1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Леќа

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од teddybear, 19 декември 2011.

  1. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    [​IMG]

    Леќа.
    Леќата се вбројува во групата на зрнести мешунки заедно со гравот, грашокот, бобот и наутот. Има околу 40 сорти на леќа, кои ги разликуваме според бојата, големината и обликот.

    Кај нас најчесто се подготвува кафеавата леќа, а може да се најде зелена и црвена.

    Леќата била одгледувана уште во младата камена доба, а се претпоставува дека потекнува од jугозападна Азија од каде преку Средоземјето се проширува и во Европа. Се претпоставува дека леќата била првиот продукт кој почнал да се одгледува.

    Пред 8000 години е пронајдена на археолошките наоѓалишта на Блискиот Исток, а ја имаат најдено и во гробницата на Египетските фараони. Ја одгледувале старите Грци и Римјани, а се споменува и во Библијата.

    Лековитост.

    Леќата не содржи заситени масни киселини, ниту штетен холестерол, а е извонреден извор на растопливи и нерастопливи влакна.

    Растопливите масла го намалуваат нивото на гликозата и холестеролот во крвта, со што се намалува потребата за инсулин кај лицата заболени од дијабетес.

    Нерастопливите влакна ја подобруваат "столицата".
    (преземено од kulinar.mk)

    Сите знаеме дека таа е здрава да се конзумира, но ретко кој од нас ја сака. Јас пример имам јадено само еднаш и тоа кога сум била на гости, во вид на чорба, едвај и да и го памтам вкусот па затоа не ни знам дали ја сакам или не. Така вчера ја видов и купив од тинекс за да им направам на моиве, брат ми никогаш не пробал, арно ама врска си немам како се прави :D

    Па ја јадете или не ја јадете? Ви се допаѓа ли?

    Споделете и некој рецепт ... :lol:
     
  2. astra20

    astra20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    42
    Обожвам леќа.Еднаш неделно дом ајадеме обавезно.Мајка ми ја спрема па иде некако вака: пропржува кромид,па ја става леќата со вода да се вари,става и доматно пире.При крај на варењето става црвен пипер и вегета.мф мф мф
     
  3. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    331
    Мене па ми е слатка леќата. Не правиме дома којзнае колку често, ама кога веќе е тоа на мени не ми е проблем да јадам.
    Ние ја правиме со пушена сланина, јас купувам од тие вакумираните исечени на парченца што се и ги сечам на коцкички, многу убав шмек и даваат на леќата. Ставам да се вари леќата со кромидче и со сланината. Откако ќе се свари додавам зачини (веѓета, буковка), додавам запршка, малку провира пак и леќата е готова ;) .Исто со леќата иде и лукче обавезно, па ставам и тоа само што не го сецкам, туку ставам цели излупени чешниња.
    И да, јас ја сакам погуста :) .
     
  4. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Kaко што јас умеам да ја направам леќата, така мајка ми никогаш ја нема направено. Затоа секогаш кога и одам на гости или кога таа доаѓа, бара ручек леќа :lol:
    Мојот маж не ја многу сака, ама јас ја обожавам.
    Ја правам на следниов начин:
    1-2 зелени пиперки (свежи или замрзнати)
    1 патлиџан (или доматен сос)
    2 компира помали
    2-3 моркова
    мелен лук
    сол, вагета, црн пипер
    колбаси на Меин

    Ја измивам леќата добро и ја ставам во ладна вода и потоа на шпорет да се вари. Пред да почне да врие ги додавам состојките. Леќа ставам кога како ќе ми дојде, најчесто пола ќеса за еден ручек (ама секогаш од онаа на Сончева долина-највкусна е и најбрзо се вари).
    Пиперките и компирите ги сецкам на ситни коцки, морковот и патлиџанот ги рендам. Сето ова измешано го ставам во водата со леќата. Меле0иотн лук и останатите зачини ги ставам откако ќе зоврие водата.
    Сето ова се вари некаде околу пола час на не многу силен оган. Откако ќе се свари, ги потпржувам претходно исецканите на трклаца колбаси и ги ставам во леќата (заедно со зејтинот).
    Во едно филџанче ставам малку вода и пола лажица брашно и откако ќе се соедини смесата и ќе нем,а грутки истурам во манџата. Додавам и една лажица црвен пипер.
    Сето ова заедно врие уште 5 мин на слаб оган.

    Е па бон апетит. ;)
     
  5. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Ах леќа ... :inlove:
    Едвај чекав да дојде денот кога ќе имавме леќа на менито во градинка.
    Со сласт ја јадев, уф прекрасно!

    Кога почнав на училиште, колку и дрндав на мама за да ми направи таква леќа, само таа знае.
    Проба 2 пати - ништо, не е тоа тоа.
    Кутрата отиде во градинка рецепт да побара, па направи леќа по истиот рецепт и кога виде дека нема фајде, дека не е истата - се откажа.

    Ахх сега како би пошла в градинка и како би изела една чинија леќа ... :mm:
     
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Да, јадам леќа, иако порано и не ја јадев, сега ја јадам, но, не често и ми се допаѓа :)
     
  7. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.165
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    Јадам леќа и то многу, обавезно по 2-3 пајнци ко ќе има за ручек. Просто ми е преуба. :wasntme:
     
  8. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Јадам леќа ама не дека ми е нешто многу омилена.Ок е,мајка ми ја прави вкусна но,мене многу ми го дуе стомакот :worried: Одпосле ми е како балонче и тешко ми е,поради тоа и не ја јадам нешто многу често.
     
  9. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Кога бев малечка, леќата ми личеше на б-комплекс апчиња :lol:
    Никогаш не сум ја сакала, иако татко ми постојано ме убедува барем да пробам. Никогаш немам ни пробано, едноставно одбивна ми е :|
     
  10. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.132
    Допаѓања:
    88.421
    Пол:
    Женски
    Златно село бре :lol: Благодарение на тоа што поголем период од моето детство поминав во село јадам се. Леќа почнав да јадам кај баба во село, а мајка ми тука не ја готвеше. И така тие три месеци во село ја јадев со се и сешто, со сланина, чварки, риба... Пред година две и се сипавме со сестра ми на мајка ни зошто тука не ни готви, па почнавме да ја имаме барем еднаш на две недели. Радо би јадела леќа него грав.
    Мајка ми и тетка ми ја подготуваат на различен начин и има различен вкус, но мене секако ми е превкусна.
     
  11. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.096
    Пол:
    Женски
    Не ја јадам леќата. Кога бев мала еднаш пробав и од тогаш повеќе не. Не ми се допадна воопшто. :)
     
  12. Smileeee

    Smileeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    75
    Леќа ..хмм па зошто да не,мене ми е мн вкусна и секогаш кога ќе ја има дома несмеам да ја пропуштам :)
     
  13. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    Мојата омилена манџа :D
     
  14. Trajche

    Trajche Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    9
    Леќа е една од најдобрите јадења и најздравите, секоја чест за тие што може да јадат, на приемр јас како и многумина познати неможеме да ја поднесеме :puke:
     
  15. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Омилено јадење..Уфф колку ја сакам!Баш мојве ги терав да ми направат па ај утре ми рекоја..
    мммм ахх :)
     
  16. Maeeeee

    Maeeeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2011
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    104
    Нее,не ми се допаѓа вкусот,но во ретки случаи може...;)
     
  17. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Ужас ама морам да ја јадам зошто мајка ми готви кога ќе си готвам сама леќата ке отпадни од списокот :D :D
     
  18. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Не ми е од омилените јадења, но јадам одвреме навреме, затоа што знам колку е корисна. Не е превкусна, но не е ни до толку лоша. :lol:
     
  19. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    Во никој случај :puke:
     
  20. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    многу ми е вкусна,мајками никогаш не ја готви,али јас почнав многу често да ја готвам и знам дека е многу здрава,и корисна :!: што е најважно не е тешка за организмот за да ја обработи,за разлика од гравот сега ке си зготвам , добив идеја од форумов