Не е до бојата, мал е отворот. Можда со зелена би било понелошо. Пример имав едни со многу голем отвор, тие беа океј, само бојата не беше интензивна.
Некаде пишува дека доколку леќите не се во соодветна големина или не се правилно наместени дека тоа би можело да резултира со личноста да ја гледа бојата на леќата, но на само неколку секунди. Во секој случај, ако ви предизвикуваат заматен вид или неудобност, тоа може да биде индивидуален очен проблем и се препорачува лекарска посета.
Ги земав преска од ГТЦ, нијансата Антартик. Предобри се! За разлика од Фреш Лук, овие се многу поудобни, не се ни забележуваат дека ги носиш. Вака од прва проба, би рекла дека се многу подобри. Е сега малку скапички се кај нас 2500, се мислам дека во Србија се под 2000. Но од друга страна пак, овие се за три месеци за разлика од Фреш Лук кои се за 1 месец па би дошле сепак поефтини. Кога ги ставив се изненадив колку осветлуваат и колку природно делуваат.