АЈ НЕКОЈШТО ЌЕ ОДИ ОВА ЛЕТО ВО АГ.НИКИТАС ДА МИ КАЖЕ ДАЛИ ТАМУ ПОСТОИ РЕНТ А КАР АГЕНЦИЈА ОД КАЈ ШТО МОЖЕ ДА СЕ ИЗНАЈМИ КОЛА ИЛИ БАРЕМ МОТОРЧЕ,БАШ БЕВ РЕШЕНА ЗА ТАМУ КОГА НА ЕДЕН СРПСКИ ФОРУМ НАЛЕТАВ НА ИНФОРМАЦИЈА ДЕКА ЕДИНСТВЕНАТА РЕНТ А КАР АГЕНЦИЈА ТАМУ Е ЗАТВОРЕНА И ВЕЌЕ НЕ РАБОТИ,АЈ НЕКОЈ СО ТАЗЕ ИНФО КОГА ЌЕ ИМА ОД ЛИЦЕ МЕСТО ДА МЕ ИЗВЕСТИ,ИСТО ТАКА И ЗА ВИЛАТА СПИРОС
Јас лани бев на Лефкада, бев сместена во Нидри, не е точно дека градот нема плажа, има плажа секако не е како оние на западниот дел, но доколку сакате да одморите ден два па и три од одење на другите плажи воопшто не е лоша. Плажата не е голема, но нема ни многу луѓе на неа бидејќи скоро секогаш сите патуваат така што нема гужва, има лежалки на неа, водата е чиста. (за разлика од Олимпик бич, Аспровалта, Неа Врасна, и некои места на краците , во Нидри можам да кажам дека е почиста) И погледот од плажата е многу убав и тропски имате палми дрвца околу вас ептен е егзотично. Ако бирате дали да се сместите Нидри или Василики изберете го НИДРИ!.... Дискотетка има една на почетокот од Нидри, супер е има и отворен дел каде што има на самата плажа журка, има доста млади, има убаво средени кафичи ( не е како Закинтос да има пијани насекаде ама е супер). Зависи многу и од агенцииите во кој дел ќе те сместат на градот бидејќи имаше лани луѓе кои одеа со Савана и се жалеа дека им мирисало и беа многу на почетокот па им беше далеку, инаку има продавнички, таверни и таман е за шетање. Сега околу превозот јас дури и би препорачала да одите без кола, затоа што едни од поубавите плажи се многу понедостапни со кола отколку со брод. Имате тури кои чинат од 15-20 евра со големите бродови Македонија Палас, Нидри стар итн. На таа е убаво да отидете ќе ја посетите плажата Егремни( ќе нема потреба потоа да одите на истата со кола), Агиофили ( една многу убава мирна мала плажа со прекрасна тиркизна вода, имаше едни што отидоа со кола до неа па се измачиле малце по патот). , ќе посетит Скорпиос, Меганиси, итн.... Дека ќе ве носат со број на Порто Катсики не им верувајте бидејќи од морската полиција поради заштита им е забрането да големите бродови да се стационираат на плажата, ќе ја видите од далеку( ние изнајмивме кола за до таму, морам да кажам дека патот е многу страшен стрмен и постојано е како провалија, значи ако сте млади не ве советувам сами да тргнете разикот ќе биде со вас) слушнав дека имало мало бродче до таму што оди па ако сакате распрашајте се и најдете го инаку Порто Катсики е стварно совршенството на медитеранот. Инаку од Нидри има највеќе превоз до плажите бидејќи има автобус. Пример до Катизма, (исто така преубава плажа интересна, со кафичи, со голем паркинг лесно достапна можам да кажам и најлесно достапна а навистина прекрасна) од Нидри до Катизма повратно со автобус мене лани ме чинеше 7 евра човек( со тоа што имате автобус до Лефкада главниот град( кој што чинеше 2 евра, со тоа што од таму одма се префрлувате на друг автобус кој чини 1,5 евра и ве носи до Катизма, исто така ако сакате и до Агиос Никитас) Од Агиос Никитас имате бродче што ве носи до плажата Милос, може и пешки, исто така плажа која остава без здив. Василики бев и не ме воодушеви воопшто, што не се однесува на оние кои се сурфери, таа плажа е за тоа. Потоа од Нидри имате некаде 5-10 мин со такси кое чини 10 евра до Десими (камп плажа не е тиркизна вода но е убаво да се посети, топла вода интересно место, природно) можете и пешки, но ќе се изнаодите околу 30-40 мин, пример мене ми рекоа дека е блиску и тргнавме така пешки по главната улица и пешачевме некои 30 мин или 40 не се сеќавам точно, но ако сте млади ве држи егзибиционизмот тогаш низ муабет, одете и пешки посабајлечки па после вратете си се со такси на топлото. Инаку друго сакав да кажам има и помали тури со бродчиња отидов и на тие, но можам да кажам дека е доволна и само една тура со големиот брод. Исто така со бродот се оди и до околните острови Кефалонија, Скорпиос, Итака, Меганиси, и до една пештера. За цените лебот беше околу 1,5-2 евра колку што се сеќавам, гирото беше тука некаде 2- 2,5 евра. Нема да зажалите ако го посетите островот и да сте без кола ако сте доволно ангажирани и сакате да истражувате и уживате тоа е местото за вас. Знам и луѓе кои отидоа на Лефкада, и се вратика ууу никогаш повеќе но верувајте таквите се оние кои седат во место и чекаат убавината да име на дофат(значи не мрднаа од НИДРИ , всушност тие беа го видоа Нидри а не лефкада). Ако го интересира некој нешто нека ми пише, инаку ЛИДЛ имате во главниот град Лефкас, а оддалеченост од Нидри до Лефкас и плажата Катизма е околу 20 мин со автобус. Јас ќе одам и годинава во Нидри, а ќе одам пред тоа на Ипсос, па ако може некој што бил на Крф да ми напише пп вака да знам како што да посетувам. Поздрав, и отидете нема да зажалите. Рајот е на ЛЕФКАДА!!!!
KDKP Ова е првпат некој да напише дека е убаво да се биде сместен во нидри и тоа кога гледам дека ти е е единствено мислење на форумов си помислив да не работиш во туристичка агенција Шала на страна, ајде кажи колку пари ќе ми требаат во тие 9 дена само за превоз и за тие тури со бродчиња? Ако е 7 евра вкупно дневно со автобус како што разбрав, тогаш еве не 9, 7 дена да патувам тоа се 49евра само за автобус. Јас ќе речам НЕ, благодарам. Остај што тоа се многу пари за превоз јас не одам на одмор за да се малтретирам да патувам по пола саат до плажа може и повеќе и што е потрагично со 2 автобуси, одам да се одморам и колку е можно поблиску треба да е плажата не само што е малтретирање туку е и непотребно губење време и пари. Многу читав за Лефкада зошто сакам и јас да ја посетам и овде прв пат наидов на ваков став. Како и да е, секој со своето мислење јас ако одлучам да одам ќе одам во Агиос Никитас, ем е блиску до убавите плажи ем самото местенце си имало мала плажа а и пешки се стигало до една од убавите. Василики како што разбрав било само за сурфери. Ако некој види некоја понуда за агиос никитас каде нудат друга вила освен Спирос нека пише тука.
Вака...јас вчера се вратив од Лефкада,поточно од Агиос Никитас.Бевме сместени во вилата Спирос. Прво да кажам газдата си е супер,баш е фин.Сам ги чисти секое сабајле собите,има тераса со поглед на море,топла вода има за бањање,опремено е со се во кујната,и тоа би било за вилата.Одалечена е едно 10 минути од плажа.За плажата немам коментари,преубава е.Пробавме да се качуваме и по карпите за од другата страна ама има таму што да се гледа нешто како нудистичка. Не се чудете ако налетате на такви,повеќе ги имаше. Ние си изнајмивме моторче 15 евра од ден,ама подобро уште пред да тргнете од најблиската бензинска ставете бензин за да ви стигне.Ние за 10 евра ставивме и немавме гајле.Кола да изнајмиш мислам е 50 евра од ден затоа се одлучивме на мотор,ама ако се повеќе луѓе не е скапо ни кола. Обавезно посетете ги градот Лефкас,од таму си земавме сувенири бидејќи поефтини се,посетете ги Порто Катсики и Егремни плажите нема да зажалите преубаво е,Катизма плажата исто.Ако можете и во Нидри поминете и таму е убаво. Исто да не заборавам и на Милос плажата,огромна е,прекрасно е. Земете си или купете си од таму чадори за сонце бидејќи немаше лежалки.Од 5 евра нагоре се мислам. Цените таму си се пристапни,баш си истеравме супер одмор. Пиво,кафе по 3 евра мислам одприлика а коктелите беа по 7-8 евра. Има и крстарења,на плажата нонстоп доаѓаат луѓе да понудуваат и ќе си прашате,не е скапо вреди да се оди. Се на се тоа би било,јас сум презадоволна.Ако нешто плус ве интересира пишете ми слободно. Сите што ќе одите најубаво да си поминете.
Minnie89 има рент а кар агенција, само не сум сигурна за цените, затоа што бевме со кола.. Инаку мислам дека е околу 15 евра денот моторчето, а за тие што планираат да одат Лефкада, а да не изнајмат нешто за превоз и да седат на едно место, подобро нека седат дома, затоа што поубавите плажи не се во градовите како на пример Егремни, Порто Катсики, Гиалос, Катисма и многу многу други сите посебно убави, но до Егремни и Порто Катсики патот е многу стрмен и тесен, па внимавајте ако одите со кола :wink:
Ако може еден совет сакам да одам за Лефкада се мислам меѓу Агиос Никитас и Василики кое од овие две места е поубаво и поблиску до убавите плажи?
Незнам колку се собите од ден,бидејќи преку агенција бевме. А поубаво место според мене е Агиос Никитас,поблиску е до убавите плажи.
a od kaj go iznajmivte motorceto od tamu od mestoto imase rent a car ili od lefkas gradot? aj pls pisi poso i nie planirame
zenski planiram so deckoto i so uste eden par da ideme za lefkada. Iskreno sakav da pominam poeftino do 250 evra u grcija ama mora da se zrtvuvas nekad neli? Ke ideme so kola i najverojatno ke ideme so iguana turs vo Apolo hotelot za 254e 9 nokevanja. Stvarno ne znam so da praam, ne mi e merakot za hoteli i svedski masi samo sakam da sum pokraj more i so deckoto a ne da setam sekoj den po plazi... ima li nekoj so bil na lefkada i da najde poeftin smestaj od 250 evra ? fala mnogu
^ Па ако не сакаш да шеташ по плажи што одиш на Лефкада? Оди на краците некаде и ете ти покрај море. Аранжманот е таков каков што е зошто отидоа сите со или без поента. Поевитно, се знае, на Халикидики. Нема поевтини аранжмани за на Лефкада. Стварно ми е жално кој се не му се накачи на островов со прекрасни плажи. Му се изгуби секаква драж и желба да одам. Вриело од македонска некултура. Можеби себична љубов гаам према островите во Грција и тешко ми паѓа кога неизживеано ќе ги прошишаат сите плажи и не ги уживаат сите убавини. Од малите селца горе во планините, до локални работилници, културни локалитети, локални специјалитети, панорамски погледи и слично. И ништо не кошта многу ако убаво се организираш. Самиот импулс кој те тера да истражуваш и да го дишеш местото е нештото. А не ми се сликале со ракиица и шопска на тераса на Лефкада во сред ден и опис, ужиФкич... да си починеш од мака. И после ќе се врати и ќе ти рече, УАУ колку топ си поминавме, плажите топ... ахааааа,добро,кул си. Остров е за авантуристи и вљубени воопшто во природата,не е за секого. Извинете ама Јонски, Споради, Критски, Киклади и кои веќе не, имаат многу различни карактеристики и убавини во секоја смисла на зборот,не е само плажи, плажи и плажи,иако да, плажата и морето се главните мотиви како и на секој летен одмор. Кој како сака, се е трендовски кај нас,па се надевам ќе го растеретат островчево за да се ужива максимално и да го олабават од високи цени. Пред 5 години со сила го нудеа, во ек на сезона беше максимални 190 евра во шпиц на сезона, се сеќавам како вчера. Најголемиот лезет лани ми се направи кога си направив муабет со едно чиче кое имаше мини бар направено во најпеколните карпишта,импровизиран, луѓе мои на АГРЕГАТ, со шаторски крила (нешто навидум такво). До плажата се одеше цел саат по карпи, прашина и стримнини и ништо немаше на конкретното место да се купи,пусто,ама убаво,по пат имаше фарма со козички, пчелички, маслинарниче некое, овоштарниче. Епа не можам да ви опишам колку беше осамено, убаво, едноставно само затоа што повеќето се откажуваа да се пентарат,па да симнуваат до таму, наши имаше само неколку залутани млади (поточно четворица) и тоа се препознавме од Скопјево, останатите беа странци. Па тоа локално чиченце да ти објаснува зошто и како го натерало и како го изведува сето тоа сеееекој ден цело лето. Или да се пикнеш во некоја работилница за сувенири или преработка на маслинки или нешто такво слично... Не,тоа се посебни убавини искрено ви кажувам и се ежам додека ви пишувам. Е затоа се оди по острови. Плажа ко плажа, ќе те воодушеви моментално, ќе ти го земе здивот,ама целото искуство е нештото кое те држи и ти се пика под кожа да не можеш да прифатиш друго потоа. Патем имам неколку феминки што имам желба да ги видам на неколку острови и со сласт сакам да им ги читам патеписите потоа, зошто ги замислувам таму! Го имаат духот!
Моментално сум на Лефкада и немам зборови со кои би можела да опишам колку е само прекрасно. Тиркизната вода на морето просто ве плени со својата убавина и чистота. Сместена сум во Tsokulades, место пред Агиос Никитас кога доаѓаш од главниот град. Погледот од тераса ни е кон море и запрепастува. Денес ни е втор ден. Вчера пристигнавме околу 8-9 сабајлето, ама преморени бевме од патот, иако е убав, долг е и убива самото возење. Се сместивме во вилата и легнавме да спиеме до кај 2-3, па отидовме на Пефкулија, најблиску ни беше. Денес само што се вративме од Катизма, е стварно значи е прекрасна, уште додека возевме натаму, погледот ве воодушевува, а пак кога ќе стигнете на самата плажа, ве остава без зборови Имаше мали бранови, водата е буквално тиркизна и многу чиста. Вечерта е наменета за шетање во главниот град Лефкас. Од утре одиме по другите плажи Порто Кацики, Каламици, Егремни и сл.
Тоа е тоа што го зборам, на островите има толку многу да се види ако се сака се вратив сега од Крф, И псос, и Крф е преккрасен ама за него ќе напишам на таа тема, инаку зборот ми беше некоја феминка ме прашала да не работам во агенција? Не не работам, ама дека Нидри не е убаво и дека патот од 20 мин или не знам колку е проблем не би рекла денот таму трае од сабајле од 8 до вечер така што нека бидат и 30 мин пак не е многу ))))) За 2 дена одам пак на Лефкада, ви пишуваме после ново искуство, поздрав!!