Леќа е единственота манџа која сакам да ја јадам. Дали е до начинот на кој ја прави мајка ми, не знам, ама ептен ми е вкусна. Поготово со салата од патлиџан.
Жими оноа ако леќата е гадна Леќа без морков, лук и црн бибер не е манџа леќа. Овие 3 состојќи ја прават повкусна, освен кромидот, што е неизбежно. Јас вака ја правам: сецкам кромид, морков, пиперка, патлиџан, лук, ја ставам леќата и полијам со вода. Ова се’ се вари, додека не се сварат сите состојќи. На крај ја потпржам, ставам вегета, сол и црн бибер. И спремна за јадење. Да додадам дека леќата ја подобрува крвта, т.е. хемоглобинот, затоа анемичните треба многу често да ја конзумираат.
Да ви кажам феминки не сум голем љубител на леќа.Првата леќа ја пробав на 3 години во комшии.Само што ја ставив во уста ми се споврати Од тој ден ни мамината,ни бабината леќа не сакав да ја пробам
Обожавам леќа, омилено јадење ми е уште од мала и скоро секоја среда за ручек имаме леќа. (Утре ќе јадам.) Со свеж домат ми е најубава. Пред некое врем баба ми го смени рецептот, па наместо кога ја потпржува да стави брашно, таа става изгмечен компир. За количини не ме прашувајте, ништо незнам. И вака е преубава, Стопати повкусна ми е од гравот и можам да ја јадам секој ден.
И јас ја обожавам леќата кај мајка ми дома сме ја јаделе еднаш неделно убавезно за ручек но откако се омажив мажот ми не сака ни да чуе,но сакал тој или не јас еднаш месечно ја варам и си ја јадам и јас и децава па од немај каде каснува и тој.
хм,можам да се удавам во леќа,само сакам друг да ми ја направи така ми е повкусна..со патлиџан и маслинки..закон
Еве да споделам со вас еден рецепт кој е многу вкусен секако за љубителите на леќата. Ќофтина од леќа Потребно за 4 лица: пола шоља леќа (црвена или кафена, по ваш избор) 2 главици кромид 2 чешниња лук 1 лажиче копар 1 големо јајце 2 полни лажички црвен пипер пола китка магдонос сол, бибер брашно и презла, по потреба Подготовка: Леќата исчистете ја и варете ја додека не омекне. Кромидот и лукот, ситно исецкани, пропржете ги. Додајте црвен пипер. Така испржени, извадете ги од тавчето и одделете ги на старана во посебен длабок сад. Сварената леќа, измиксајте ја со рачен миксер или испасирајте ја. Смесата додајте ја во испржениот зеленчук и зачинете со копа, бибер и сол, по вкус. Додајте го јајцето. Додајте 5 големи лажици презла, за да се спои смесата. Додајте го магдоносот. Потоа, додајте 1-2 мали лажички брашно. Така измешаната смеса, ставете ја во фрижидер да отстои 30 минути. Потоа, формирајте ќофтиња. Извалкате ги ќофтињата во презла и пржете ги на врел зејтин додека не поруменат од двете страни. Иначе рецептов го виодв на една вегетаријанска страна,и го пробав превкусен е
Не ја јадам, а ни татко ми ни брат ми. Така некогаш мајка ми ако сака,ама покрај нас и таа ретко ја готви.
Јадам леќа богата е со витамини а особено со железо мора да смени не иде само да се јаде сува храна скара и сендвичи.
Леќа не јадев се додека не останав бремена и почнав да ја јадам, многу ми е слатка, штета толку години што не сум јадела
Mnogu retko ja jadam iako znam deka mn.e hranliva i bogata so vitamini i minerala.I koga ja jadam toa e poveke na sila,ne uzivam vo nejziniot vkus.
Се присетувам дека кога живеев повремено кај тетка ми често се дешаваше да јадеме леќа, братучетките не ја мирисаа многу, многу, па јас откако ќе ручав и тетка ми ќе си дојдеше од работа често знаеа да кажат дека они ручале а јас не сум ручала, па ајде уште еден тањир. Можам многу да ја јадам, ја обожавам, со кромидче и зачини, морковче, без никаква запршка и слично, абе од мерак.