Не ја сакам,не ја ни мразам.Добри песни направи,paparazzi ја утепав слушајки Од овие Бритни,Кристина Агилера дефинитивно ми е најдобра,ама сепак не е пејачка што можам да ја сакам којзнае колку и да и се восхитувам.Премногу екцентрична за мој вкус.
Ги слушам нејзините песни , за изгледот не коментирам, секој си има право да си го креира својот лик, стајл и сл., ама спотот за Алехандро воопшто не ми се допаѓа.
ние си ја викаме Лејди Гадна искрено ужасно ми е антипатична и она и нејзиниот стил. Ама Браво за талентот, пее навистина добро, и нема песна што не ја знам. Постојано си вади хитчиња. ЗА спотовите... па штознам, не уживам да ги гледам, особено не на Алехандро, има нешто што ме вознемирува кога го гледам, ме тера на гадење...
Не ја слушам Гага. Само една песна ја слушав така подолго време, интересни ми беа нотите. Бед роменс. Инаку, немам некое мислење Wow за неа. Одвратна ми е, на лик секако. И ми личи на Ејми Вајнхаус. А за уникатноста, па до некој степен и .
Ангелче, мислам дека таква споредба не можеш да направиш.Барем за мене Ејми е скалила подобра од Гага.
Признавам, далеку е подобра Ејми од Гага. Тоа што си има проблеми, тоа е друго. Но, мене во ликот Гага ми е слична на Ејми. Барем во спотот, telephone, кога се јавува на телефон од затворот. Не знам баш која минута, ама е копија од Ејми.
Вајд Чајлд (ќе избегам малце од темава ама...) на еден друг форум колку се имам карано за тоа дали Ејми Вајнхаус е добра како музичар или не... хахах не можам да ти опишам! Како и да е, Ејми направи 2 цд-а, направи убави песни, цело богатство го потроши на забави и дрога и кај и да е ќе се заборави. Оваа Гага сигурна сум дека ќе стигне и до 3тиот албум... во своја некоја чудна појава... пак! Е се прашувам дали ќе се префрли на дрога и самоуништување.. или некоја следна оргија.... Како и да е, таа е ваква и онаква.. и потаква и секаква... ама песнава и ја поштуваааам [youtube]<object width="640" height="385"><param name="movie" value="http://www.youtube.com/v/2Abk1jAONjw&hl=en_US&fs=1?color1=0x3a3a3a&color2=0x999999"></param><param name="allowFullScreen" value="true"></param><param name="allowscriptaccess" value="always"></param><embed src="http://www.youtube.com/v/2Abk1jAONjw&hl=en_US&fs=1?color1=0x3a3a3a&color2=0x999999" type="application/x-shockwave-flash" allowscriptaccess="always" allowfullscreen="true" width="640" height="385"></embed></object>[/youtube]
Според мене Ејми е одличен музичар, како што викаш направи само 2 албума, но самата се уништи со дрогата. Но има специфична боја на глас, а и песните и се добри. Но сепак ова е музика и се работи за вкус и кај секого е различен.
за мене Ејми е подобар музичар од Гага, песните не и се миновен хит, туку еве на пример back to black е ставена во една од култните песни. Сепак, Гага е поиновативна и со начинот на кој што се презентира привлекува многу медиумско внимание, а има е талент нормално. Секој со својот вкус.
Не ја сакам веќе. Интересна ми беше порано веќе не. Претерува, а се што е претерано е неубаво. Одвај чекам да ја снема, а ќе се случи тоа како што се случи на сличните на неа како онаа Ејми Вајнхаус, Кејти Пери... И тие глумеа лудило ексцентрични незнам ти какви па гледам сега многу ги даваат по МТВ. Не ми се допаѓа повеќе. За новиот спот на песната Алехандро ќе искоментирам само дека е срамота, гнасно и одвратно. Тоа се чисти перверзии и вулгарности без никаов сенс за естетика. Побогу, јас кога имав 11 години почнав да слушам странска музика нон стоп вртев по МТВ немаше такви гнасотии со садо-мазо пози. Мали деца гледаат! А песната се дава на послужавник во ударни термини! СРАМОТА!
Ејми да, веќе ја нема, се упропасти. Кејти Пери напротив, има нов албум, мене ми е најубава до сега и нонстоп и ја вртат песната на mtv. за Алехандро се изјаснив, одвратна е во спотот и се сложувам дека не треба таков спот полно со перверзии и настрани сцени да се пушта сред бел ден, кога деца гледаат.
Ја сакам само затоа што е уникатна... ниедна песна, видео запис, шминка, кореографија... не се преземени, туку се нејзино дело. Инаку мислам дека оди до крајности и дека прави многу гадни работи, а во основа е преубава девојка.
Ја сакав досега, ај што ми е одвратен спотот од алехандро туку и сега како што ја гледам како машко... ептен ми се згади... незнам, сега нека направи пак некоја добра песна за да се извади за ова