Може ли да кажеш искуство од Лефкада со сместување, храна, морето какво , водата дали е топла/ладна, и секако дали има каде да се прошета и дали има убави погледи за сликање
За шетање и поубави погледи од таму и тешко на др место да најдеш. Преубав остров, со ме реално убави бои. Водата најтопла во август и септември. Сметена секогаш сум во Нидри, за храна има куп ресторани за седнување. Годинава трет пат по ред одам.
Освен Агиос Никитас, каде би можеле да бидиме сместени за да сме поблиску до убавите плажи? Гледав на боокинг за Агиос ама ниту еден смештај не ми фати око а прескапи се.
И јас ќе идам почеток на септември, во Агиос Никитас ни е смештајот. Предлог места и плажи за да ги посетиме? И едно прашање за тие што биле, дали плажите веднаш штом ќе влезеш во море, водата е длабока? И дали има плажи кај што некое време е плитко морето.
Ние преку агенција резервиравме во Агиос Никитас, почеток на септември, 7 вечери за смешна цена од 300е. А на букинг за истото местенце се изгор скапи.
Едно олеснување барајте преку никана сместување имате и за 7 дена 240 евра за апартман во септрмври, цена за апартман не по лице