1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лефкада (Грција)

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од milickimk, 3 јули 2011.

  1. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    intimni-prasanja-i-problemi/kako-da-ja-odlozam-menstruacijata-t3088/70.html?hilit=%D0%BE%D0%B4%D0%BB%D0%BE%D0%B6%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%20%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%81%D1%82%D1%80%D1%83%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0#p1144641
     
  2. ana.ubavkata

    ana.ubavkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    59

    Прикачени фајлови:

    • mzlicic84935.jpg
      mzlicic84935.jpg
      Големина на фајлот:
      292,7 KB
      Прегледи:
      650
    • mzlicic84933.jpg
      mzlicic84933.jpg
      Големина на фајлот:
      255,5 KB
      Прегледи:
      647
    • lefkada (1).jpg
      lefkada (1).jpg
      Големина на фајлот:
      45,4 KB
      Прегледи:
      650
  3. this..is-me

    this..is-me Активен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    9
    дали некој може да ми пише нешто повеќе за поинт бич во василики... каква е плажата.. јас би сакала да ги посетам другите плажи но не ми се патува секој ден така да битно ми е да има убава плажа таму каде сум сместена.. и ако некој знае колку отприлика се екскурзиите и има ли некои автобуси кои одат до други плажи од василики... благодарам однапред.. :)
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    за тие што имаат идено со кола- колку време се патува ?? и колку км е тој преминот под море :(
     
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Јас кога ќе се вратам ќе ти кажам :) а тие што имат идено ми кажале 6-8 часа возење нели нормално со паузи за кафе, јадење. Е тој премин под море се поминувал за 10-ина мин, значи некои 20км од прилика нели, неможеш да возиш 120-140 (претпоставувам) туку некој си просек 80-100 - ма појма немам
    Патот бил навистина нов и супер само што лоша страна било тоа што никаде успат немаш некое паркинг место или сл. за да се исклучиш од коловоз, ако сакаш тогаш мораш да влезеш во некое градче успат. Значи кога поаѓате сите добро измочани :D залиха од вода и сендвичи :), за да не се губи време за влегување во некое си градче.
     
  6. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.116
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Јас лани бев со кола и оваа година пак ќе одам :) Возевме негде околу 6-7саати преминот под море е 2-3км долг незнам кој ви кажал дека е 20км :) пред него има патарина која кошта 3евра ,и точно е дека нема кај да се застане некој 150км мислам дека беше нема ни бензиска ни ништо ,и патот е само право ноз убав да ти е мерак да возиш :)
     
  7. kristyna

    kristyna Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Ќе одиме со сопствено возило со дечко ми па што би предложиле вие- да резервираме сместување преку агенцииве или таму ќе може да се најде студио по наш вкус? Сакаме да одиме месецо на 20ти па се плашам дека се ќе биде зафатено. Ааа и на која плажа има бранови? Ги обожавам,едвај чекам
     
  8. ubavi4ka

    ubavi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    8
    беше ли некој ова лето во василакис, некој совет забелеска?има ли убава плаза таму?
    сакам да се сместам таму место во нидри, бидејки убавите плажи биле поблиску
     
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Ај да реферирам впечатоци од Лефкада за сите што сакаат да одат :)
    Со еден збор кажано ПРЕКРАСЕН ОСТРОВ.
    Бевме со кола, за патот немам коментар, фантастичен е, убаво обележано со знаци, поминување над 20 тунели (до 25 броевме потоа се откажавме :) што е и ок нели сечат планини...).
    Сместени бевме во Василики. Убаво мало туристичко градче. Има градска плажа која е голема и плажа во Понти. Во Понти повеќе одевме затоа што наликува на Улцин (ситен песок како прашина и длабоко после 800м-1км, што ми и одговараше за дете). Лежалки 2 ком за 7 еур со 2 пијалока што сакаш - кафе, сок, пиво...
    Василики е сурфеско место ДА, ама само кога има мал тивок ветер. У суштина има многу јаки струи во морето кое е чист тиркиз. Сурферите се под термин, од 14-17 часот дувкаше мало ветре и тогаш тие настапуваа на сцена (имаа одбележано место од заливот каде што тие сурфаа. Можеше и кој сака да земе час по сурфање и да сурфа).
    Плажите се чисти и јас алги и ѓубре не видов. Тотално е различно од Краци и ми се допаѓа што веќином се странци и млад свет. На плажа нема т.е на цела Лефкада оној ситен песок освен во море. Измешан е ситен песок со ситни каменчиња што не е страшно и ок е.
    Има автобус од Нидри до Василики ама не и за плажите, бар јас не видов. Фативме тура со брод до плажите Егремни, Порто Кацики, Кефалонија, Итака, Скорпиос....уствари само со брод се стигнува до некои природни направени плажи а до Кацики бевме и со кола. Водата е неописива, фантастично тиркизно море ДА, ама плажите се ситни каменчиња-природно создадени.
    Турите до околните острови се 20 еур. Пазите на кого уплатувате има многу превари. Шетаат нудат, земаат пари и нигде да ги немаат. Ние си го мававме водичот кој секој ден доаѓаше во хотелот (немавме никаква замерка од агенцијата).
    Знам ќе ве интересираат цени, гиро 2,60еур, просечен ручек значи од шпагети 8еур, пица 10еур па нагоре, зависи што сакаш, мала флаша вода 0,5 еур, 1литар флаша 1,2 еур, сладолед 2 еур..... Ние јадевме во хотел и неколку пати излеговме на риба, сардини порција од 8еур па нагоре, риби-зависи што сакаш..... некој си просек 30 еур за 2-ца нормален ручек со салатка, цацики, узо.
    Јонско море е посолено од Егеј и има повеќе јод (за разлика од лани кога од Егеј малиот ми појави некои алергии и чуда по кожа оваа година ништо од осипи). Хотелот ни беше веднашна плажа и една ноќ заседнавме до 6 сабајле :$ и ако верувате нели од сабајле највеќе јод испарува, носот почнува да тече од природна инхалација. Едно утро рано шетавме на плажа намерно за да се надишиме чист воздух (ќе видиме како ќе ја протераме зимата :D ).
    КОга ќе ги средам сликите ќе ви постирам нешто.
    Кога би се јас прашала :!: а секогаш се прашувам, јас би пак на Јонско море, одушевена сум од морето. Лефкада убаво е да се истражи, види, доживее. На крај краева зависи кој што бара од одмор - плажа, ноќен живот. Што и да е сето се добива на Лефкада и се ти е на достап кога си со кола - можност да прошеташ и истражиш (има и рентање на кола, четвороцикл, мотор).
    Како и да е, ми се допаѓа што е различно од Краци и селски туризам и се чувствува оној Медитеран. Е јас тоа барам :)
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_1329.JPG
      IMG_1329.JPG
      Големина на фајлот:
      358,6 KB
      Прегледи:
      408
    • IMG_1318.JPG
      IMG_1318.JPG
      Големина на фајлот:
      411,4 KB
      Прегледи:
      407
    • IMG_1379.JPG
      IMG_1379.JPG
      Големина на фајлот:
      188 KB
      Прегледи:
      406
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Не собираше во претходен пост..........
     

    Прикачени фајлови:

    • P1010440.jpg
      P1010440.jpg
      Големина на фајлот:
      321,6 KB
      Прегледи:
      400
    • P1010561.jpg
      P1010561.jpg
      Големина на фајлот:
      248,5 KB
      Прегледи:
      401
  11. ubavi4ka

    ubavi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    8
    извини ,а во кој хотел бевте сместени? и како сте задоволни? и колку време се патува? ..многу убави слики..поз
     
  12. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Хотел Аполо преку Игуана (за жал нема место, едни пријатели сакаа да одат и беа одбиени, али пробај прашај можеби ќе имаш среќа). Хотелот е ист како на слика што ќе го најдеш на нет, на самото море и ако не се лажам сите соби се со поглед на море. Не е голем на 3 спрата е и едееен голем огромен плус за хигиена. Секој ден чистат, менуваат постелнина и крпи. Доручек после некое време станува досаден затоа што е стандард лепче, путерче, маргарин, чај, млеко, кашкавал, салама, јајца а вечера секој ден имаш 3-4 јадења од кои можеш да најдеш нешто што се јаде. Обавезно е барем еден оброк некое месо, салати свежи и овошје - нектарини и лубеница.
    Секоја соба има клима и фрижидер така да слободно можеш нешто да си купиш и однесеш во соба за тоа не се лутат единствено не даваат да јадеш во нивна летна бавча-ресторан за јадење туѓа храна.

    Некаде по агенцииве го сретнав и хотелот Калипсо. Го видов и тој, не е лош, убаво хотелче и е поблиску до Понти и еден голем супермаркет каде што пазаревеме. Ако можеш да го најдеш....
    Сите дуплекси апартмани кои беа на само море се 70 еур (2 соби со 1 купатило), исплатлива варијанта за 2 пара со голем прекрасен двор.

    Колку се патува? Абе тие 650км ги возиш во зависност од тоа колку паузи правиш. Ние појдовме во 1 преку ноќ (идеја ми беше да го измалтретирам малиот здраво пред патување за да спие цел пат до таму :$ ) и со 2 паузи во 10 сабајле бевме веќе во хотел. Со ефективно возење за 6-7 саата се стига.
    Патот воопшто да не те плаши и преставува проблем затоа што е преубав - еднонасочен со 3 ленти и само право цепаш, греота е да се вози испод 120 :)
    Лефкада е малку планинска и има некои кривини ама не се страшни. Највеќе има од Нидри до Василики ама тоа се само 25км така да воопшто не е страшно.
    Ако си решена за местото воопшто не ни размислувај за патот. Друга приказна е со автобус ако одиш кој ќе те клацка малку повеќе ама пак со добро друштво и тоа е доживување и дел од одмор. Јас велам, одмор започнува од момент кога ќе појдам ;)
     
  13. ubavi4ka

    ubavi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    8
    фала на информациите, па и тој хотел го гледав, ама ке одам во септември :) викаш плазата е блиску и убава е? а освен таа пред хотелот постојат некои други ви околина до кои пешки може да се оди? фала
     
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Хотелската плажа е веднаш до хотелот, чиста е, мала е ама со камења е. Најблиску ти е градската на 5 мин одење а Понти е малку подалеку ама и таа може да се изоди не е страшно.
     
  15. ubavi4ka

    ubavi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    8
    A гратската плажа убава ли е? со песок? :)))
     
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Види ги сликите што ги постирав, испод слика пишува која плажа е и каква е. Градска е каменчиња со песок, Понти е со многу ситни каменчиња и ситен песок. Внатре во море е ситен песок како прашина
     
  17. ubavi4ka

    ubavi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    8
    фала ти славица..многу ми помогна //поз
     
  18. alf

    alf Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Машки
    Сум бил на Крит,Тасос , два пати на Крф и сега бев и на Лефкада .И да ви казам дека сите острови се убави. Мислам дека Крф е најубав од овие набројаниве. Од граница од гевгелија до Јанина ( Иоанина) се патува некаде 3-3.5 н. се по Автопат кој е изграден сега пред 2-3 год. Од Јанина до Лефкада се патува некаде 2н.Се оди преку Превеза каде има тунел под морето не повеке од 1км. за кој се плака 3 е. И на лефкада се стигнува по еден подвизен мост кој се отвора на секој полн саат по 5-15мин. за да ги пропусти насобраните бродови и јахти за да поминат. Таму не се плака ништо. Е сега се поставува прашањето Каде да се иде на Лефкада. На исто~ната страна према Грција каде што се местата Лигија, Нидри, Порос Сивота и на југ Василики или на западната спрема Италија каде што е градот Агиос Никитас. Ние одбравме на источната и се стациониравме во Нидри. Мн голема мака видовме додека најдовме апартман затоа што стасавме во 10н сабајлината на 21 Јули 2012 а тој ден стасаа околу 2000 Срби се млади деца и место немаше за лек. Ние бевме 2 фамилии отидени во сопствена резија. Сакам кога ке идам некаде на одмор да го видам местото, плазата, градот и ако ми се бендиса барам апартман ако не одиме понатаму. Најдовме апартман за 30 и 35е ама далеку од плаза 1км. што не ни се бендиса затоа што треба секој ден одење - вракање да се оди со кола. Се помачивме и најдовме супер апартмани . 50е преку улица е морето. Кога сакаш стануваш кога сакаш се бањаш и никого не чекаш да стане и да го будиш.Да ви казам оти тоа беше евтино затоа што од 1 Август на едни Грци за нашите апартмани газдарицата им бараше 80е.Значи во Грција цените од 1 Август драстично скокат оти тогаш сите Грци и Италијани одат масовно и колективно на одмор. Е сега она најглавното Како беше??? Јас мислам дека во градот Лефкас кој е најголем град и гл. град на островот не е убаво да се земе сместување затоа што таму нема плази и треба секој ден да се патува по 15-30км за да се иде на некоја од плазите .Најдобра е оваа источната страна затоа што морето е мн. топло ( бара што би се рекло) на оваа страна најдобра плаза за мене е Десими која се наога после Нидри 4-5км.Има дрва со сенка за оние кои ке идат до 10н. Има два автокампа и мозете да се истуширате после бањање. плазата е со ситни камциња а морето песокливо со кристално циста вода. Исто оваква плаза имате и во Порос само за таа разлика што плазата е со крупни камчиња.Во Сивота нема плаза за банјанње ама добро е да се иде и да се види селото. Иста таква плаза како во Порос е плазата и во Василики само со таа разлика што таму има денови кога мн. дува ветер и е добра за сурфање а тогаш бањањета е отезнато. Местото Василики кое мн. ми го фалеа не ми се бендиса мн. Мало рибарско село кое прераснува во сместувацки капацитет.За разлика од Василики Нидри е поголемо место и поразвиено и има навечер каде да се оди и што да се види, а и гр. Лефкас е поблиску 15км. за разлика од Василики 30км. На западната страна се наоѓаат и најпрочуените плази Пефкулија, Милош, Катизма, Егремни и Порто Касики. на овие плази ( последните две)се стасува со брод или со кола која се остава на рид и до доле имате околу 100скали за симнување. За надоле не е тешко ама за нагоре душа излегува плус ако имате цадори за сонце , торби лезалки и др. реквизити. На овие плази речиси секогаш има бранови и се неугодни за мали деца кои не знаат да пливаат или тек се учат. Сонцето пече безмилосно и одма горите.Нема сенки нема дрва само чадорот ве штити ама и тој тешко ве заштитува. Единствено ви останува да си одите порано оклу 13-14н. Се на се кога ке се собере убаво е да се иде и да се види. Мислам дека ке поминете убав одмор на Лефкада. Тие што одат со коли мозат да го шетаат островот. другите што одат со автобуси има мотори или коли за рентање ( пазете сите рентаат и нема доволно возила и мотори) и со нив да го прошетаат островот. За оние кои одат преку агенции пазете каде ве сместуваат ( не сакам да дадам лошо мислење за агенциите), затоа што мозе хотелот да е подалеку од плазата и ако немате свое возило или немате ништо за рентање мозе да се случи цел одмор да се банјате само во базенот на хотелот. Ви ги препорачувам екскурзиите со бродовите што се организираат .Бродовите тргаат од Нидри во 10н наутро и ги посетуваат двете наубави плази Егремни и Порто Касики каде има бањање после се оди на Кефалонија во Фискардо, па на Итака, се посетува една пештера и на крај островот Шкорпион кој е во сопственост на фам.Оназис. сето тоа кошта 15е по човек. За мали деца мозе и бесплатно. Вракање во 18н. Убаво и незаборавно. За сите кои сакаат да прочитаат еден мн добар патопис од Лефкада нека ја видат оваа страна http://putnica.mojblog.rs/p-lefkada-200 ... 64909.html . Се надевам дека сите ке си поминете убаво со убави спомени и пријатни секавања.
     
    На Rubinka7, Lilit и maca99 им се допаѓа ова.
  19. anita84

    anita84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    da ne znae nekoj kolku pari e da iznajmis kola ili skuter ili onie sto se ko na 4 trkala motorcinja
     
  20. alf

    alf Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Машки
    Мислиш во Грција нели??? Се зависи од местото. На островите е поскапо. Мислам скутер дека е 15е од ден + гориво сам си ставаш. Колите се некаде од 30-40е зависно што возило ренташ и пак + гориво. Го земаш со наполнет резервоар го вракаш со наполнет резервоар.