Има да. До некои плажи до долу, до некои до скалите, и надолу и а за пешачење До некои има и со бротче превоз.
За до некои има а за до некои не. Ако имате можност, на Лефкада е подобро да се оди со автомобил. На тој начин ќе може да си го планирате времето како што вие сакате, да одите од една на друга плажа. Автобусите генерално по сите острови се ретки и не се секогаш редовни. Или ако сте 4-5 луѓе може да изнајмите автомобил барем за 2-3 дена и да ги поминете најубавите плажи.
Јас колку што знам нема. До плажите Егремни,Порто Кацики има тури со бродови , од Нидри и од Василики. Исто така , до Агиофили плажата има бродови од Василики. До Милос се стига со бродче од Агиос Никитас. Летово бродчето до Милос беше 3 евра во правец , големите тури со брод што ја вклучуваат и Кефалонија беа по 30 евра од човек+гратис ноќна забава на брод , а бродовите што идат до Егремни и Порто Кацики 20 евра. За автобуски превоз не сум сигурна затоа што патувавме со автомобил.
Искуство некој во хотел со доручек сакаме да биде. Планираме да одиме август крај- почеток септември.
Здраво на сите. Планираме 27ми мај да одиме на Лефкада. Ми треба неколку совети. Каде е најдобро да бидеме сместени? Дали патот до убавите плажи е добар за да одиме со кола? Што да се посети? Колку чинат патарини до таму?
Секој со свој поглед. Ние бевме Нидри и оваа година повторно ќе одиме на исто место. Околу 15 евра во еден правец само од Грчка страна, има 7-8 патарини, оваа година се поскапено планирај повеќе. Лефкада е најпрекрасна. Посетете ги поубавите плажи, ако сте повеќе денови таму, никако не ги пропуштајте: Порто Кацики, Мегали Петра, Агиофили, Егремни(пешки 1.5км низ планина, физички спремни ако сте или со брод). Има еден куп плажи, овие ми се најубави. Лефкас главниот град, обавезно најубавото зајдисонце на свет. Од плажите, ако можете одете си подоцна да ги гледате зајдисонцата, за плажите од западна обала. Сите плажи се достапни со кола и малце пешачење освен Егремни.
Годинава со дечко ми размислуваме да одиме на одмор на Лефкада. Предлог предел за сместување, мислење? Ќе одиме со кола, сакаме да посетиме некој од најубавите плажи, и иако подолго време ќе бидеме надвор од сместувањето сепак и тоа ми е доста важно... Да има и од таму некаков поглед. И според некој што бил претходна година колку се троши просечно за се?
Дали некој е на Лефкада? Следната недела одиме таму на одмор, дали некој знае за екскурзиите со бродови што тргнуваат пд Нидри, дали треба резервација претходно и кога тргнуваат?
Некој има ли престојувано во овој пансион https://www.facebook.com/profile.php?id=100057406699862&mibextid=ZbWKwL?
Здраво дечки сакам да прашам дали е добро да се иде у Лефкада 20-27 август ? И ако имате убави апартмани предложете
Најубаво. Јас ќе одам втор пат годинава првата недела од септември. И прехлани кога бев исто бев крајот на август. Сместени ќе сме во хотел во агиос никитас.
Уплаќаш за екскурзијата најкасно еден ден пред тргање . Кој ден ќе се реализира екскурзијата зависи од бродот кој ќе го избереш , во ек на сезона се плови и секој ден , затоа најдобро кога ќе стигнеш да се информираш претходна недела со бродот Нидри стар крстарењето беше во среда и петок од 9h ( 50 евра со ручек или 40 евра без ручек / по лице)