Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лефкада (Грција)

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од milickimk, 3 јули 2011.

  1. Milaa111

    Milaa111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Женски
    Некој кој бил без автомобил во Нидри да ми каже како да се стигне до Порто Катсики?
     
  2. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.295
    Допаѓања:
    33.601
    Пол:
    Женски
    Брод, рентање на кола или такси.
    Мислам дека немаше јавен превоз, ама разбрај на нет, можеби е сменето.
     
    На Milaa111 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Amateur

    Amateur Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2016
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    388
    Пол:
    Машки
    Секако дека има јавен превоз, престанете со тоа кола кола кола!
     
    На Milaa111 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.295
    Допаѓања:
    33.601
    Пол:
    Женски
    Има јавен превоз, зборувам за линија Нидри-Порто Катсики дека не сум сигурна дали има. Ако си сигурен, сподели инфо, не паметувај.
     
    На Milaa111 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Fluke18

    Fluke18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2017
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Здраво,планираме да одиме Лефкада но немаме резервирано.Дали во овај период може да се најде смештај?
     
  6. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    58.100
    Пол:
    Женски
    Здраво, средина на септември планираме одмор на Лефкада.
    Да ми кажете нешто повеќе, кој дел да бараме сместување, кои плажи да се посетат и нешто плус корисно што би ми користело доколку некој може и има желба нека ми пише.
     
  7. Oliva****

    Oliva**** Активен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2021
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Дали во средината од септември е топло во Лефкада, ние ќе одиме на 16ти септември па ме интересира за некој што бил толку доцна како е таму дали се што има во август го има и во септември?!
     
    На lost123 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Amateur

    Amateur Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2016
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    388
    Пол:
    Машки
    Најубав период е тоа. Нај нај најубав.
     
  9. Perverzna€

    Perverzna€ Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2018
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Здраво ме интересира дали има автобуси да се стигне пример до Агиос Никитас или до некоја плажа и колку е од прилика цената? Или рент а кар? Да ми каже некој ако знае?
     
  10. Amateur

    Amateur Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2016
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    388
    Пол:
    Машки
    Има, мислам дека до средина на септември сообраќаат. Редуцирано. Мора убаво да се најде распоред.
     
    На Perverzna€ му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.411
    Допаѓања:
    12.871
    Пол:
    Машки
    Дали за изнајмување мотор бараат А категорија или можи и со Б?
     
  12. Lolita7

    Lolita7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2020
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Здраво, уплативме со дечко ми за летово да одиме на Лефкада,поточно во Агиос Никитас ќе бидеме сместени. Идеме со сопствен превоз и планираме да шетаме секој ден низ островот.Таму сме само 8 дена. Имам во план да одиме на плажите Катизма,Порто Кацики,Егремни,Агиофили,Милос,Пефкулија/Каваликефта и еден ден крстарење од Нидри што е со посета на 7 острови мислам. Секое искуство ваше во моментов ми е добредојдено,бидејќи не познавам лично некој што бил со сопствен превоз за да се распрашам. Прво, дали плаживе се обезбедени со паркинг простор и дали истиот се наплаќа? Ако се наплаќа колку би било тоа од прилика?
    Дали за крстарењето треба да резервираме неколку дена порано или одиме во Нидри се качуваме на брод и тоа е тоа?
    Од Евзони до Лефкада од прилика колку патарини има?
    Какви се цените на Лефкада во кафичите , колку пари се 2 лежалки со чадор ?
    Се што знаете ми значи во моментов. Ви благодарам однапред
     
    На lost123 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Andrijano31

    Andrijano31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2021
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    646
    Пол:
    Машки
    @Lolita7 јас бев пред 10+ години и за тој период можам нешто од нешто да кажам ( колку памтам)
    Сега знам дека патарините до Јанина односно Игуменица се околу 17е (заедно со нашите, значи од Скопје).
    Лефкада е вештачки одвоена од копно и е поврзана со мост (тогаш не се плаќаше мостарина, сега не знам како е). 8 дена се малку за да се види сѐ што нуди Лефкада но што е тоа е. Ако сакате што повеќе да видите треба да одите на 3-4 плажи секој ден (што е замор а не одмор,јас тоа го правев иако бев 12 дена). Има многу убави плажи до кои тешко се стига, на пример Милос, до Милос се оди пешки од Агиос Никитас по патека ко на Водно да се качуваш но се исплати одењето и ти препорачувам да ја посетите. Агиофили исто така е убава плажа до која што се оди исто така пешки (од Василики).... Во глобала до сите плажи тешко се стига(до оние поубавите) Порто Кацики има "паркинг" горе но има и 400 скали до плажата. Егримни во тој период беше преубава плажа исто така со миљарда скали, но имаше земјотрес и нешто уништи а што остана од плажата искрено не знам. Имаше една плажа Катизма мислам се викаше каде што со кола си на сама плажа. Како и да е, сите плажи се врв и после Лефкада кога ќе идеш на Тасос или на краците ќе ти биде тапа :) За крстарењето од Нидри тој период немаше резервации, сега појма немам. Убаво е да одите пошто се оди на Кефалонија, Итака, се поминува покрај приватниот остров на Оназис, бродот влегува делумно во една пештера дрн дрн приказни на капетанот :)
    .... Убаво е да се потроши ден за крстарењето.
    Толку памтам:D
     
    На lilo, Lolita7 и Safira26 им се допаѓа ова.
  14. Cati

    Cati Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2020
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Zdravo, sakam da prasam dali vo sredina na avgust moze da se najde mesto za smestuvanje na lice mesto bidejki nekako agenciite nudat mnogu skap prestoj i koja e cenata otprilika za edno nokevanje?
     
  15. Andrijano31

    Andrijano31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2021
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    646
    Пол:
    Машки
    Мој совет е да си одиш на сигурно, тешко се наоѓа смештај поготово во август пошто баш во август 80% од грците одат на одмор и секаде е фул. Агенциите ако небти прават кеиф барај на нет и пишувај им мејлови или на вибер можеби ќе најдеш нешто
     
  16. Joker32

    Joker32 Активен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2022
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Машки
    Здраво, видов дека си била во pansion Laertes, во Tsoukolades, па ако можеш да ми пишеш ПП сакам нешто да те прашам.
     
  17. Joker32

    Joker32 Активен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2022
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Машки
    Ако бил некој во pansion Laertes, во Tsoukolades, ве молам да ми пише ПП.
     
    На Keystone му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MG3

    MG3 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2016
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    2.728
    Пол:
    Женски
    Дали има тури со брод кои тргаат од Лефкас? До сега наидов само на тури од Нидри.
    Дали некој бил сместен во Фрини, во близина на Лефкас?
     
  19. Butterfly.girl5

    Butterfly.girl5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    120
    @Lolita7 Прекрасен избор сте направиле. Јас имам одено два пати и би одела повторно. Исто бевме сместени во Агиос Никитас, во однос на близината до плажите мислам дека е најдобро лоцирано, за навечер не е нешто големо место, но има улица со многу продавнички и ресторани и бидејќи сите воглавно таму се шетаат, баш е полно и живо.

    Плажата Милос ви е преку ридот до А.Никитас, ние го одевме пеш секогаш, иако имате и бродче што всушност го заобиколува ридот и за неколку минути сте на Милос. Сепак препорачувам барем еднаш да одите преку ридот, иако е козја патека и на жештините е особено тешко, глетката од таму е непроценлива, особено околу пладне(поради висината на сонцето, водата ја има најпрепознатливата боја за Јонското море и Лефкада). Покрај тоа, на оваа плажа е најубавото зајдисонце, така што не го пропуштајте и тоа.
    Тие плажи што ги имаш набројано се оние кои секаде се пропорачани и некој повеќе, некои помалку, но сите вреди да се посетат.

    Паркингот... :^) Единствената негативна страна во целата приказна за посетата на Лефкада. Особено во Агиос Никитас, особено ако немате паркинг во сместувањето, а 90% од вилите немаат. Се паркира на улица со обележани паркинг места и не е проблем небезбедност или слично, туку малиот број на паркинг места. Може да се случи буквално по половина час и повеќе да вртите напред назад, додека ти се посреќи некој да излегува, или најчесто посетителите од други места кои доаѓаат на Милос, да си одат од плажа, па да начекаш место. За паркингот на плажите е најдобро да се оди што порано наутро, ако сакаш да паркираш на плацеви кои си ги оградиле и стојат луѓе и наплаќаат карта. Кога ќе се исполнат тие, се паркира буквално каде ќе најдеш. Ова е малку понебезбедно, но заштедува финансии. Не се сеќавам колку беше паркингот на секоја плажа, но знам дека имаме платено најмногу околу 20 евра на некоја. На пример, на Егремни и Катизма има такви оградени плацеви, но има многу празен простор, така што нема потреба на плаќаш. На Порто Кацики, ако не платиш паркинг треба да паркираш по ивица на тесна улица каде поминуваат сите коли кои доаѓаат, па проценете колку е безбедно за колата и дали ќе ја мислиш или ќе уживаш на плажата :D

    Турата со бродот е ок, вреди еден ден да се одвои за тоа, бидејќи се посетуваат околни места/острови и ќе видиш нешто плус. За бродот треба да купите карти, односно да резервирате претходно. Има туристичка агенција во А.Никитас каде ги промовираат турите, па сигурно ќе ви објаснат се. Патем, ние кога бевме со купувањето на картите имавме и обезбеден паркинг во Нидри, за времето додека сме на бродот. Информирајте се и за ова.

    За патарините не се сеќавам, ама патот е генерално одличен и патем се поминуваат мнооогу тунели, броев до некаде, потоа се изгубив во броење :D

    Цените се како на повеќето плажи во Грција. Ако сега лежалките се поскапени на Халкидики, верувам дека и таму цените се повисоки. Исто е со сите цени и во продавници, маркети, ресторани, кафиќи...

    Покрај се' ова, нешто што според мене мора да се посети кога веќе си на Лефкада е ресторанот Rachi, односно Fly me, кафиќот веднаш до него. Побарај ги на инстаграм, тоа ми е едно од најубавите места, покрај плажите. Овде најчесто се оди пред зајдисонце и глетката е препрекрасна. Има уште едно вакво место кое е отворено некоја година после мојот одмор таму, ама е нешто многу слично на ова претходно и сигурно вреди да се посети. Amente, побарај го и ова на инста.

    Се извинувам за долгиот пост, ама знам колку ми значеа ваквите препораки и искуства кога и јас одев прв пат, така што, се друго што те интересира, прашај ме слободно, после два пати извртена цела Лефкада, со задоволство ќе споделам. Направи добар план за да можете се' да посетите во 7 дена (претпоставувам) и make memories! :sun:
     
  20. Dpokahontas

    Dpokahontas Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    125
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали треба да се направи резервација за во ресторанот Rachi?