Порано не јадев, мајка ми не ни готвеше леќа манџа. Но откако ми зготви цимерката, многу ми се допаѓа, ја јадам.На менито ни е една недела грав, а другата леќа. Се радувам што и синко ја јаде. Ја сакам соло. Без месо. А маж ми ептен соло- и без зеленчук, без пиперка, кромитче, морков или доматен џус.....само леќа и на крај лукче. Ја сакаме многу густа.
Мојата омилена манџа. Ја јадам само чиста - леќа, водичка, малку зејтин и запрашката ми се состои од малку брашно, чили, многу сол, оригано, лукче во прав. Милина! Пред некој ден самата си изедов цело тенџере.
Искрено зелената леќа не ја можам и не ја јадам, ама пред некој ден зедов црвена леќа. Многу поубава и поздрава е. Малиот ја јаде (се научил од градинка) а и големиот . Вака ја спремив - Подпржив кромид, морков, пашканат, малкууу лукче и домашен сос од патлиџани, ја додадов леќата и топла вода. Зачинив и за 30 - тина мин. имате преубав оброк. Не ставив запршка, само посолив со свеж сецкан магданос. Црвена леќа побрзо се вари и разварува, добива густина и нема потреба од никаква запршка. Фантастично оди со ќофтиња
Воопшто не ми се допаѓа леќата, ми се гади од неа. Многу пати моите дома се се обиделе да ме натераат да јадам, ама нема шанси мене и од мирисот ми се повраќа. Незнам зошто така и од мала не ми се допаѓаше
Денес правев црвена леќа со тиквички. На капка масло пропржив ситно сецкан кромид, потоа додадов рендан морков , сецкано лукче , а од зачини ѓумбир, сол, бибер. Претходно на тефлонско тавче потпеков кругови тиквички, кои потоа ги изблендирав и ги додадов во тавата. Откако убаво се соединија , ја додадов леќата ( претходно убаво измиена ) , налеав вода и оставив да се вари на тивко. Нешто пред крај додадов изблендиран домат со мелено ленено семе ( му дава густина ) и малку сецкан магдонос. Фантазија
Јадам леќа,секогаш сум јадела зошто е здрава.Ја сакам и црвената леќа...само мајка ми може да ми ја погоди леќата,само нејзината ја сакам.