Јас се вратив пред некој ден од Лефкада.Генерално убав одмор.Лефкада ми се допадна,по мој вкус. Бевме сместени во еден хотел во Лигиа (3 км од Лефкас). Источниот брег не го препорачуам, ја нема бојата на Јонско ко на западниот дел.Најразочарана од Василики,ептен го фалеа а ништо не видов таму. Бев на Милос со бродче (тргнува само од Аг.Никитас), преубава плажа,од таа страна бев и на Катизма и Пефкуља исто прекрасни плажи. Еден ден бевме со турата на Македонија Палас 25 евра од лице.Ги постивме Егремни,Порто Кацики,Кефалонија (Фискардо),пештерата Папаниколи,Меганиси и Скорпиос (островот на Оназис).Ептен убаво поминат ден на брод. Исто ги посетив и водопадите на Нидри,интерсно место. Цените на Лефкада генерално ко низ цела Грција.Во хотелот каде што бевме сместени имавме само доручек,значи ручек/вечера по таверни.Еден ден на гиро и еден ден на пица во еден италијански ресторан. Другите денови салата со морска храна.
Годинава со дечко ми размислуваме да одиме на одмор на Лефкада. Разгледуваме Василики, Агиос Никитас.. Предлог сместување, мислење? Ќе одиме со кола, сакаме да посетиме некој од најубавите плажи, и иако подолго време ќе бидеме надвор од сместувањето сепак и тоа ми е доста важно... Да има и од таму некаков поглед. И според некој што бил претходна година колку се троши просечно за се?
Ние сме трочлено семејство,бевме сместени во хотелче во Лигиа на база ББ.Во хотелот плаќавме по 100тина евра дневно.Кола е неопходна за на Лефкада,ако веќе одиш треба да ги видиш сите плажи.На неколку плажи се оди со брод така е најлесно.Цела Лефкада е преубава , обоена во синило.Еден коментар погоре имам накратко објаснето каде и што сум била низ Лефкада.Прав избор,убаво да си поминете.
Василики е убаво мало гратче но плажата е никаква. Шљунак, камења и плитко е бајги но дува многу ветер затоа и таму се едри. Ладна е водата. Јас таму не би отишла никогаш. Агиос никитас е мало селце со угорничиња нешто сличен на Охрид во подножјето. Многу е поблиску до убавите плажи, главниот град и Рахи. Мора да одите во Рахи. Преубавото зајдисонце и одлична храна.
Здраво. Оваа година планирам во јуни да ја посетам за првпат Лефкада. Ќе одиме со кола, двајца, па ме интересира каде е најдобро да бидеме сместени, и доколку имате предлог за сместување да ми предложите/
Јас бев сместена во Василики. Тивко мало местенце е, има шеталиште, по некоја продавница и таверна и плажа која не е нешто посебна ама затоа пак во близина на 5 мин со кола има преубава плажа Агиофили мислам беше. Каде и да се сместите секако добар дел од плажите кои вреди да се видат ќе ви бидат далеку. Со оглед на тоа што патиштата не се баш најдобри, по саат време треба за да се стигне до некои. Секако ќе бидете со кола, максимално шетајте и истражете го островот бидејќи е преубав. Убаво да си поминете, изборот ви е супер.
Локациски Аг. Никитас на западниот брег е најдобра локација, или сместување околу плажата Катизма, има неколку вили. Исто и Василили е океј опција, Нидри ако сакате по размрдано место, но плажата и морето таму не се ништо посебно. За сместување, Никана ја препорачувам, а и ГрчкаИнфо. Убав помин
Зависи дали сакате гужва или не. Василики е топ мирно местенце, Нидри е исто така добро и има пристаниште од кај што идат бродови за еднодневни крстарења (Кефалонија, Итака...) Добро е што идете со кола, на остров без кола не се иде.Препорачувам секој ден на различна плажа, Лефкада нуди многу и можам да кажам дека 10 дена се малку за да видиш сѐ.
Никиана или Агиос Никитас. Мали се и двете места, села. Во Агиоа Никитас има малку повеќе за шетање, а во Никиана нема. Плажата во Никиана не ја бива, на некои места има морски ежови. Во Агиос Никитас е добра, ама тесна е. Јас би ти препорачал да се сместиш во Никиана, бидејќи е блиску до Лефкас и Нидри, т.е. меѓу нив е, а и Лидл ти е блиску. Ако сте со кола тоа не би ви сметало, бидејќи и онака би ги шетале сите плажи на островот. Ако ти требаат и други информации, слободно пиши ми во порака. Сум бил неколку пати на Лефкада.
Дали има некој искуство со Ариес агенција и дали сте биле во Вила Афродити Нидри да споделите искиства? https://aries.mk/st_hotel/vila-afriditi-nidri/
Ариес се супер, не сум имал негативни искуства кога сум патувал со нив. Сум бил на Лефкада со Ариес пред едно 10-12 години, не се сеќавам на името на вилата, но според описот и сликите ми изгледа како оваа да беше, нормален смештај, локација ок, ништо посебно, но коректно и чисто.
Лефкада не е за толку мало дете,има каменчиња,одма е длабоко,поладна е водата,и има струи.На лефкада со големи деца,преубава е,за 2 годишно дете бирај ситен песок,заливчињасо топла вода,закинтос или крф на западната страна,ако не сакате гужви.
Не. Многу напорно ќе ви биде ако сакате да ги видите убавините на Лефкада, нема да ви успее. Таму барем кога ќе има 6 години
Лефкада е за млади без обврски според мене.. Многу се длабоки плажите и знае да има високи бранови и плажите се далеку има доста возење. Можете некаде на краците. Мислам дека имаше една тема каде на одмор со бебенце.