Koга е леќа на мени дома, можам и цело тенџере да го изедам бидејчи останатите и не ја обожаваат баш, па се праи само за мене Омилена ми е. Мислам дека секој ден да имам за јадење леќа, нема да ми здосади.
Немам јадено до сега ниеднаш леќа, дека моите дома се грав прават, што да се прави Тетовско потекло Ајде може некад ќе пробам на друго место
Мене леќа ми е омилено јадење, но мајка ми многу ретко ми прави пошто на неа не и се допаѓа воопшто и кога прави само јас јадам, она воопшто не јаде.
И тука исто. Инаку леќа јадам ретко ама многу ја сакам.Незнам зошто..ама заборавам да си направам.Од дете јадам и сеуште ми е убава.
сум јадела изгледа еднаш онака за да пробам али што знам за фкусот,не ми е нешто баш и онака ми е..средно
се можам да јадам ама ова леѓава не, незнам многу ми е грозна за никаде е. А знам дека е здрава и се тоа али не ја можам ама ич
Си јадам јас леќа, но онаква посна без додатоци ми е најубава. Оние кои јадат леќа (но и оние кои не ) нека го пробаат мојот начин на подготовка, па чекам коментари дали е вкусна Леќата по рецептот на мама ми е највкусна и често си ја спремам: Најпрвин пропржувам 2 кромида (насецкани на ептен ситно), неколку чешниња лук (исто на мноогу ситно исецкани) и 1 поголем морков сецкан на коцки. Спојлер Кога е сезона на пиперки ставам и 1 сецкана пиперка. Кога ќе се испржат кромидот, лукот и морковот (ги пропржувам директно во тенџерето)ја додавам и леќата да се пропржи малку и потоа додавам топла вода. Зависи колку време и треба на леќата да се свари, зависи од количината, ако водата изврие и долевам топла вода. Никогаш не и правам запршки со брашно и црвен пипер а вака е прсти да излижеш. Некогаш ако немам доволно леќа сецкам на ситни коцки 2 средни компири за да добие на густина, но обично кога си имам леќа си ставам повеќе за да биде густа. Сол не и ставам, а при крај на варењето и додавам вегета по вкус и малку црн бибер.
Порано ја сакав многу , ама во последно време ми нема вкус некако, манџата со леќа ми е како чиста водичка, не дека мајка ми не ја прави добро, ама такво чувство имам