1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лефкада (Грција)

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од milickimk, 3 јули 2011.

  1. Ana-Marija24

    Ana-Marija24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2013
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    201
    Лефкада ги има убедливо најубавите плажи:inlove: Таа вода и убавина на гребени и природа стварно не ја очекував, дефинитиво ги надмина моите очекувања во поглед на природна убавина. Препорачувам за луѓе со авантуристички дух и спремни за off road и hike адреналин, и секако кола и искусен возач зад воланот. Сите плажи имаат посебен драж, мене лично најмногу ми се допадна Порто Кацики, Ергемни, Милош и Мегали Петреа. Прескокнете го источниот дел каде е Нидри фокусирајте се на запад. За сместување препорачувам комбинација на Лефкас и Василики или Агиос Никитас. Лефкас е убаво шармантно гратче, убаво навечер за романтичен дејт, и Василики ми остави топ впечаток полно со млади кул сурфери имаше убав вајб. Бев и на крстарење со Macedonia Palace и 50/50 сум со тоа. убаво е заради тоа што можете да ги видите околните острови и застанува на дел од убавите плажи, ама па од друга страна се губи цел ден на преполн брод со секаков тип на луѓе. Цената беше 20е. Се на се гарантиран е убав одмор на ова магично место:l:
     
    На X.X, artemidis и hellocity им се допаѓа ова.
  2. X.X

    X.X Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    31
    @Ana-Marija24 како отидовте до Егремни со бродче или направен е патот?
     
  3. AsteryStella

    AsteryStella Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2016
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    173
    Пол:
    Женски
    Дали од Аг.Никитас има такси (бродчиња), што те носат на Милос плажата?
     
  4. Irreplaceablee

    Irreplaceablee Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2016
    Пораки:
    644
    Допаѓања:
    10.378
    Пол:
    Женски
    Ние пешки одевме, некои 15-20мин отприлика. Бродчиња јас не видов, ама според муабетите што ги имам слушнато треба да има.
     
  5. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.182
    Допаѓања:
    23.862
    Има бродчиња.
     
  6. Ana-Marija24

    Ana-Marija24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2013
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    201
    Со бродот Македонија Палас застанува близу брегот, за пливање одмор:doh:
     
  7. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    955
    Допаѓања:
    2.156
    Пол:
    Женски
    Македонија палас застанува баш на плажата, исто и другите.
     
  8. AsteryStella

    AsteryStella Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2016
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    173
    Пол:
    Женски
    колку чини бродчето и за вракање пак доаѓа и те зема за назад?
     
  9. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.182
    Допаѓања:
    23.862
    3 евра во правец по човек. Оди постојано од Агиос Никита до Милос и назад.
     
  10. AsteryStella

    AsteryStella Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2016
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    173
    Пол:
    Женски
    Плажи кои би ми ги препорачале , според Вас кои се поубави.
     
  11. X.X

    X.X Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    31
    Од Агиос Никитас трга ? И колку е цената
     
  12. Irreplaceablee

    Irreplaceablee Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2016
    Пораки:
    644
    Допаѓања:
    10.378
    Пол:
    Женски
    Егремни, порто, каваликефта, милос, катизма

    Не, од нидри тргаат сите. 20евра од човек
     
    На X.X му/ѝ се допаѓа ова.
  13. X.X

    X.X Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    31
    Фалаа
     
  14. kat.rose

    kat.rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2012
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    30
    Дали некој знае колку чини рентање на кола во Агиос Никитас?
     
    На Leeona_ му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Dija

    Dija Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2018
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Како е со цени во маркетите, рестораните и на плажите лежалки кафе тие работи?
     
    На Leeona_ му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    10.615
    Допаѓања:
    161.140
    Пол:
    Женски
    Разлустај ја темава.
    Има за све пишувано
     
  17. Ownage

    Ownage Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2017
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    82
    Ве молам препорачајте ми ефтина понуда за рентање на кола на лефкада... и некои солидни апартмани со број да се јавиме директно... итно ми е многууу...
     
  18. Ownage

    Ownage Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2017
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    82
    Извини што те тагирам вака можеби е мн одамна мислењето, но ако случајно сеуште го имаш бројчето од човекот и ако има и коли би те замолила да ми го напишеш... ти благодарам
     
  19. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    1.432
    Допаѓања:
    4.624
    Јас бев на Лефкада ова лето. Бевме сместени во pansion Laertes, во Tsoukolades, близу градот Лефкас и Лидл е ептен. Плаќавме 40 евра од вечер, преку ден чисте. Немам лоша забелешка за смештајот.
    Локацијата ми се допадна бидејќи си близу до Агиос Никитас, од каде можеш да одиш на Милос плажата која е една од најубавите. Има патека преку ридот или такси-брод на секои 20 минути и 3 евра е во правец.
    Исто така, блиску беа и Pefkoulia i Kathisma. Катизма бевме повеќе пати. Патот е прилично добар (споредбено со патот за другите плажи можеби и најдобар), и има ептен мн места за паркирање. Има и лежалки, од 8 евра па нагоре. Но ние си носевме столчиња и чадор, бидејќи има ептен мн место слободно. Близу беше и Ioniss beach, каде има повеќе ветер и е за сурфери одлична. После Катизма се Kevalikefta i Megali Petra. Плажите се добри, но патот е стварно лош.
    Отидовме до Василики со кола, возејќи по западната страна. Дефинитивно не препорачувам! Патот е ужас, те изморува ептен! Во Василики нема плажи добри, близу е Агиофили. Тргнавме и се вративме од сред пат. Не вреди да си ја скршите колата. Имало и од Василики такси-брод до Агиофили, одете така. На источниот брег бевме на плажа на Десими, мирна вода и плитко, со природна сенка. Ако сте со деца, идеално е.
    Морам да напоменам дека плажите на западниот брег се поубави, т.е. водата е ептен сина, но има бранови кои некогаш беа ептен силни. На источниот брег го нема тоа синило, но мирно е и поубаво за пливање.
    Нидри е убаво гратче, со многу таверни и сите тури со бродови одат од тука. Бевме со турата на Македонија Палас, 20 евра, 9 саата е и на 7 места. Никако не одете во првите денови од одморот, ќе изгорете. Со бродот се оди на Егремни, која е преубава плажа. Но, за жал, достапна само вака - со брод. Бродот застанува блиску до брегот на Порто Катсики плажата, исто убава плажа.
    Убава е Лефкада, и за луѓе кои сакаат активен одмор, со патување и авантури. И плажи со каменчиња :) Ако сакате да станете и пеш да одите на плажа, Лефкада не е вистинскиот избор.
    Инаку цените за гиро се околу 2,5 евра до 3. Порција морска храна од 8 евра нагоре. Кафе од 1,5 евро и нагоре.
     
    На Fifi84 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.635
    Пол:
    Женски
    Мој совет ако се одлучите да ја посетите Лефкада сместите се некаде на западната страна Агиос Никитас може, на тие места ке ја истражите вистинската Лефкада со нејзините природни убавини, а Нидри повеке ми е за забави неам одено ама што ми имаат кажувано, а забави можеш секаде да најдеш на Лефкада се сепак оде повеќе за плажа тоа сепак не се гледа секој ден таква глетка, такво море, природа, мир..