Добро девојки 14-годишна личност нема да ја имитира бидејќи сметам дека е зрела,но постојат помалади личности Познавам таква личност која ја обожава Гага а е 2 оделение Е сега таа не е зрела Инаку Гага порано ја обожавав премногу не велам дека сега НЕ ама почна да претерува :
Јас не ги разграничувам:до 14, туку така спомнав зашто во постот над мене беше така спомнато. Секако дека на 14 години не се малку и незнам зошто баш тие години се споманти но спотот го гледаат и помали деца коишто недај боже можат да пикнат нешто в уста гледајќи ја лејди гага. И ако за хорор филмови пишува до 13 години не значи дека баш кога полнат 14 се веќе зрели тоа сакав да кажам зашто познавам девојче на таа возраст која што и се вртат многу филмчиња во главата.
Ги спомнав годините бидејки беше напоменато дека за годините што ги имам треба да се забрани спотот а имам 14 години.Иначе Агилера може НЕЕКОООГАААШШ си имаше свој стил ,не знам далиго разгледала БРАВО списанието во кое пишуваше ЛЕјди Гаага вс Кристина Агилера и добро е споредено дека Агилера и го ископирал не целосно но ај да кажеме половина од спотот на Лејди Гага од Бед Роменс. И да напоменам дека не ја имитирам Лејди Гага само сум нејзин голем обожавател.
Па добро јас не реков дека ти ја емитираш туку дека има такви примери. Инаку и јас сум обожавател на Лејди Гага, но спотот на алехандро воопшто не ми се допаѓа. Не сум прочитала во браво, но гледав еден клип каде што пишуваше нешто како обожавателите на агилера го возвраќаат ударот и во него беше прикажано како оние ствари што лејди гага ги прави сега, агилера одамна ги имаше направено(зборувам за облека, штикли, фризури) и мене тоа ми беше доста убедливо. Незнам кај се наоѓаше но ако го најдам ќе го постирам тука. Сепак ова е мое мислење не мора да значи дека е така.
Ниту ја сакам , ниту ја мразам ..а нејзината музика ја слушам доста Како и да е факт е дека е оригинална, типката знае како да го привлече вниманието кон себе, претерува или не сепак се дига прашина околу неа .. Многу брзо го достигна врвот, но ништо чудно и брзо да опадне и нејзината популарност.Се издвојува од масата, малку е чудна за нејзини години.А за гласот , стварно има добар глас. Се сметала за убава и привлечна Па нека каже во какво огледало се гледа ..не ќе биде лошо и јас такво да си најдам Сепак секој со својот вкус , ама според мене далеку е од убава .. Инаку незнам дали е Гага или Гаго
Има добри песни ама лоши спотови.Како и да е уникатна е и има талент.Не е за замерување фактот дека уште првата песна и беше хит како и сите останати.Не можат сите да имаат толку хитови за толку кратко време.Така да-респект.Но сепак понекогаш оди до некои морничави крајности во изведбите на песните.Баш е интересно што ке се случи со неа после 10-20 години.
Немам ништо против Лејди Гага,искрено не ми се допаѓа нејзиниот имиџ и однесување,но тоа е шоубизнис.Иначе песните не се лоши,брзо влегуваат во уво и ги потпевнувам често.
Ги слушам нејзините песни, ама во спотовите кога ќе испомеша вулгарност и религија, е тоа ми смета. Значи не ми пречи вулгарноста во спотовите, ок си е тоа, нејзин стил, ама кога голта крст или кога е облечена со таа наметката со крстови по неа, е тоа стварно ужасно ми е непријатно за гледање Ама финтата е во тоа што, она претерува за се и оди во крајност, токму тоа ја направи толку популарна. Смешно е тоа што викате дека Кристина ја имитира Гага, затоа што Кристина е уште пред 10 год на сцената и има извонреден глас и досега се има докажано како успешна пејачка, нема потреба да имитира никој.
Еве го видеото, а има и други вакви видеа и обрнете внимание на годините долу http://www.youtube.com/watch?v=cu1vfbUD ... r_embedded
Во некои слики не гледам никаква сличност али нема везе не можам да ја симнам сликата од Гугл ако можеш напиши Not myself tonight vs Bad romance и има слики со двата спота абе Агилера е чиста копија на ГаГа. :y: :y:
Го имам гледано клипчево порано и ништо не зимам здраво за готово па така не ни мислам дека Гага ја копира Агилера. Едноставно, од моја гледна точка, се погодиле исти вкусови меѓу другото и иста мода, па искористиле исти финти баш посебно затоа што и двете се контроверзни и без табуа. Баш конкретно ми текнува за балетанките со штикла дека кога излегоа тој период, многу познати фаци се сликаа во нив и ги имаше по спотови. Јас прв пат вакви балетанки видов во спотот на White Stripes-Blue orchid, а ако го изанализираме спотот и тој е од типот на Fighter на Агилера и Bad Romance на Гага. Така да неможеме да анализираме кој од кого копира или кој од кого украл финта. Во целава оваа приказна Агилера vs. Гага можам да кажам дека колку и да била ексцентрична Агилера, не го задржува тоа како постојан имиџ, значи час е ексцентрик час е дама, додека Гага оди до крај! Можеби затоа за многу луѓе е неприфатлива, вулгарна, перверзна и што ли уште не, но сепак е најуникатна
абе девојче ај гледај го видеото поставено од k.i.m и ќе видеш кој кого копира инаку јас порано ја гледав и слушав гага ама сеа веќе ми стана одвратна
И Лејди Гага како и се' останато е плагијат! http://www.crnobelo.com/zivot/shou-bizn ... -gaga.html Не можам да сфатам само со кој памет споредувате Гага и Агилера, прво Кристина Агилера има невидено моќен глас, прекрасни песни, а не One hit wonders, убаво изгледа. Мислам и јас немам ништо против Лејди Гага, ама не мешајте баби и жаби, како само под нејзиното име во речникот стои зборот - ексцентричност. Не измислила ништо ново, ниту топла вода. Да не зборувам за гласовните можности на Гага, нула.
Ти кај беше кога Кристина се појави на сцената? Тоа беше некаде 1999 год. Кристина го има еден од најмоќниот глас на денешнава естрада и досега има безброј хитови, така да нема логика тоа што го збориш. Кристина постои многу одамна пред да се слушне за Гага.
Чекај да се изнасмеам Фејм монстер, Ар ју факинг сириоз? Агилера копија на Гага? Агилера излезе при крајот на 90-тите, тогаш кога ти си цицала палци.
Гага дали 10 песни има , Агилера којзнае колку .. И ја копира Гага ? http://www.youtube.com/watch?v=YPtPsy4_XVw Ако може ова сега Гага да го испее .. Не знам како можат да кажат така за Агилера
Факт е дека Гага се појави далеку после Агилера ама Агилера после бременоста се изгуби. Сега гледа да се врати на начин сличен на Гага. Инаку за изглед да не правиме муабет, докажано е дека Гагица си е грдичка ама пак затоа уникатна е, е во секој поглед !
Овој спот е во тој стил а излезе 2002 или 2003. Нема врска дека ја имитира. http://www.youtube.com/watch?v=xB7pQpNx-F4