Ве молам да ми одговори некој, дали од Агиос Никитас има тури со брод до Порто Катсики, Катизма..тие убавите плажи? Или евентуални автобуси?
Агенции и штандови кои нудат крстарења има насекаде. Ако не поаѓа бродот од таму секако имаат организиран автобуски превоз до него.
Се изначитав секакви коментари овде затоа решив да прашам, читав дека од Агиос Никитас немало тури со брод до овие убавите плажи морало со кола. Не сум доволно самоуверена да возам низ островите па затоа прашав, некаде прочитав најдобро било во Нидри бидејќи таму е блиску пристаништето. Сите кажуваат различно
од А. Никитас нема никаков начин да се стигне до плажите освен со кола? Нема бродови што поаѓаат од таму или автобуси нешто воопшто?
Од А. Никитас бродчиња има само до плажата Милос шо инаку можиш да одиш и пешки преку рид. Инаку, јас неодамна разбрав дека имало автобуски превоз низ островот, меѓутоа доста ограничен и во главно од поголемите населени места како Нидри, Лефкас и сл.
Закажавме за крај на Септември. Како се движат цените на лежалките и пијалоците на популарните плажи?
Да да ама цените се сигурно најминимални доколку се наплаќаат, последно што бев тој период Грција само нарачаното (јадење пиење) плативме, луѓе беше многу слабо.
Здраво, од Агиос никитас има автобус што оди до Катизма ( 10мин возење 2 евра). За Егремни, Порто Катски потребно е да се оди со кола или евентуално до Лефкас па да се прекачите за Нидри од таму да одите на тура со брод. Плажата Милос е оддалечена 20 мин пешки преку планина или со бродче 4евра. Друга плажа во близина е Пефкоулиа. Предлог да го посетите Аменте бар, за да го гледате прекрасното зајдисонце
Ретко идам Грција на одмор, а Лефкада би ми било првпат. Која од понудиве мислите дека најмногу одговара т.е. најблиску до плажа и ако случајно сте биле таму порано да кажете искуство. https://aries.mk/ostrov-lefkada/
Ако одиш на Лефкада и мислиш да седиш на една плажа подобро ти е да не одиш за џабе до таму. На остров се оди да се види сѐ што може да се види,поготово ако е тоа Лефкада. Ако на Лефкада не ги поминеш сите плажи џабе си бил(а). И без кола таму не се оди (освен ако ренташ таму)
Ќе рентаме, тоа е планот, ама идеме со превоз преку агенција и сепак мора да се избере вила, а и преку букинг исто се фаќа.
Ima kruzeri so dnevni krstarenja koi imaat odlicna ruta I te vodat na site poznati plazi I na ostrovot Kefalonija a isto organiziraat I nokni disko zabavi kruzerite so mnogu dobra muzika I ognometi Lefkada e prekrasna mi ostana vo srce I bi idela pak.
Ако треба да одберам од понудениве, ќе ја одберам Вила Армониа – Катизма, Лефкада, на западна страна од островот е, таму ви се поубавите плажи (Катизма, Агиос Никитас). Пишува дека се наоѓа на околу 2км од Катизма и 1км од Агиос Никитас. Дури и да не сте со кола, 5-10 минути пешачење ви е до плаживе. Или Вила Спирос – Агиос Никитас, уште поблиску, на 300м од плажа. Ние бевме Нидри (источен дел) али со автомобил. Кај Нидри е добро што е поголемо гратче, има доста таверни али градската плажа е обична, мораш долго да возиш со кола до поубавите плажи.
@idktbh ќе се согласам со @FriendOfDorothy плус апсолутно изнајмете возило. Катизма е најдобра "секојдневна" плажа, Нидри, Василики се убави градчиња, но за такви плажи нема логика на остров да се оди Агиос Никитас е одличен за навечер, за ресторани и сл. За Порто Кацики и Егремни има бродови, макар можете и со кола (ако сте спремни по многу скали да се качувате за одење дома). Исто плажата на Агиос Никитас е убава, а во близина е и Милос, и таа е убава. За со кола би рекла задолжително посетете ја Мегали Петра, спремете фрижидерче затоа што е дива плажа, ама е една од најубавите, ако не и најубава на Лефкада. Во ист ден (пошто ист пат треба да се утепа, а не е најидеален патот) можете да одите и на Каваликефта (Каламици). А додека одите на плаживе, станете порано и одете во Карја, селце е на сред остров, замисли наше Крушево, ама на остров Преубаво е и вреди да се посети. Од искуство, највеќе ви се исплати да ви вратат пари за превоз (ако враќаат), бидејќи рентање на возило не е ефтино секако, може и повеќе да ви се исплати со свое. А остров ако не го шеташ, џабе е утепан пат до таму
Од искуство, смештајот гледај го кај ќе ти се бендиса (според тоа шо скааш и џебот нормално) чим изнајмувате кола немате гајле. Секако тоа ќе ти е само појдовна точка. Јас сум била и во нидри и во пергиали и во агиос никитас сместена и исто ми беше искрено. Со таа разлика што агиос никитас некако по на срце ми остана. Лефкада е најубава кај и да сте, шетајте што повеќе, и обавезно со бродчето на птошетка, моја препорака е капетан Коста