерски одмор со легнување во 11 (скроз по мој вкуш пошо уопште не сум по искачањето). Од плажите после егремни највише ми се свиѓаше каваликефта. Водата првиот ден беше многу ладна, после тоа се стопли и беше супер. Чиста, тиркизна, буквално не видов никаков животински свет у вода па дури ни риби и тоа ми беше ептен чудно. Храната во маркет беше доста скапа, така да ако не ви се трошат многу пари најубаво од тука да си носите храна и да си готвите. Патот до плажите не е многу добар, стрмно е со големи кривини па ако немате некое искуство со возење не препорачувам. Поготово патот до каваликефта беше прелош. Тесен да немаш како да се разминеш, огромни кривини и провалија. За водата стварно немам коментари, преубава. До толку ми се засвиѓа што уште сега решивме дека следна година пак идеме таму.
Од Нидри се тргнува Толку кошта, да , 20 еур. Да напишам и овде зошто некој не ме разбрал баш,а добив веќе неколки исти лп. Островите кои узпат се гледаат, не се Санторини,Миконос,Закинтос... Се обиколуваат мали ненаселени острови, како што се Итака,Шкорпион...
Па, млеко 120денари, мала кока кола 80, сладолед од фрижидер корнет 250ден, 200гр кашкавал 120ден, леб 90ден итн. Скапо беше, така да најпаметно да си носите храна од тука. Лидл има во главниот град ама и таму не е многу евтино.
Какво ви е искуството со наогање на смештај на лице место. По агенциите сите понуди се пополнати . Би можело да се најди нешто солидно за во Нидри?
Јас бев пред две години , почеток на август. На прво прашување најдовме смештај . И тоа на Катизма. Е сега не беше на сама плажа ,ама па ако сте со кола посекако ќе сакате да шетате по повеќе плажи. На Лефкада мислам дека не се ни "исплаќа" да се бидеш сместена на сама плажа. Греота е да не ја прошеташ цела
Па пусто е, агиос никитас е блиску и има неколку ресторанчиња и продавници, ама мора со кола да се иде и до таму. Плажата катизма е убава, ама местото е ептен пусто.
Точно. Каде и да се сместиш на Лафкада си треба кола,или моторче. Нидри е убаво гратче,раздвижено и све тоа убаво,ама нема салам плажа. Значи за све нешто ти треба превоз. Дали за до плажа,дали за да прошеташ навечер некаде
И јас да ги прашам оние кои ја искусиле Лефкада - Дали дува многу ветер и дали морето е разбрането? Одиме во недела а времето нема да биде многу топло, па ме интересира навистина дали ќе има услови за пливање?
Агиос никитас не е убава плажата, мала е и не е многу чисто, ретко кој се бања таму. Милос е убава ама мора пешки да се оди до таму и напорен е патот.
Јас лани бев на Лефкада, би одела пак! Бев сместена во Pansion Laertes,(ако му треба на некој смештај вака е потпишано на фб) тоа беше северо-западно секако со кола одевме на сите плажи. Мислам дека и не плаќавме скапо околу 150еу за двајца ама септември беше.. и да пазаревме во Лидл и носевме нешто од дома. Јас бев со Нидри на истата тура и задоволна сум плус имаше ноќна журка со истата цена.. кој е авантурист нема да зажали