Моја препорака , има сопствен паркинг и е на 100 метри од пешачка зона во Нидри https://www.booking.com/hotel/gr/konstantinos-apartments.en-gb.html
Минатиот пат бев во нидри сместена и ми беше топ. Некој апсетман бевме ама да ме убиеш не знам како се викаше, на букинг го најдовме. Плажата во нидри не е нешто, ама океј. Убава појдовна точка е. Од таму тргнуваат бродовите за секаде што е топ, меѓутоа има и градски превоз за до плажите или со кола зависи како сте, пак е топ. Не би згрешила
Хотел Калипсо. Ние ќе сме само со доручек бидејќи така најмногу ми одговара, сакам да сум слободна и да шетам. Има опција за полу пансион. Само што ние кога букиравме (пред месец дена) веќе беше скоро па полн капацитетот.
Дали има градскиот превоз до плажите Порто Кацики и Егремни? Знам дека е невозможно до самата плажа ама барем да остава блиску до нив па после пешки..
Колку што знам има. Не сум користела лично но ми кажувале. Знам дека има и бродчиња такси кои носат до плажите
Imam zakazano smestuvanje vo villa Spiros Agios Nikitas od 13 avgust preku agencija. Nekoj da spodeli iskustvo kakvo e mestoto, dali ima avtobusi so odat do gradot I do plazite, i dali imat nekakvi turi so brod?
Никитас има и градска своја плажа шо е убава ама е мала и можно е во покот на сезона да е гужва. Блиску ви р Милос, една од најубавите плажи за која или фаќате бродче-такси да ве однесе од никитас (кошта 3/4е) или одите пешки (15-20мин) преку брдото (види на јутјуб има видеа од срби). Ако имате кола можете да одите до Катизма, Порто Кацики, Мегали и останатите плажи успат, сите се убави. Автобуси, меѓуградски да речам, има и возат од главниод град - Лефкада, на десната и на левата страна. Нема еден бус што го кружи островот туку поделени се. Е сега некои плажи се подалеку од патот, па ќе треба пеш да одите и сл. Доколку немате кола најисплатлива опција ви е да изјамите моторче и така да се возите. Во врска со турите со бродчиња, главно тргаат од Нидри, но има и еден -два што тргаат од Василики. Тие имаат разни тури и те возат цел ден. Одат по познатите плажи како егремни и порто кацики, но и на соседните острови: Меганиси и Кефалонија. Најдобро би било да видите кај се продаваат турите и таму да ви објаснат па да видите со кој и кај сакате да одите. Коштаат некаде околу 40 евра мислам, со ручек (суфлаки, пита, салата). Може да се носи на бродот и нешто за да си кснете како и пијалок, не прават проблем.
Како се цените во Василики низ рестораните и таверните за јадење и пиење? Исто и низ продавниците, лименки пиво, сок? Дали да пазариме во лидл на почеток на остров или солидни се цените и во Василики?
Пиши кои цени ти одговараат .. не знам кој може ценовник да ти извади тука . Цените варираат .. пред сезона .. сезона .. после сезона ...
Не мислев ценовник туку споредба дали е исто како на краците, поскапо, поефтино. На 30ти август одиме.
Јас колку што се сеќавам, стандардни цени си беа како и на другите места. Дури може и поефтино да беше за нијанса од краците. Ама оваа информација е од пред неколку години.