Леќа

Дискусија во 'Рецепти' започната од Snow-Queen, 18 март 2015.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.267
    Допаѓања:
    14.967
    Пол:
    Женски
    Гледам, нема тема за подготовна на леќа.
    Може ли некој да ми пише како ја подготвува леќата, на сум правела до сега, па утре сакам да направам со месо.
     
  2. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.209
    Допаѓања:
    6.869
    Пол:
    Женски
    Обично користам од црвената, правам чорба. Запржувам едно кромитче, додавам морков, потоа леката и вода. Не можам да ти кажам колку на колку ставам. Одприлика да ја покрие леката и малку повеке. Па додека се вари на тивко ако снемува вода си додавам. За на крај да испадне како чорба. На крај додавам црн пипер, сол, вегета. По желба малку црвен пипер, доматен сос(1лица). На крај блендирам и готово. Ако е густо додавам уште вода и зачини по вкус... Денес на ист начим направив од зелената лека ама не ми се допадна.
     
  3. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    17.062
    Допаѓања:
    262.980
    Пол:
    Женски
    Не разбрав што блендираш,леката ли?
     
  4. ArmaniCode

    ArmaniCode Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2015
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    1.159
    Пол:
    Женски
    Jas lekata ja pravam na sledniov nacin I e mnogu vkusna
    Zaprzuvam 1 kromid, 2-3 cesninja lukce, 1 praz, 1 morkov, 1 stragce celer vo maslinovo maslo, ja dodavam lekata koja predhodno ja mijam I dodavam voda. Stavam sol, vegeta, crn piper I magdanos. Se vari okolu 30min- 1 cas, zavisi od lekata.
    Mnogu Mi e vkusna na ovoj nacin I zatoa sto stavam mnogu zelencuk mi ispaga gusta I nema potreba od zaprska I zgusnuvanja. Sin Mi ja obozava.
     
  5. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.209
    Допаѓања:
    6.869
    Пол:
    Женски
    Леката ја блендирам, црвената. Искача густа чорба :)
    Турска рецепта. Ја има и во рамстор во Анатолија ресторанот. Ако одиш пробај. Вкусно и здраво:)
     
    Последна измена: 31 март 2015
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MissDaisy

    MissDaisy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Еве ви рецепт за леќа со ориз, многу е вкуснa :) , излегува густа, бидејќи јас не ја сакам воопшто кога е чорбеста.
    Мерка: 2 раце леќа по човек.
    Леќата се мие низ три води. Се става да се вари. Количината на вода што се става треба да биде на пример на една чаша леќа се ставаат 3 чаши вода. Кога ќе зоврие леќата се ставаат 1-2 раце ориз, се остава и понатаму да врие на тивко и привремено се помешува за да не загори оризот. Ќе видите дека од оризот, леќата ќе се згусне.
    Додека ова си се крчка, во тавче запржувате кромид, патлиџан или салца, пиперка, малку лукче, ставате зачини по желба (веѓета, бибер, оригано, босилок). Кога ќе омекне зеленчукот, се става во леќата, се промешува. Се остава уште некои 5 минути да поврие. Ако ви е премногу густа леќата, може да додадете малку водичка. :) Потоа таа е спремна за јадење.

    Пробајте превкусна е и готова за половина час. :)
     
    На ennaz му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ennaz

    ennaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    411
    Јас леќата прво ја ставам во тенџере со многу малку вода колку да зоврие. Потоа водата ја расипувам и ставам нова вода. Ова е битно за зелена (црна) леќа, многу е повкусна ако се расипе првата вода.
    Ставам обично 1 чаша зелена леќа и 1/2 чаша црвена заедно.
    После додавам, кромидка ситно сецкана, 2-3 чешниња лук (сакам да се осети лукот во леќата), 1 рендан морков, 1 голем рендан компир, неколку кругчиња сушен патлиџан (има во кам) и зачини. Се вари околу 45 мин. па се запржува. Ова е количина за големо тенџере од 2,5 литри. Значи јас зеленчукот не го пропржувам кога правам леќа исто и за грав. Во леќата и гравот не ставам месо, некако не ми оди заедно.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ennaz

    ennaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    411
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.629
    Пол:
    Женски
    Црвена леќа, кромид, морков, зачини по желба.
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 2 други им се допаѓа ова.