Ние бараме со free cancellation опција, си ја букираш и во меѓувреме или подоцна ако најдеш нешто подобро, ја откажуваш. Има повеќе избор порано, а и мислам дека се поевтини. Баравме на западна страна каде што се плажите али беа доста поскапи. А и со коли сме секако, ќе шетаме.
Резервиравме одмор на Лефкада во Порос ама ме фаќа страв бидејќи сме со мало дете, искуства? Сме биле на Лефкада и токму затоа го избравме источниов дел, ама не знам дали е доволно развиено за со дете, што ако затреба аптека, амбуланта..
Зависно каде ќе бидете сместени. Од Лефкас можно е да има некои автобуски линии до плажите, пребарај KTEL buses Lefkada, за најрелевантана информација. Од Агиос Никитас до Милос можеш да стигнеш пешки со некои 20тин мин пешачење преку рид, значи стрмно пешачење или преку такси бродче. Исто така, изводливо е од Агиос Никитас пешки до Катизма, има неколку километри преку магистралата и после надолу кон плажата десно. Сите други плажи мора со некаков превоз.
како што знам нема автобуси редовни, тешко ние одевме со дневните бродски тури, имаш опција крстарење да ги поминиш сите во еден ден Порто Кацики, Егремни, Катизма, Мегали петра.. има и посебни тури за секоја плажа проверете на пристаништето има штандови колку сакаш и какви сакаш опции, не се воопшто скапи