Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лејди Гага (Lady Gaga)

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од wolf4e, 25 јуни 2010.

  1. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.674
    Допаѓања:
    6.564
    Абе глеј, нејзино право е она што прави за да ја стекне славата, а и во денешно време сите се лепат за такви..чудаци да ги речам. Ретко кој само со гласот извадил слава и успеал за 2 години да стане толку познат. Затоа и честитам. Али стварно претерува целата обвиткана со месо мислам :^) А мене како пее баш ми е океј, ама ништо посебно. А песните како што реков вака да ја прочиташ стварно немаат смисла, ама ако се продлабочиш во значењето ќе видиш што значат. Нејзе баш сите песни и се со тајни пораки и слични глупости. Само шо сеа нема сите да и ги дешифрираме.. Сеедно, мене не ми се свиѓа нешто посебно стилот, само честито што онака си пронашла свој стил и не е copycat, шо сака нека облака, баш ми е гајле. Има по некоја интересна песничка што ќе си ја преслушам кога ќе ми биде досадно - и толку.
     
  2. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Интелигентна е девојкава. Носи во себе некоја ѕвезда и никого не го остава рамнодушен. Добро пее. Песниве воопшто не и' ги сакам, ама факт е дека таа е една од малкумината кои со само една песна стигна на врвот на сите топ листи. Јас не ја гледам како фрик, туку како уметник со свој стил кој можеш или не можеш да го разбереш. Башка и сама си ги пишува песните. Значи, музиката не значи само добро да пееш или да изгледаш. Музиката е уметност која комплетно ја одразува личноста. Лејди Гага дава комплетна слика за себе преку своите песни, својот изглед и својата интерпретација. Ја почитувам поради тоа што е различна, не само од другите, туку и од себеси во секоја наредна појава. Знае точно што и кога треба да направи. Мене лично не ми се допаѓа, но реков, ја почитувам. И го почитувам секој оној кој е уникатен, без разлика дали мене тоа ми се допаѓа или не.
     
  3. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    Во ред е тоа јас ги почитувам вашите мислења, вие гледате поразлично на тоа од мене, јас сета она што го прави таа не го сметам за уметност, туку очајност. Целата таа работа е пренапумпана, претерана, надвор од добриот вкус...

    Али свако чудо за три дана. Јас сепак сметам дека нема да оди таа долго. И сеуште се противам и тоа многу, на она што таа го изводи. Ја претвори музичката сцена во циркус. Во секој случај жално... :worried:
     
  4. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    782
    Претеризам ! Човек ли е,што ли е ? :D

    Малку ми е гадно тоа што по секоја цена сака да се задржи на врвот .. Премногу се експонира во јавноста со тие невообичаени вонземјански,недефинирани костуми .. Мислам фустан од месо .. :puke:
    Еј,некој нема што да јаде таа од месо фустани си прави !
    Има добар глас и добри песни - хитови .. Али претерува во тие безобразни сцени во нејзините спотови - посебно спотот за Алехандро ...
    Кога го гледав ми се смачи од животот :puke:
    Еј,религијата е присутна во тој спот и омаловажена ! Па мислам дали го видовте оделото со крстовите и бројаницата ? :^)
    И тие жигола ... :puke:

    Се на се - не ми се допаѓа нејзината појава ! :)
     
  5. The.Fame.Monster

    The.Fame.Monster Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2010
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    30
    Абе јас не сакам да ја симнувам на ниско ниво Агилера.. дека е добра пеачка добра е.Мислам сите имаат свој вкус.. но како и технологијата и целотот човештво оди напред.Мислам помина ерата на обични фустани до под колена што се вика, сега е веќе нешто ново.Лејди Гага ја донесе таа *нова* ера.. екстравагантна, необична, уникатна.. на некој му се допаѓа тој стил - на некого не, но да се помириме со тоа дека секој следен кје сака да ја надмине.И баш ми е мило што кје сакаат да ја надминат бидејки она е сега за доста скали понапред од овие обичниве пеачи. Еве ако мислите дека зборам гола вода, докажуваат нејзините илјадници фанови на фејсбук не знам колкку сте забознаени но има најголема бројка на фанови а истото е и со Твитерот. Секој со свое мислење, а за тоа дека Агилера е копија на Гага.. сакав да споменам дека тоа се дешава со спотот бед Роменс и Нот мај селф тунајт, сликите го докажуваат тоа.
     
    На TennisBabe му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    The.Fame.Monster, како фан на Гага сакам да те прашам дали ќе го ставаш нејзиниот нов парфем со мирис на сперма и крв? Нели, нова ера, нова технологија, нова мода...
    Јас ќе си останам олд скул, ќе се мирисам со Кул ватр и ќе ти го цитирам Буковски:
    ;)

    Ако има квантитет не мора да има и квалитет!
     
    На faye, dancing.queen, De-lovely и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Toa што прави хитови, прави.
    Но, нејзината уникатност отиде предалеку.
    Модните критичари веќе ја коментираат како оne and only и со тоа нејзините бигест фенс во обид да се the one and only почнаа да се облекуваат како неа.
    Јас стварно се обидувам и никако да сфатам кој би се облекол како неа *без разлика дали оди на концерт, недај боже на некого стил да му биде
    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]
    и песничката
    http://www.youtube.com/watch?v=JTr5TGTNiC0
     
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.005
    Незнам дали прочитавте на сајтот Фемина за парфемот на Лејди гага што ќе мирисал на крв и сперма |( Мислам дека е ту мач, кој сака да мириса така? Нека си го троши она сама :puke:
     
    На interesna му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Штета што Салвадор Дали не е повеќе меѓу живите. Сигурна сум дека ќе беше потрошувач број еден на парфемов, знаејќи со што се мачкал за првиот состанок :)

    Ќе се најдат ексцентрични будали бе Оффи, ееее па ти :lol:
     
  10. The.Fame.Monster

    The.Fame.Monster Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2010
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    30
    леле па зар мислиш дека навистина кје го има мирисот на сперма и крв? Којзнае уште колку билки, нови ароми и слични ствари кје стават во него, тоа е само добра реклама за да се прикажува насекаде :lol:
    И каков и да е парфемот кје го ИМАМ.
     
  11. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
  12. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Катастрофа и се новиве спотови. Не ми е јасно само кој дел од спотовиве на Гага го сметаат за уметност и креативност??!!! |(
    Перверзија, соблекување и изглед како плашило.........Да не се разбереме погрешно- јас сакам некои од песните на Гага, но спотовите од Bad romance наваму ми немаат никаква смисла :worried:
    Овој дури мене ми е страшен за гледање, а имам мала братучетка од 5 години што ја обожава :o http://www.youtube.com/watch?v=wV1FrqwZ ... dded#at=46
     
  13. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Гага измешала од сите музички ѕвезди по нешто, па и се чини како клучна формула за успех. :^)
    А новава песна Born this way, ми е само уште едно „Веќе видено“. Малава ќе ја здипли и во џеб како марамче Гага ќе ја носи. :lol:
    Единствената песна од монструмчево-жена која ми се свиѓа: :D
    http://www.youtube.com/watch?v=IhEMxle0yEY
     
  14. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    И после ај некој нека каже,леле колку е оригинална,абе пука од оригиналност.
    Спотот за последната песна наликува на научно-фантастичен филм,а песната многу ми наликува на оваа:
    http://www.youtube.com/watch?v=vHkR8Xp7kBE
     
  15. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Eпа ајде да и посветиме еден пост на Гага.. :lol:
    Значи јас просто ја обожавам..Спотовите,нејзиниот стил на облекување..типично за Гага :tmi:
    Каква и да е спеак за неа се крева најголема прашина,после секоја нејзина песна или спот,девојкава прави БУМ..(позитивни или негативни коментари..бажо ги има)што мислам дека и тоа и е целта...има ств многу фанови,ама и многу анфанс ;)
    Знае како целото внимание да го сврте кон себе на било кој начин.
    Не ми смета што сите немаат исто мислење како моето, па што не може на сите да ни се допаѓа Гага..
    Можам слободно да кажам дека е мојата омилена пеачка :)
     
  16. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Според мене они луѓе кои се обидуваат да се прикажуваат во такво вонземјанско издание, да се направат нешто што е толку ексцентрично и надвор од секоја нормалност го прават тоа затоа што мислат дека ако се појават како обични луѓе нема да го привлечат она внимание кое го добиваат како абнормални, што е и многу точно.
    Гага е еден таков пример, иако сметам дека не и е толку многу потребно тоа затоа што и без тоа има навистина добри песни 8)
     
  17. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.005
    На Angelche му/ѝ се допаѓа ова.
  18. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
  19. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    А да ве прашам, во новата песна Bоrn this Way... само мене ли ми се чини или не сум сама кога мислам дека на сценава ->
    [​IMG][​IMG][​IMG]
    - ме асоцира на спотот Triller од Џексон.
    [​IMG]
     
    На Angelche му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    ^Ете уште еден доказ за нејзината преголема оригиналност...И доказ дека човечката глупост нема граници.
     
    На De-lovely му/ѝ се допаѓа ова.