Дали постои некоја агенција која нуди само превоз до Агиос Никитас, околу 8/9 септември? Понудиве се претежно за Нидри, а за Агиос во септември се само една недела, па мислам ќе биде најпаметна варијанта да си бараме сами сместување. А ако постои таква агенција која има аранжман од 9-18 септември, уште поарно.
Мислам дека тешко дека ќе најдеш превоз од Скопје до Агиос Никитас,може како варијанта да одите со автобус до Нидри, па од таму со јавниот превоз до Агиос Никитас, само незнам колку чини и колку често ги има тие автобуси, ние со кола бевме. А сигурно видов локални автобуси што возеа од Нидри до Агиос Никитас.
Ај тие што сте биле во Агиос Никитас сместени кажете отприлика колку пари потрошивте за одморот да си планирам дали воопшто да планирам да одам И ако може некој да ми го опише крстарењето со кое се оди до Порто Катсики дали застанува на плажата на брегот или ги остава само да пливаат во водата и колку пари чини турата? Дали има и други убави тури што не треба да се пропуштат? Исто така тие што биле во вила Спирос нека кажат каква е разликата меѓу економи студио и обично студио? Дека тоа што не е кономи е малце поскапо благодарам
И јас планирав за вила Спирос од 18ти август, но веќе нема место и се разочарав максимално. Знае ли некој агенција која нуди сместување во Агиос Никитас? Инаку баш вчера ми кажуваше еден другар, од Василики со брод до било која друга плажа е 6 евра, значи те остава на друга плажа цел ден и те зема вечерта, а за во еден ден да ги прошеташ сите плажи на кратко е 12 евра, за од Аг. Никитас не знам цени.
Некој да ми предложи сместување во Агиос Никитас или да кажете страна каде да барам по пристапни цени ако е можно???????/
Турата е 20 евра по човек. Прво за Порто Кацики-не застанува на плажа бродот. Застанува на одредено растојание од плажата и даваат 20-30 минути кој сака да плива околу бродот. Тоа ако одите со Македонија Палас. Има уште 2 брода, едниот од нив воопшто не ни застана на плажата. Искрено, мене досадна ми беше турата, никако не би одела пак. Се поаѓа сабајле од Нидри, околу 10 часот. Нас бродот прво не однесе на плажата Егремни, седевме таму нешто повеќе од час, имавме време и да се избањаме и да ја видиме плажата. Потоа не однесе до Порто Кацики, но како што кажав-само од далеку не пуштија Потоа не однесоа на Кефалонија, и таму седевме околу 1 час. Интересно беше местото, но имаше страшно лоша услуга таму каде што седнавме, не стигнавме да јадеме, зашто не игнорираа келнерите, и моравме да си станеме. После се оди на Итака. Обично островче, нема баш ништо да се види посебно. После се оди на Скорпиос, поточно на 25 метри од островот Приватен остров е, така што не смее да се пристапи на него. Се стои таму 15-20 минути, во меѓувреме капетанот ја раскажува трогателната судбина на фамилијата Оназис. Потоа бродот оди до пештерата, не влегува внатре, зашто нормално не го собира. И стои тука некои 15 минути, питај Бога зашто И после се враќа во Нидри, некаде околу 18:30. Не знам, може јас лошо пристапив кон турата, зашто со дечко ми уште од старт не сакавме да одиме, ама отидовме заради друштвото што беше со нас. Совети до сите што сакаат да одат: 1. Внимавајте од кого купувате резервации за турата Ние додека бевме на плажа (на Катизма) направивме резервации кај тип што наводно се вика Димитри (ахам :geek: ) Има 3 брода што ја прават истата тура-Македонија Палас, Нидри Стар и Ептанисос (ваљда така некако беше ). Типот ни кажуваше како сите 3 брода се на истата фирма, сите ја имаат истата тура, ама он го фураше само Нидри Стар, наводно најдобар бил Луѓе кои биле претходно не советуваа ако веќе одиме на турата да одиме со Македонија Палас, најдобар бил, да не одиме со Нидри. Го прашавме неколку пати дали може да ни резервира карти за Македонија Палас, рече да, нормално, картите што ќе ви ги дадам важат за сите 3 брода Сабајлето отидовме порано, дечките кои работат во Македонија Палас се од Македонија, не препознаа, и сакаа да ни направат услуга. Прво не прашаа каде сме ги купиле картите и од кого. Кога кажавме име, само се погледнаа меѓу себе, и кажаа дека типот лажно се претставувал и не се викал Димитри, и дека картите важеле само за Нидри Стар. Напиша едниот од нив нешто на картите и не протнаа во Македонија Палас. Да не беа тие, ќе моравме со Нидри Стар да одиме. Затоа би ве советувала да не купувате резервации од досадните типци на плажа, одете во Нидри некоја вечер и распрашајте се по агенциите, сите ја нудат истата тура. Цената би требало да е истата. 2. Обавезно земете си повеќе пара купаќи. Најверојатно ќе стигнете да се избањате само еднаш, на Егремни, (освен ако не сакате да скокате од брод кога стои), другите места кај што застанува бродот се пристаништа и не се за бањање. А за сунчање на палуба, не мора да помислувате Дува, корне, ќе оставите некој јајник или бубрег на Лефкада. 3. Одете порано на бродот, после 9 часот бидете таму. Влезете и фатете си внатре некое сепаре. Многу ќе ви треба простор за седење. 4. Обавезно земете си храна и вода. Цените на бродот се изгор (нормално, нели), а можно е да не стигнете некаде да седнете да јадете. Ако ве интересира нешто друго, слободно прашајте
планирам да одам на лефкада од 25 август во местото василики,дали некој знае како се движат цените за сместување во тој период....потоа за плажите ме интересира дали има многу ветер и многу бранови преку целиот ден бидејки гледавме на разни форуми дека имало многу големи бранови и дека не било возможно да се капиш
Незнам за Василики за сместување да ти кажам како одат цените, ама за брановите можам да кажам за плажите Катизма, Егремни, Порто Кацики, Пефкулија, Милос...има бранови да, значи јас во 10 дена не начекав да биде мирно морето, ама тие бранови не се толку големи за да не може да се плива. Прекрасно е и да можам веднаш би тргнала и без проблем во моментов би го возела патот до таму само да ги видам пак тие убавини.
Фала многу за одговорот...читав многу на форуми вака било така било и малку се разочарав па се премислувавме дали воопшто да одиме таму....ама ако е така ке остани сепак за таму...
Па ладничка беше водата и во средина на јули...значи првите 5-7 минути во вода малку тресевме заби, ама после се навикнуваш и едноставно уживаш во бескрајното синило и чистота