Минатата години за рентање Gilera мотор за 3 дена плативме околу 40 евра а бевме Септември почетокот.......
Anita ke odis vo sopstevena rezija ili preku nasive agencii? i jas vo septemvri ke odam, valjda ke ni se pogodi vremeto
dali nekoj bil preku agencijata talija travel vo vasiliki?.. mene mi se dopagja ponudata ama nekako ne mi e sigurna agencijata...
и јас денес уплатив за 3 Септември преку агенција Пет.... студиа Космопол......можеби ќе се видиме некаде .... убаво да си поминете у секој случај
Ај и ја едно review да направам да надополнам на постот на славица Спојлер За патот и јас можам да искоментирам едно големо браво. Навистина е долго патувањето, поготово ако сте слаби како мене, па ќе почнат да ме болат коските на газот, а места за застанувања нема, ама ќе си земете некое перниче и решен проблем Мене ме заморија сите тие тунели, одвреме навреме задремував, па кога и да отворев очи пак бевме пред тунел и почнав да вријам од нестрпливост Ние бевме сместени во Аг. Никитас. Местото е селце, многу малечко, ритско, постојано во искачување или симнување почнувајќи од плажата. Мене ми беше совршено, ми прирасна за срце до толку, што сакав да се преселам таму Македонци таму нема да видите, Срби можеби малку, Италијани за извоз, по некој Швеѓан, Швајцарец и мноооогу млади Грци кои за викенд на тродупло се множат. Плажата е малечка, постојано има паркирано некои чамчиња, ама сепак водата е многу чиста. Сонцето ја фаќа плажата после 8, па многу рано и не се иде на плажа. На пладне исто рано фаќа сенка на плажа, ама може да се поместите на десно, на една друга дива помала плажа, па да си дремкате до 7,8 саат (само овде не е толку убаво за пливање, има камења и треви). Водата е топла, освен на едно место покрај карпите под кафичот (он д рок) каде во плиткото идеа некои ладни струи (можда некој извор под карпите, којзнае). Како и на повеќето места во Лефкада, и овде со секој чекор влегуваш се подлабоко, така да не беше многу за мали деца, иако на некое чудо, ги имаше стварно многу. Апартманот каде бевме сместени беше на повисоко место и беше рај за одмор (150м од плажа) Сопствениците беа премногу фини, направија се да ни биде удобно и пријатно, имаа прекрасен двор, расцветан, раззеленет, миризлив (ако сака некој инфо, да не правам реклами, нека пише лп). Штом дојдовме газдата ни кажа 3 битни ствари за подобар одмор за кои се уверивме и сами и немавме никакви проблеми. Чичково изгледа не ги обичаше многу луѓето од Нидри, зашто и за самиот град ни рече дека наликува на некој од каубојските филмови, една улица и куќи од двете страни на улицата (затоа и не појдовме натаму). За храната можам да ви кажам само да не јадете гиро во Аг. Никитас. Одвратно! Наместо тоа имате куп ресторанчиња каде има од солидна до одлична храна и кафичи каде пивото во просек беше по 3 евра (што беше доста поефтино од Сарти на пример). За едно мало селце, беше доста раздвижено, весело, многу музика и млади. Гирото беше 2,5евра, палачинките во просек 3евра со додатоци, риба во зависност каква од 6евра па нагоре, меса (пилешко, свинско...) од 8евра па нагоре. Морам да го споменам ресторанот Посејдон, на почеток од шеталиштето, имаа превкусна риба на денот (којос, ојос којзнае како се вика ), а уште подобри келнери. Дечкото што не служеше беше можеби најдобриот лик што го сретнавме таму, дружељубив, насмеан постојано, муабетлија, интересен.(само не зимајте овде помфрит, го пржат во зејтин од риба и беше бљак). И да, слободно можете да си кажете дека сте од Македонија, нема да наидете на никаква негативна реакција. Во посета бевме навечер во градот Лефкас, каде залутавме по тесна уличка за да откриеме огромно шеталиште. Градбите се баш грчки, не се воопшто типично туристички (како и во Аг. Никитас) па можда затоа и ми се допадна доста и градот. Тука имате ресторанчиња на куп со просечни цени, нит скапо нит ефтино. Ние јадевме пици кои беа од 8евра па нагоре, а беа доста солидни. Градот, а и селото иначе е доста скап за сите ствари. Едно пазарење во маркет во Никитас нема да ве кошта помалку од 15евра. За сувенирите важи истото. Повеќето продавачи зборуваат течно англиски и италијански. Одма до Аг. Никитас е плажата Милос, може да се појде пешки (ако ви се качува по ридот), а има и такси бродчиња кои возат за 6евра до таму и назад. За останатите плажи...Катизма прво. Катизма е на 3км од Никитас, убава долга плажа, 2лежалки со чадор се 6евра, паркингот не се плаќаше. Ако имате среќа ќе ви се погоди помирно море, затоа што се случува да има стварно големи бранови. На Катизма е добро што има доста кафичи и ресторанчиња над плажата, па може да останете тука цел ден, засолнети во некое од нив од сонцето. Цените се просечни. Ние седевме во Либре, најлево на плажата гледајќи кон морето и јадевме убави сендвичи од 3 евра. Сендвичите беа ептен тазе, а компирчињата ги пржеа во моментот на нарачката, убави, сочни, топли. Имате избор за храна, базен под сенка и тепање време со шах или табла до кај 4,5 саат Бевме и до Егремни плажата која беше дефинитивно најубавата плажа од тие што ги посетивме. Има 354 скали кои водат кон плажата, ситен песок како брашно, тиркизно море и сенка во пештерите, ако фатите некоја навреме слободна. И овде имате лежалки. За нагоре по скалите нека ви е со среќа Огромен минус за неасфалтираниот и тесен пат, од кој едвај се извлековме (ќе почнев да паничам ако останев уште малце таму). И огромен минус за само еден кафич на плажа со сумљиви сендвичи и без тоалет! Поради грдиот пат, не се осмеливме да појдеме до Порто Катцики. По пат низ планината ќе наидете на еден куп селца кои се доста населени, посетени, куп таверни, ресторанчиња, убави местенца. Ух, дугачко ова испадна Воглавно преубаво местенце, преубав остров, преубаво чисто и топло море, фини луѓе. Јонско Море ми се чини е најубаво море (на секое излегување од вода си дувавме нос во паломи ) На пат кон дома застанавме и после Филипијада, покрај реката Лурос (мислам дека така се вика). Ресторанче покрај реката долу, за храна не толку добро (иако, искрено, беше вкусна), ама за патот што не чекаше подобро за кафенце, сок, вода и разладување. Слики во прилог... Предобри впечатоци, сакам пак.
Ние ке одиме со кола, па ако може предлог каде да се сместиме да бидеме во близина на плажа, и колку е сместувањето? читав дека понти било убаво, па ако може нека советуваат тие што се вратија
Убави апартмани со дворче и излегуваат на самата плажа во ек на сезона беа 70 евра (2 соби и купатило ) а веќе во втор ред цените на вилите паѓаа од 40-60евра зависи. Сега претпоставувам дека се поевтини. Провери на букинг
Гледавме некои понуди од Игуана за во јули за Лефкада.Според мене не се нешто скапи.И местото си е убаво,одма до плажата е. Ќе видиме што ќе биде. Ваши мислења и предлози?
Зависи до кои плажи е, ако е кај Нидри таму нема убави плажи сите се на другата страна.И исто зависи дали ке одите со кола или автобус, ние бевме со кола и бевме сместени во Нидри па не ни беше проблем секој ден да патуваме до плажа и секој ден на различни. Но на плажата на Нидри не отидовме ниту еден ден.
Од Тера Травел видов дека имаат понуда за Агиос Никитас во Лефкада, на кого како му одговара, би ви препорачала овде подобро да се сместите него ли во Нидри. Поубавите плажи се поблиску, а и местото е прекрасно, полно со млади
Јас бев лани на Лефкада-И ЛУДО СУМ ВЉУБЕНА ВО ОСТРОВОТ Бев сместена во Агиос Никитас, сами отидовме со кола и сами си најдовме сместување. Во претходните постови се е убаво кажано така да нема да се повторувам. Ако има некое конкретно прашање-тука сум.
Бил некој во Понти Бич хотелот во Василики?? Има убава понуда па се мислам. Ако бил некој ке го замолам да сподели искуства
Здраво ! Планирам летово да одам на одмор во ЛЕФКАДА, односно на местото Василики во хотел Аполо. Гледам во претходните мислења има нешто напишано од некои форумџики за Лефкада. Ме интересира? 1. Има ли некој организиран превоз од местото Василики до други плажи, нешто се споменува дека има такси-на вода , до кој плажи е и која цена ? 2. Како се цените во лефкада пр.лежалки, кафиња, пиво... 3. Која е цената за изнајмување скутер / возило. 4. Ако некои има информации какви се јадењата во Хотелот Аполо(појадок-шведска маса, вечера:3 jадења по избор)
За летово се мислам меѓу Пефкари на Тасос и Василики на Лефкада. Ако некој бил ме интересира какви се местенцава има ли навечер да се прошета или се мали и пусти и какви им се плажите? Друго многу битно е како се поврзани со другите делови т. е. плажи на островот, мора рент а кар или има автобус или бротчиња до плажите и отприлика кои им се цените?
Мајка ми и татко ми сакаат да одиме во Лефкада,имаме роднини што се фалат дека е едно од најубавите места во Грција,а баш и слики гледав-убавини.Мене ми е сеедно каде само да е во Грција на море,ништо друго.
Чекаме импресии кога ќе се вратиш Јас со дечкото ќе одам 13 јули отприлика, ама на западната страна ќе бидам изгледа сместена
Не би да ве разочарам али Василики..... .. место со најлоша плажа од целиот остров. Зелена вода, многу време плитко, плажата со мешавина песок/камен и одма улица над плажата. Зборам во споредба со другите плажи со преубава сина вода, василики нема врска. Организиран превоз на островот многу слабо. Има од Нидри некои комбенца но не до сите плажи. Од Василике организиран превоз-незнам. Во секој случај, да одите на Лефкада а да не изнајмите превоз за да ги видите сите ПРЕУБАВИ плажи - греота е