1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Леќи за очи во боја

Дискусија во 'Лице' започната од mackice, 19 декември 2010.

  1. mackice

    mackice Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    12
    Девојки дали обожавате леќи во боја,јас искрено многу сакам да ставам зелени леќи али не сум доволно информирана за нив па ако некој знае нека пише. :rofl:
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    699
    Имам јас моментално зелени леќи,имав порано и сини.Козметичките леќи го освежуваат изгледот ама не секое око може да ги поднесува и плус има низа инфекции кои може да ти предизвикаат и да го оштетат видот.Во секој случај со ОДЛИЧНА хигиена може да помине без последици.Се купуваат од оптика се разбира,има различни брендови,2000 или најмногу 3000 денари ти се,зависи колку сакаш да ги носиш.Поскапите се носат до 6 месеци,оние од 2000 се носат 3 месеци бидејќи избледува бојата.Имаш кутивче каде се чуваат и специјална антибактериска вода за нивно одржување (таа се купува посебно,околу 700 денари е).На почетокот ставањето е многу зафркнато додека да ти се навикне окото а и ти самата на таа постапка,ама после тоа немаш мака.Ако си купиш најди си видео на Јутуб,има примери како да ги ставаш и одржуваш.Ако имаш други прашања слободно прашај.Позз е секое добро ! :)
     
  3. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Подржувам да се носи леќи но со некој нормална боја... но чест е случајот да се напарави погрешен избор со цел да бидат повпечатливи очите :wasntme: и да се одбере некоја драч варијанта зелена или сина а посмелите одбираат некоја позатворена лила варијанта! Мене таквиот избор на упадливи драч леќи воопшто не ми се допаѓа! Од километар се забележува дека не станува збор за природни очи туку за леќи! Ми излгеда мноу вештачки, неприродно дури и страшно (кога ќе ги ококорат очите :o демек види ме,а уствари ко од некој хорор филм да е)
    Зборот ми беше треба да се внимава при изборот на бојата,а инаку ми се допаѓа некоја поприродна боја која ќе и одговара на девојката, ем ќе и помага при видот ем убаво ќе стои!
     
    На stereolove му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lacrymosa

    Lacrymosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    90
    абе ако немораш да ги носиш ( мислам ради видот) поубаво ич да не ставаш..
    имам другарка со кафеави очи и лупна едни светло плави леќи што толку и изгледаат грозно на неа тоа чудо едно, мислиш во стакло гледаш
     
  5. mackice

    mackice Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    12
    имам кафеави очи но сакам малку да сменам некое време ,многу сакам зелени очи ептен па не знаев ништо во врска за лечите затоа ви пишав фала вии многуу за информациите
     
  6. SpoiledBaby

    SpoiledBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    302
    Еве јас сакам да прашам треба да носам леќи со диоптер дали може во боја леќи да носам?
     
  7. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.513

    Moжеш се разбира! Оптичарот ќе ти даде диоптриски леќи со потребниот диоптер, во бојата која ти ќе ја одбереш.
     
  8. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.547
    Пол:
    Женски
    Незнам зошто некој би сакал да има потенцијална можност за инфекција на окото, само за да смени нешто на себе, досадно му било. Носев леќи , диотерски 5 години и не би ставила пак. Не дека не бев внимателна, но зошто па да си играм со око?
    Подржувам да носат леќи луѓе што имаат навистина голем диоптер, па очилата им се ко тегли.
    Ај да не дробам многу. Секој што сака да носи нека проба. Можете да пробате во оптиките и која боја ви одговара, ќе ви објаснат и како да ги ставате, зошто имаат лице и опачиња. Нема потреба од туторијали, се добивате на лице место.
    Нема проблем дали носите диоптер или не, се зависи од тоа дали окото ќе ви го прими страното тело.
     
    На fificaaa и Silver.E им се допаѓа ова.
  9. Leea...22

    Leea...22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    110
    Јас имам зелени леќи ги добив на поклон од брат ми....малку страшно се осеќам во нив :lol:
     
  10. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.513
    Знам дека цените на леќите во боја драстично опаднаа лани...знае ли некој колку се сега?
    т.е да го формулирам прашањето конкретно:

    колку се најевтините леќи и каде може да се најдат?

    Ми требаат само за една употреба после ги фрлам...

    Морам да пре-снимам еден материјал, каде што очите треба да ми бидат специфична боја, а очигледно видеошопот не го владеат најдобро, па бараат да ставам леќи. :wasntme:
     
  11. Leea...22

    Leea...22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    110
    Мојте се евтини не се многу скапи,3500 ги земале во комплет со водичката.Ама тоа лани сега незнам колку опаднале. :?:
     
  12. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Без диоптер можеш да најдеш и за 2500 денари.
    Најдобро е да се распрашаш по оптики,да не земаш на своја рака некаде случајно на диво ако ги најдеш,бидејќи предизвикуваат бројни инфекции на око.
    Можеби ќе си речеш "ајде од едно носење ништо нема да ми биде",но..окото баш е најчувствително,така да не ти препорачувам ако најдеш некаде и за 500 денари,веднаш да ги купиш.
    Барем според мене големи се шансите да се полни со бактерии и да се мошне нехигиенски.
     
    На HeidiDiWalt му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sunnygirl

    sunnygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    19
    Јас ќе одам утре да нарачувам за мене леќи, ќе ти кажам се што ќе дознаам. Претежно овие ги користам ФРЕШ ЛУК фирмата. Не дека се најевтини мене највеќе ми одговараат на окото.
    Иначе јас лани во март купив од Орбис во ГТЦ 6-месечни леки во тиркиз боја за 1790. Оваа цена е со диоптер.
    Иначе без разлика дали имаш диоптер или не мораш да одиш на очен лекар (специјалист) за да ти даде рецепт. Ова е важно затоа што запишува базна кривина и др работи кои се важни ако купуваш леќи. Кај Јосип Бroз Гимназијата има еден супер доктор. Во редот на ниските згради кај таа спортската продавница. Зема 150 ден. со картончиња.
    Ако те интересира нешто конкретно пиши ќе прашам за тебе :rofl:
     
    На HeidiDiWalt му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Feminas

    Feminas Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    1
    Во беверли има 1-2 месечни леќи во боја, без диоптер..:)
     
  15. pumpkin

    pumpkin Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    119
    Да прашам нешто...Дали на темно кафени очи ќе одговараат некакви леќи во сивкаста варијанта? Нешто како ова:
     

    Прикачени фајлови:

    • lekji.jpg
      lekji.jpg
      Големина на фајлот:
      6 KB
      Прегледи:
      867
  16. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.547
    Пол:
    Женски
    Јас имам темно кафени накај црни очи и кога прашував за леќи во боја докторот ми рече дека нема убаво да ми стојат, т.е нема да биде таа боја што би сакала. Ама пробај си, можеш да си пробаш.
     
  17. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Точно е дека зависи од твојата боја на очи во превод не можеш баш каква ќе ти текне зашто не изгледа како што си замислуваш. Ама секако ќе си најдеш боја која ќе ја покрие твојата природна и пак изгледа убаво.
     
  18. GoldenValery

    GoldenValery Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    13
    Јас носам леќи со диоптер и не можам без нив, но се разбира треба голема хигиена...
    На пр. ако ги ставаш со нечисти раце може да се предизвикаат многу инфекции, ако не ја менеш водичката каде што стојат леќите повторно може да предизвика инфекции итн.
    Леќите можат да се носат од 8 до 9 часа најмногу...
    За сите што сакаат да пробат да носат леќи нека пробаат нема ништо страшно , инаку пошто моите се зелени очи јас не си ставив леќи во боја ... јас имам ''безбојни леќи''
     
  19. M.laDy

    M.laDy Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    798
    Пол:
    Женски
    Да си споделам и јас едно искуство со носењето леќи во боја. Еднаш ги носев во боја, беа темно плави, но беа со диоптер. Леќи носам веќе 6 години, а тоа со хигиената ќе се навикнеш, како што пазиме на хигиената пред да се шминкаме т.с да имаме чисти раце, така би му дошло и на ова со одржувањето на хигиената на леќите..се употребува само една течност и треба убаво да ги исчистиш пред да ги ставиш во касетката каде што се чуваат (мислам дека добра споредба направив :D ). Овие во боја ми беа малку потешки додека се навикнав. Е сега треба да се пази да не се носат повеќе од 9 - 12 саати бидејќи окото не може да прима кислород и очите се вцрвенуваат.
     
  20. catty

    catty Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    19
    јас носев леќи ама тоа беше пред некои две години ако не се лажам и се викам ај ќе си земам пак и ете заборавам,јас немав некое страшно искуство со леќите...пред се одма се навикнав на нив,додека мојата другарка не можеше да ги поднесе(не знам зошто) очите и солзеа :worried: како и да е треба многу да се внимава на хигиената и на начинот на користење,јас ги користев моите мислам година дена ако не се лажам и си земав на два пати,а пошто имам темни очи и првиот пат кога отидов во оптика да си купам,т.е. да пробам и да прашам,благодарение на девојчто што работеше таму многу ми помогна во изборот на бојата да не биде нападна,баш природно ми изгледаа,додуша јас сакав зелени,ама зеленото не ми ја покриваше мојата природна боја и изгледаше страшно и нападно,а сините беа баш природни,кога конешно престанав да носам леќи во боја дури и луѓето околу мене почнаа да ме прашуваат дали сум ставила леќи во потемна нијанса(никој не ме приметил со години дека носам леќи во боја,сите мислеле дека имам природно сини очи :D освен најблиските :lol: )