@Dpokahontas пред три години не беше задолжително, иако на нивната страна има можност за резервација https://rachi.gr/. Дали се сменило нешто од тогаш не знам, пиши им на фб или инста за сигурно.
@Dpokahontas Одите малку порано и ве запишуваат во список. Бар така беше ние кога бевме. И како се ослободуваат маси така викаат по список. Во меѓувреме може да почекате во барот до ресторанот. Мене пријатно ме изненадија затоа што беа ептен коректни. Два пати бевме, преубаво е, услугата и храната беа топ. Цените беа солидни, тука некаде како и во ресторанчињата покрај море во Лефкас. Погледот - убавини. Да, малку е топло додека чекате ама вреди. @Butterfly.girl5 по околу 50 тунели и натаму и наваму Инаку, на Порос водата беше кристално чиста. Плажата не е нешто нај, со камења е цела, ама водата топ. Каваликефта исто. Патот е малку тесен и може да е проблем за паркинг. Копла бар на Катизма се сеќавам плативме 5 евра паркинг за цел ден и по 7 евра само лежалка.
FlyMe е барот веднаш до ресторанот Rachi Exanthia. Нема резервации таму, бар немаше ние кога бевме. Има доволно место и многу убав поглед.
Здраво, планираме и ние да одиме накај Лефкада, дали за крстарењето од Нидри имате резервирано некаде или..?
Здраво,ние моментално сме Лефкада во Василики. Сношти се распрашавме за крстарењето. Тргањето е од Нидри, секој ден. Треба барем еден ден претходно да направите резервација и да платите депозит 10 евра од човек. Ќе ги најдете некаде низ центарот имаат штанд. Цената е 40 евра без ручек,50 евра со ричек. Се посетуваат 7 места,но како што сфатив од објаснувањето може да се капите само на 3 места,другите само се посетуваат со бродот биле приватни острови. Ние уште не сме биле на крстарењето и незнаеме дали ќе одиме,некако многу е скапо за разлика от претходните години кога читав дека е по 20 евра од човек.
Некој што моментално е во Лефкада или бил пред скоро време, ако може да сподели како се цените ? И со колку евра од човек би се поминал ноемален одмор таѓу од 9 дена? Јас планирам август да одам па ми требаат инфоо.
Иако ова со скапо/евтино е индивидуално за секој човек, мислам дека не е фер да се споредуваат цени од пред неколку години, затоа од тогаш до сега, сѐ е поскапено и тоа голем дел од работите речиси двојно. Знаеш што е скапо, ако секаде е 20, а таму е 50 евра. Тогаш е скапо. Јас сум бил во 2017 и супер си пројдов на крстарењето, ако е тоа. Е сега, дали би платил 50 евра сега за да одам втор пат на истото, не знам, не ми вреди, барем мене. Така одреди го некако, у стил дали ти прво сакаш крстарење, па дали имаш буџет да го платиш тоа, и на крај дали вреди да скратиш од нешто друго, за да одиш на тоа.
Гирото е 4 евра,за сега тоа само сме јаделе надвор. Сладолед 2.50. Парите најмногу ги даваме за паркинзи. До сега на секоја плажа паркингот е 10 евра од кола за цел ден. Друго вака шознам нормално по продавници како за Грција.
Дали некој, некоја агенција од кај нас да има понуда за прва половина на октомври? не знам зошто престанаа да ја нудат лефкада за тој период или некој ако знае некој контакт од некој што издава баш тој период?
Како се со цените за лежалки годинава? Што треба да се знае или има предвид за одмоот на Лефкада? Крајот на август одиме за прв пат, секој совет е добредојден.
Зошто да не одат? Лефкада е преубава. @lost123 со кола одите? Да ја прошетате цела, зборевме претходно кои плажи, побарај назад, ресторанчето Exanthia, Лефкас исто навечер е преубаво.
На кои плажи бевте до сега? На ниедна ли нема дел од паркингот што е бесплатен пример покрај патот? И ако зимате по плаживе лежалки, како се движат горе-доле цените? И исто кажи ми ако сте сместени во Агиос Никитас дали имате проблем за паркинг
Здраво, сакам да прашам дали на Лефкада има градски превоз/некои комбиња и слично што имаат тури до плажите како Егремни, Катизма и слично?