Не. Лефкада не е за со мало дете, би рекол не е ни за со по големо... Скоро сите плажи се по тешко достапни, и морето е одма длабоко, по ладно од Егејско.
Според мене не е нај паметен избор. Каде и да се сместите, повеќето од плажите ќе ви бидат далеку, потребен е и по еден час пат со автомобил во еден правец. Некои од плажите се тешко достапни, имаат многу скали и удолнини за симнување. Не е поентата во тоа да се сместите на едно место и постојано да одите на нај блиската плажа бидејќи островот е преубав и би требало максимално да се прошета. Би рекла дека е за со деца кои имаат барем по десетина години и би можеле да пропешачат. Ќе мора инаку во раце да го носите, тешко е за мало дете.
Ние бевме сместени во Нидри. Убаво местенце за вечерни прошетки, покрај пристаниште. Има убава плажа, плитко е и мирно без бранови, за деца е ок. Ама да го поминеш целиот одмор овде, а да не го прошеташ овој остров е тотална утка. Јас би ти препорачала овде да си дојдете со сопругот сами, кога децата ќе потпораснат и ќе можеш да ги оставиш со баби и дедовци
Девојки, како обично правете резервација преку српскиве страни за сместување на Лефкада, односно како вршите уплата? Инаку многу добри опции нудат за разлика од нашиве агенции или тоа што разгледав на Букинг.
Преку Никана одбираш смештај, ја одбираш опцијата која ти одговара (соба, термин, услуга...) и кликаш на полето Резервиши, по што ќе добиеш мејл со потврда од нив, но и инструкции за уплата на депозит преку банка (20-30% од сумата на смештајот), која се уплаќа на сметка на сопственикот на смештајот (сите податоци ќе ти бидат дадени). После пристигнувањето на парите ти ќе добиеш ваучер за смештајот, како официјална потврда за резервиран смештај и на лице место кога ќе стигнеш ќе си доплатиш. Преку ГрчкаИнфо е слично, само што треба да ја пополнеш контакт формата под секој смештај што те интересира и ќе добиеш натамошни инструкции. Ако сакаш можеш да резервираш и преку било која друга српска агенција, имам резервирано преку Барчино Турс, која патем веќе ја има и во Ист Гејт, процесот е ист, уплатив на нивна сметка преку банка, но овојпат целата сума, и добив ваучер на мејл. Ништо тешко, а далеку подобри понуди
Еј супер, звучи едноставно. Ќе ги ѕирнам баш и Барчино во Ист Гејт, не ги знаев. Инаку да, понудите се неверојатни во споредба со нашиве агенции. Фала ти многу за одговорот!
Здраво сакам да прашам. Дали лефкада има мотори, мали веспи за рент, и која е цената некој што знае од минатта сезона
Лефкада е топ имам одено таму 5-6 пати плажи песок вода се топ зависно каде ке се сместите во кој дел според мене Лефкада буквално плажите се како што се на интерент така и и во живо и е прекрасно да се посети некои плажи се малку тешко достапни но вреди топ е
Ако сте без кола јас искрено повеќе би се сместил во Василики или евентуално Нидри, од каде што има бродски тури до најпознатите плажи на островот, па и на околните. Од Аг. Никитас колку што се сеќавам немаше, освен до Милос плажата којашто е многу блиску. Без кола Аг. Никитас би ви било и подосадно. Секако ако сте во можност каде и да се сместите, можете да рентате кола или скутер, зависно што е поисплатливо.
Никако во Агиос Никитас без кола 20 км е подалеку од Лефкас , предност е што во Aгиос плажите се блиску плажата агиос,пефкуља,милос до кацима пешки има добри едно 1,5 h часа пешачење инаку има опција да се рента моторче или пак кола во агиос никитас задолжително со вас возачка , инаку во агиос ако одите преку агенција во вила спирос ке бидете сместени претпоставувам. смештај и не е баш најдобар
Јас бев една година во Агиос Никитас без кола и користевме јавен превоз за шетање. Не беше идеално како за одмор со кола, ама мислам дека сѐ што можевме посетивме. Плажата во Аг. Никитас е мала, ама преубава, на Милос одевме пешки или со бродче, Катизма со автобус, Нидри со автобус од каде шо уплативме крстарење по западен брег и Кефалонија, навечер одевме до Лефкас исто со автобус да шетање. Самото место во Аг. Никитас е мало, не нуди избор за шетање и ресторани во, таверни, барови. Во Нидри пак има избор за шетање, ама плажата е дааалеку од оние на западната страна. Јужниот дел не го посетивме, тогаш немаше превоз за таму. Картите ако добро се сеќавам беа 0.7€ или 1.7€ во правец. Што и да одлучите, преубав одмор ќе имате сигурна сум.
Фала ви на сите, се уште ништо не е одлучено, во двоумење сме помеѓу Лефкада и Скијатос со шо Скијатос нуди подобра достапност на плажите со градски превоз. Евентуално Лефкада ќе остане за некој нареден пат за со кола.
Не сум патувала преку агенција, може некој да ми објасне каде да најдам добри понуди, кои агенции? Испод 500 евра за неколку вечери јас не наоѓам. Или можеби на грешни места барам, некој нека ме упати плиз. П.с Не мора да е само за Грција, може и други држави и местенца.
И јас барам, ама на минимум 9 ноќевања, а по агенцииве се е за 7, и тоа огин. Само Арка травел има за 9 ама не им работел системот.