Според мене,црните очи ми се ептен кул.Уникатни се.Биди си своја не си ставај леќи,верувај посебна ќе си.И луѓето полесно ќе те препознаат.Знам од свое искуство,бидејќи знам многу малку луѓе со црни очи и ми се некако посебни на изглед.Неќам да навредам никој,само кажувам мое мислење,иако знам дека не е темата за тоа.
Кога ќе купуваш леќи те молам распрашај се во оптиката како се со носат, како се води грижа за нив. Инаку ова 6 меци значи дека од денот кога ќе ги отвориш, толку време смееш да ги носиш со ставање и вадење.
Леќите се ставаат наутро и се вадат навечер. Со нив не се спие. Се чуваат во посебно кутивче за нив со вода. Водата не е обична ќе ви кажат на оптичар како се вика, специјална е за леќи, мене моментално не ми текнува на името.
До скоро носев, но со диоптер. Па кога веќе морам да ги носам, бар во боја Имам природно зелени очи со кафеаво, па зелените леќи не се ни познаваа како вештачки Сега не знам дали пак леќи или наочари да купувам.
Јас порано пред 5-6 години имав во оптика ги купив некаде 2000-2500 денари не се секавам баш. Имам темно кафеави очи а тогаш бев опседната со светло сини. Си земав такви и бев страшна мачка иии грдо . Се секавам беа за 6 месеци требаше и една посебна вода за да стојат чисти не ми текнува како се викаше. Си правев стави извади цел ден, дека кога ги ставав дури да се привикнев матно гледав без везе трошење пари. Не сум против но не вреди за парите дека ке ставиме друга боја што ке биди ? Господ не створил така и ние сега да се менуваме , но секој со свое мислење.
се е до вкус но имам големи црни очи ( слично како турската глумица на филмот Шекерезада ) , ке ставам деновиве слика моја ,на темата со шминки , и ке видиш дека не се баш кул Лугето со плави очи се благословени
Хм, мене баш ми се допаѓаа нејзините очи. Јас ја имам нејзината форма и имам светло кафени очи, а и ради формата на лицето не би ми стоеле светли бои. Многу сакам црни очи и сини.
Не ви е опасно да користите леќи?Пошто знам една другарка често ми спомнуваше дека инфекции се фаќале и ред др работи и дека мора ептен внимателно да се чуваат,ме интересира кои се другите негативности?Удобни се?Сигурно не?
Сакам да земам леќи во некоја боја, поинаква од мојата природна. Мерак ми е веќе подолг период. За хиегиена знам, треба да се внимава доста. Е сега од оние кои имате искуство ме интересира да ми кажете од каде е најдобро да земам? Сакам да делуваат природно. Колку чинат и колку време се носат? И што е најбитно, како научивте да ги ставате и вадите и дали е тоа тежок процес? Дали кога се носат се чуствуваат, мислам дали сметаат? Знам дека се смешни прашањава ама немам искуство и затоа ми е потребна помош...
не ми се допаѓаат, толку многу изгледаат неприродно и веднаш се забележуваат, познавам неколку девојчиња кои ги носат, дури и страшно изгледаат
Од било која оптика, фирмите се тие. Јас моите ги зедов 5000 ден ( 2500 една леќа), фрешлук беше фирмата, ама јас не бев многу задоволна, ми паѓаа од очите, ме боцкаа, ги осеќав. Додека со безбојните немав проблем. Препорачливо е еден месец да се носат, доколку ги носиш секој ден, постојано. А за вадење, ставање пушти видео некое на јутуб, не е сложен процес, само ако немаш проблем да си "чепкаш" во окото
Извесен период сакав да земам леќи во боја, но се предомислив и не земав, зашто ми беше комплицирано одржувањето, хигиената, вадење-ставање (тоа некако ми е пипаво), па се мислев дали ќе ги навикнам и едноставно решив да не земам.
Јас носам леќи за вид, но во боја не ми се допаѓаат. Вештачки изгледаат и се забележуваат, а нели фората е обратното . Во однос на хигиената, редовно миење раце пред да си брцаш во око е логично. Ама кога би можела да не носам никакви, дефинитивно не би. Исто непријатност од носење леќи е сушење на очите, треба да се користат капки.