Одлучив дека оваа година заслужено ќе ја посетам Лефкада. Буџет имаме, ама сепак гледаме да најдеме нешто прифатливо. Ми треба совет за тоа каде на западниот брег да се сместиме. Имаме две опции 1. Floxenia Apartments , во местото Tsokulades, кое се наоѓа некаде северно западно, како што ми кажаа, а и од google maps на 5 мин. со кола од главниот град, на 10-тина од Агиос Никитас итн. Тука ми нудат 40 евра од вечер за студио за двајца. 2. Lenia Hotel & Apartments, во местото Kalamitsi, ама очигледно подалеку од плажата Kalamitsi, ама поблиску до сите останати плажи. Тука нудат 30 евра од вечер за студио за двајца. Овој смештај не е во многу урбанизиран дел. Ние како и да е, планираме да возиме по сите плажи кои вреди да се видат, ама од 10 дена, сакам барем 3 дена да не се качам во кола и да отидам пешки до плажа. Ми изгледа дека ова во Каламици, нема да може да ми се оствари. Ве молам за совет и мислење од сите што сте ја посетиле Лефкада, која од овие две понуди ви се чини подобра, а воедно ако имате нешто друго на памет за смештај каде да најдеме, би ви била благодарна ако споделите
лани бевме со мм во Lефкада поточно во Bасилки,плажата не е убава таму,местото е створено за сурфери фино лепо си изнајмивме скутерче,мапата со нас и цепај ....плажите се неописливо убави,водата да не зборувам каква е раааааааааај.....нешто што мора да се види дефинитивно и да се повтори навечер си има шеталиште,мирно местенце воо секој случај...инаку моја препорака е да се сместите во западниот дел од остовот бидеќи сте поблиски до најубавите плажи на цел свет
лани бевме со мм и хотелот не е лош,скоро секоја вечер си имаше група македонци и свиреа рок,собите се стандард ништо посебни со тераса и вц-битно чисто,на 2-3 ни менуваа постелнини,онака секој ден ни ја средуваа собата,доручекот шветска маса(мала) али убава,а вечерата така-така некојпат убава ,некој пат не ти даваат избор од 3 јадење и треба да си заокружиш,кај нас беше на тој принцип
И двете места се на високо, така да ќе треба или ептен пешачка или палење кола за до плажа. Тсукаладес е поблиску до Аг. Јоанис западна страна од градот Лефкас, меѓутоа тука попладне има мн високи бранови и е наменето за сурфери. Исто е и со Каламитци, поблиску е до плажите, меѓутоа треба константно возење. На Катизма има сместување, преубава плажа...само може да е поскапо. Тука немаш ни маркети ако нешто затреба. Аг. Никитас е слатко мало селце, имаш излез на мала плажичка, бродчиња секое утро околу 11 што возат до Милос плажата (може и пешки да идеш), продавници, ресторани... Ноќен живот послабо, меѓутоа ако не ти се вози, кај и да си сместен за 5мин ќе си на плажа. Василики има исто излез на море, мислам дека има и пристаниште за шеткање со бродче на околните плажи. И за таму имам читано дека е сурферско место, но еве поназад Славица прочитај ја има дадено убав опис, па може ќе ти фати за око Види на гугл мепс добро разгледај ги местата кое ќе ти одговара за седиште, па после гуглај сместување во истото Ако се двоумиш за апартмани Спојлер на овој форум мислам дека ќе најдеш за речиси сите вили информации http://www.putovanja.info/forum/forum/38-jonsko-more/
Која цена е за превоз со милос плажата и колку време има одење пешки од агиос никитас? И има ли превоз и до други плажи и кои се цените и кои плажи се најубави да се посетат? Исто така ме интересира какви е морето на овие плажи дали има многу плитко или одма е длабоко? Исто така какви тури има дали има пример крстарење некое или некое место што вреди да се посети И каков е ноќниот живот во агиос никитас има ли дискотеки и кафичи?
Превоз до Милос мислам дека беше 6евра повратна. Бродчето идеше сабајле во 11 и се враќаше попладне кај 6, 7...така нешто. За пешки... требаше преку брдото да се иде, по козји патчиња, груба проценка на газдата каде што бевме сместени, рече дека 15тина мин се иде. За натака полесно, за назад по угорницата...потешко Од Аг. Никитас немаше превоз со бродчиња до други плажи, а ни автобуси, значи или свое возило или да изнајмиш. Катизма е на 2км така нешто, доста блиску, а е стварно преубава, супер паркинг простор, над плажата кафичи што нудат и храна. Морето... нема многу плитко, со секој чекор е подлабоко, така да на 1 метар од влез, веќе може да ти е до половина водата (ова на сите плажи, во Аг. Никитас имаше и плитко, се бањаа дечиња). Може да начекате и доста големи бранови, од интересни до доста страшни искрено Најубави плажи... сите на западната страна се убави Најфалени се Порто Катцики и Егремни, само јас би рекла дека патот до нив е доста лош. Воглавно патот низ Лефкада е добар, а и ептен им се симпатични селцата, меѓутоа кај овие плажи веќе е неасфалтиран, прашина, нема паркинг, а на плажите и нема тоалети, тушеви, кафичи...нешто за разладување. И кај двете има доста скалила. Затоа е најубаво истите да се посетат преку море. Од Аг. Никитас нема пристаниште, нема тури со бродчиња, меѓутоа наоѓавме флаери за од Нидри, тури за околните острови, Кефалонија, Закинтос, како и плажите на Лефкада. Ние тоа не испробавме. Во Аг. Никитас, како што е мало, навечер има доста гужва. Дел што се стационирани тука, навечер се враќаат, а и за викендите има и доста Грци. Млади, како што напоменав претходно, има доста, воглавно Грци, проблеми немавме никакви Има кафичи, дискотека не. Кафичите искрено се полни, шиткаат и ракија под рука српска музика нема, рок, реге нешто такво Срби мн малку, Македонци ич, Италијанци и Грци најмногу. Мене Лефкада ептен ми се допадна, спој на совршено тиркизно море и преубава природа. Од една страна чистотата на водата, од друга страна мирисот на маслинки и цвеќиња. Стварно е преубаво. Зелено и сино
Сигурна сум дека ќе планирам да одам на Лефкада во јули. Единствено неможам да се одлучам дали да одам во Василики или Агиос Никитас. Планираме да одиме јас и дечко ми сами.... Нека помогне некој што ги посетил и двете места
Не сум била, ама како што ми кажувале сите нема убави плажи. Сите убави плажи биле на западниот дел од островот. Јас одам од 13 јули, сами си најдовме смештај, побарај на интернетов има милион вили, праќај им мејлови, се наоѓаат пристојни цени
Од она што го најдов на интернет, се е нешто поскапо, полуксузни хотелчиња и вили па многу е поефтино преку нашите агенции. Може ли да ми помогнеш каде поточно да барам, можеби не барам на правилно место Колку ќе плаќате со смештајот кој што сте го земале за од 13ти јули?
^ Овде имаш избор на апартмани, вили, хотели... ќе си земеш мејлови и ќе им пишеш термин во кој сакаш да одиш, за колку луѓе/кревети и побарај цена и можност http://www.holidaysinlefkada.com/index.php или пиши на гугл lefkada apartments Значи, прати мејлови на колку што е можно повеќе и види што ќе ти вратат. А ако ти треба повеќе инфо за некоја вила, пиши, ќе изгугламе ќе најдеме нешто Иначе нашите агенции повеќе нудат за Нидри и за Василики. Василики во хотелот добра е понудата. И да се извинам, горе сум пишала дека нема автобуси, а најдов инфо дека има (ние ниеднаш не видовме автобус да помине, може терминот не сме го погодиле). Чичко гугл вика дека има од Нидри и Лефкас автобуси што проаѓаат низ Аг. Никитас.
Во Агиос Никитас? Те молам одговори ми побрзо...да знам дали да резервирам во некоја агенција. Јас денес сегде каде што пратив маил и каде што исконтактирав се е над 330 евра за двајца. Плус малку ни е проблематично затоа што ќе одиме со автобус, па незнам ни дали ќе најдеме соодветен превоз. Во една агенција која има аранжман за Агиос Никитас, прашав дали може да се земе само превоз, ми рекоа дека може ама ќе ме информираат 7 дена пред тргнувањето затоа што предност имаат тие што имаат целосен аранжман...па ако остане место, а тоа не е многу сигурно. Незнам што ќе испадне на крај, а многу сакам да отидам во Агиос Никитас Те молам, пиши ми од каде го најде студиото или прати ми линк да го видам, да исконтактирам доколку можам. Фала!
250 евра за кој период? Ако може инфо во ЛП доколку имате број, мејл. И јас сакам да одам, а буџетот ми е ограничен. Фала
Не не, во Tsoukalades најдовме смештај ние, односно 1 км пред Tsoukalades кога доаѓаш од Лефкас - главниот град. http://www.pansionlaertes.gr/ Ова е смештајот, ние сме со кола па не ми претставува проблем да палам кола за до продавница, смештајот ќе ми биде исклучиво за преспивање, а преку ден планираме да бидеме по плажи. Го исконтактирав газдата по мејл, ни побара 75 евра депозит, остатокот кога ќе пристигнеме. Вчера ги уплатив парите и едвај чекам да дојде 13 јули
Ааа епа супер тогаш. Само во мојот случај не одговара за без кола, затоа барам точно во Агиос Никитас, ама најефтиното што го најдов до сега е 350 евра, со тоа што кога комунициравме со газдата кога го прашав за пониска цена ми рече 330 е најниската цена што би можел да ни ја даде. Убаво да си поминете...
Која цена е за изнајмување кола и дали треба мегународна возачка дозвола? Ако треба каде и како се вади и колку пари е? И дали од Василики има превоз до убавите плажи и кои се цените? тнх
Незнам за што да се одлучам. Најдовме сместување во Агиос Никитас 330 евра за 9 ноќевања за двајца, плус по 45 евра карта за автобус (420 вкупно)... А во Василики 380 евра не кошта сместувањето заедно со картите за автобус. Тоа се 40 евра разлика... но кога ќе размислам Агиос Никитас е многу поблиску до плажите, гледав и километри на интернет...па кога ќе видиш тие 40 евра пак ќе ги дадеш во василики ако не и повеќе за да отидеш до тие плажи да ги видиш. Го замолувам некој што бил, што знае малку повеќе да ми помогне... Или пак, размислувавме дали само да отидеме со автобус во Агиос Никитас и таму да си најдеме сместување, само ми е страв пошто не сме со кола па кога ќе не видат може повисоки цени да ни даваат и ќе немаме друг избор... како оди ако таму си бараш така сместување?