Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лефкада (Грција)

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од milickimk, 3 јули 2011.

  1. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Ќе идеме во Агиос Никитас.Најдовме доста примамлива ласт минут понуда за 250 евра одприлика смештај без превоз,и превозот плус за двајца околу 90 евра мислам.Ќе идеме сега на 27ми.Едвај чекам да ги видам тие убавини. :inlove:
     
    На QueenB му/ѝ се допаѓа ова.
  2. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    97% одиме во Агиос Никитас на крај на август. ^_^
    Секоја информација која ја имате за островот и местата кои може да се посетат надвор од селцето се добредојдени (вклучувајќи ја и цената). :)
     
  3. LejdiD

    LejdiD Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    ^^^^Дали сами си најдовте сместување или ке бидете во вила Спирос зашто единствено таа ја нудат од агенцииве??????? АКо сами сте нашле ке ве замолам да ми дадете линкови од сместувањата и каде сте ги нашле?
     
  4. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Преку јк травел ќе одиме во вила спирос.
    Ако имате нешто критики или пофалби за агенцијата пишете. :)
     
  5. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Барав сама сместување, но не добив цена пониска од 50е од вечер и тоа од 27 август, така да Вила Спирос преку Сама Холидеј. Ја барав вилата на интернет, не ја најдов. Може инфо кога ќе се вратите од Вила Спирос, а по можност и фотки? :)
     
  6. monn9

    monn9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    јас денес се разочарав веќе ништо слободно нема од агенцииве за василики од 04.07... :( и сега незнам што ќе правиме. За вилата Спирос, несакам да ве разочарувам, но слушав многу лоши критики дури во една агенција каде што се јавив, само не ми текнува кога беше мислам Тера травела (не сум сигурна) ја извадиле и од понудата затоа што цело време им се јавувале со жалби, имало премногу влага и слично... не сум била за да знам сигурно, ова е што ми кажале. На крајот на краиштата... многу малце време се поминува во смештајот и колку што знам местото е прекрасно па нема ни да се примети вилата е мое мислење :D

    Мене многу м ие криво мислев денес ќе резервираме за во василики, но нашиве агенции нудат само 2 вили катерина и илионс и сите се зафатени за тој период а другиот е веќе 30 евра поскапо од човек :(
     
  7. monn9

    monn9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    Каде го најдовте овој last minute?
     
  8. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    http://www.jk.com.mk/mk/TopOffer.aspx?id=11
     
  9. honesty

    honesty Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    296
    Како тоа сите агенции ја нудат само вила спирос? јас планирам сместување да барам на лице место, секоја година така си наоѓаме, ем поефтино, ем поубаво. Се мислам околку местото само, дали Агиос никитас, Никијана или Василики? Слушнав дека во Василики имало големи бранови ама замолувам некој што бил да ми каже дали е тоа преку цел ден или само попладне. Секоја помош е добредојдена.
     
  10. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    6.233
    мене ме интерсира дали во главниот град на лефкада има плажа затоа што ако одиме во грција сакам да го посетиме па незнам дали цел ден да му го посветиме или само вечерта
     
  11. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Во самиот град нема, има пристаниште. Најблиската плажа е Аgios ioannis, се наоѓа на 3км негде од центарот на градот. Водата е чиста и убава за пливање наутро, попладне идат ветрови и создаваат бранови, па местото е полно со сурфери и едрилици. Тоа е оваа плажа
    [​IMG]

    Другата поблиска плажа ви е на Лигиа, некаде 6км кон Нидри патот. Тоа според гугл е оваа :)
    [​IMG]
     
  12. Boobydyboop

    Boobydyboop Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2013
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    7
    Бидејќи со дечкото ќе идеме преку агенција со автобус па зашто ни двајцата не сме некои искусни моторџии ме интересира дали е паметно да се рента моторче во смисла дали е ок патот низ островот и прашање за поупатените доколку знаат дали има rent a bike на Агиос Никитас и колку евра е од ден би била благодарна доколку ме информираат.
     
  13. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    4.347
    Дечки сакам да резервирам во Нидри. Ве читав и малку сум скептична со оглед на тоа што велите дека немало плажа. Најдов на интернет некои слики и имаше плажа, но не изгледаше убава и песочна.
    Што мислите вреди да се оди?
    Јас имам големи желба да ги посетам тие другите убавите плажи. Но се знае ќе појдам на крстарење 2 до 3 пати...а другите денови не би сакала да ги поминувам во место каде што нема плажа. Да би одела со кола немаше вака да се двоумам.

    Ај ве молам дадете мислење дали ќе згрешам оти морам до утре да се одлучам. :?:

    И ме интересира дали во Нидри има ноќен живот?
     
  14. LejdiD

    LejdiD Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Ајде некој што бил на Василики нека ми каже дали од таму има превоз до останатите плажи? Значи не да изнајмувам нешто туку организиран превоз и колку пари е? Исто така претпоставувам дека има тури до порто катсики и за тоа која цена е? И во хотел Аполо ако бил некој да каже храната каква беше?
     
  15. provocativewoman

    provocativewoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2013
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    decki spasuvajte kazete dali da uplakame za nidri bez kola sme ima li kombinja avtobuscinja i sto ceni se dvizat ?
     
  16. monn9

    monn9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    Не сум била на Лефкада, прв пат ќе одам летово на 15ти јули во Агиос Никитас. Ние сме 4ца па имавме обезбедено кола и само резервиравме сместување за таму.
    Многу читав периодов за Лефкада и Нидри велат дека е најлошиот избор на овој остров. Истото ми го кажаа и луѓе кои беа таму. Има организирани превози за до негде, но незнам како одат цените и слично.
    Доколку сте без кола би советувала да одите во Василики, исто така го нудат и нашите агенции доколку немате кола. Исто така е развиено место и ми кажаа дека си имало превози и од ова место, а има многу поголема предност од Нидри. затоа што ем си имаш плажичка во самото место, не е многу голема но изгледа многу убаво и чисто, ем и да најдеш превоз да отидеш некогаш до останатите и тие големите плажи во секој случај си многу поблиску до нив отколку да си во Нидри.

    Од нашите агенции нудат едни вила катерина со вклучен превоз, мене многу ми се допаѓаат и најпрво мислевме дека ќе одиме таму затоа што требаше да бидеме само јас и дечко ми без кола, но ни се сменија плановите. Студијата се наоѓаат веднаш до оваа плажа http://www.youtube.com/watch?v=n9qlfgpRnCA

    А блиску до Василики, провери и километри на гоогле ќе ти даде точно е исто така и Агиофили плажата, која исто така ми рекоа дека е прекрасна. http://www.youtube.com/watch?v=ulOgiJD7iKA
     
  17. monn9

    monn9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    Јас ги замолувам сите оние што биле на Лефкада со кола, да ми пишат неколку информации во врска со патот.
    Знам дека нема траект, туку има подводни тунели. Колку се плаќаат овие тунели и дали има 1 таков да стигнеш до Лефкада или 2 такви треба да поминеш?
    Исто така, дали има и мост па да имаш избор дали сакаш да одиш во подводните тунели или по мостот?
     
  18. Milickaa

    Milickaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Некој што бил веќе Лефкада може ли да ми каже дали има нешто автобувчиња што одат до плажите и колку пари се?
     
  19. provocativewoman

    provocativewoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2013
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    каде ке бидеш сместена
     
  20. little.gf

    little.gf Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2013
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    42
    Супер место тие што сакаат да одат нека не се двоумат ;) позз фемини :* :* :*