Не ми се допаѓаат сите песни, ама се наоѓа по нешто за мое уво Искрено повеќе ми се допаѓа таа како пеачка, отколку нејзината музика. Екстравагантна е до коска и не го менува тој стил што си го фура и токму тоа ја прави своја и специфична - :up: .
Аман. Ми се згади животот. Гага си најде нова пријателка исто толку забегана како неа. Онаа Мили Браун... Уф, не требаше да го гледам видеото. Добро, која е уметноста по...повраќање? Јас намерно не би повратила за речиси ништо на светот.
Гага мисли дека таа е уметност,а не сфаќа дека е грозна. Јас се чудам кој се тие фанови кој ги има ? И дали воопшто ги има?
И се восхитувам. Посебна е, уникатна. Има чуден стил, ама тоа ја прави необична. Па досадно е како другите, конечно нешто ново има, поинакво. Таа ни го понуди тоа. Има гласиште, добри песни има. За секое уво. Некои не ја сакаат поради стилот, ама тоа ја прави уникатна. А нема ништо лошо во тоа да си уникат. Омилени песни од неа ми се http://www.youtube.com/watch?v=X9YMU0WeBwU http://www.youtube.com/watch?v=wV1FrqwZyKw
Мене лично нејзиниот стил не ми се допаѓа!Но знам дека е хуманитарна и била добра мајка.И има добро тело!Без шминка не е многу убава.Мене многу ме нервира што некако многу,многу се глупира!А и онаа како се облекува катастрофа!
Порано ја обожавав, и бев Little Monster. Сега не баш толку, но сепак ги слушам нејзините песни А за стилот да не зборуваме.. Сепак на некој начин е оригинална Во последно време најмногу до неа, ги слушам песните: G.U.Y,Applause,DWUW..
дa,дa и јaс слушнaв декa oнa и плус Florence + Machine и некoи др ќе рaбoтaт нa нoвиoт aлбум пa сегa oстaнувa дa видиме
Ми се допаѓаат некои нејзини песни само не ми се допаѓа нејзиниот стил. Демек денес тоа така се стекнува популарност, ако се глупираш и изгледаш ко од циркуз излезен/а. Не е ни толку грда, може да си се разубави и да си се среди како нормална девојка/жена, ама ете таков и е стилот. Сега додуша, можеби и се има оправено, одамна не сум во тек со настаните во нејзиниот живот.
@Bitter-Sweet, често го менува стилот. Сега на 21 Октомври и излегува новиот албум Joanne... мислам... конечно! Последниот поп албум го издаде во 2013, после три години се враќа пак. Албумот ќе и биде нешто во стил на The Fame и Born This Way...
Го ислушав новиот албум Joanne и... предобар е. Сите песни се ко soundtrack за некој филм. Жaнрот е pop, soft rock и нешто indie. Најомилени песни ми се Joanne, John Wayne, Dancin' In Circles, Come To Mama, Million Reasons...
Го гледавте ли ова видео со Лејди Гага? Не верував дека толку добро пее во живо додека не го видов видеово со Џејмс. А новиве песни и се многу добри. Ги немам слушнато сите, освен три кои се ептен добри. Омилена ми е „Perfect Illusion“. Уште помалку мислев дека и пишува песни и тоа за кратко време. Секоја чест за Гага! Сега ептен ми се свиѓа како е со стилов. Порано ептен некако ми беше чудна со тие облеки и шминка на неа. Некако и страшна ми делуваше. Сега ми е ептен добра. А, во меѓувреме се појави и новата Лејди Гага. Новата Лејди Гага.
Отсекогаш и ги сакав песните, имиџот и така и така. Новиов албум и е топ, нон стоп си го слушам откако искочи. Прекрасна е, новиот имиџ и одговара одлично, girl crush ми е , а и кај James Corden на караокето мноооогу убаво пееше во живо, се испонаежив. Џејмс како ја гледаше за време на Million Reasons и си ја поткаснуваше усната... беше маѓепсан од неа