1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Леќи за очи во боја

Дискусија во 'Лице' започната од mackice, 19 декември 2010.

  1. Asterion

    Asterion Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    5.622
    Леќи веќе носам 2 години и едноставно ми се неопходни за егзистенција. :rofl: Без нив сум ко слеп човек, шо се вика неможам да распознаам човек на 2 метра од мене 8) . Пред да започнам да ги користам ме предупредуваа дека треба голема хигиена, како лесно сум можела да се здобијам со инфекции кои биле доста опасни, па како требало да внимавам да не ги заборавам на мене па да заспијам со нив и бла бла :geek: Едноставно кажано ме убедуваа дека наочарите ми се убедливо подобар избор, али јас со наочари неможев да се смислам :rock: И сега веќе кога имам 2 годишно искуство со леќите можам да кажам дека сето тоа што ми било зборувано пред тоа нема врска. Да, не негирам дека е потребна хигиената, но не е толку страшно па така лесно да се добиваат инфекции. Јас досега сум немала проблеми. :) Као демек треба да се носат максимум 12 часа, а јас сум ги носела по цел ден. На пример треба некаде да одам на пат и истиот ден да се вратам, ќе сум станела рано ќе ги ставам леќите и се дур не се вратам, а тоа би било некаде касно навечер не сум ги вадела , и сум немала никакви проблеми, камоли последици. И сум заспивала со нив, и пак нишо , ќе се разбудам , ги отварам очите и само ќе помислам : "Фала ти Господе за ова чудо што ми го врати видот :rofl: " , и тогаш ќе се сетам дека всушност леќите не сум ги ни извадила туку сум заспала со нив |( и само ко ги вадам се вадат малку потешко од обичното, бидејки цело време сум мижала па се како залепени за окото.

    Зимам од оние месечните леќи кои одат по 6 пара и се околу 100Е, ја користам течноста Renu . Секогаш кога треба да одам да порачам леќи се мислам дали да земам во боја , но секогаш се предомислувам од проста причина - можеби нема да се бендисам како ми стојат, а тоа се 6 пара шо фактички би била принудена 6 месеци да изгледам некако како што јас самата не би се допаѓала , а очите прилично можат да го сменат човека.

    Е сега за некои леќите претставуваат вид на мода, па ради чиста промена зимаат во боја иако немаат проблеми со видот, додека јас без леќи неможам да си го замислам животот.Ма како и да е, леќите се најдоброто нешо шо било откриено. :rock:
     
    На green.eyes му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Сакам..некоја светла боја, ама некако незнам дали ќе можамда си ги ставам...ептен ми е језиво тоа!
     
    На Miss.Waldorf му/ѝ се допаѓа ова.
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Повеќе преферирам природна боја на очи, овие леќи за очи во боја некако ми се многу извештачена работа - не ми се допаѓаат. Воопшто не ми е лична сатисфакција да имам др. боја на очи некој месец за да бидам поубава или повештачка.
     
  4. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Јас носам козметички леќи, небесно сина боја, а природната боја на моите очи е маслинесто зелена.Татко ми има небесно сини очи и секогаш сум сакала да имам очи како неговите, па она што тој не го направил пред 29 години, си го направив самата.
    Лично, немам ништо против, некој ако се чувствува поубаво со друга боја на очи или поголеми гради или тетоважа или операција на нос, да го направи тоа.Ваквиот процес на „разубавување“, го сфаќам сосема нормално, еве на пример, држењето диети и тоа е процес на разубавување и промена на изгледот на телото, па никој не го осудува.
     
  5. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Не носам, не ми се допаѓа и ми изгледа многу вештачки. Особено оние темно сини леќи, кои дефинитивно не стојат секому. Преферирам природна боја на очи. Освен тоа, некако ми е језиво ставањето на леќите. :|
     
  6. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Пред три години носев сини леќи ,со диоптер ,на Фреш Лук.
    Го носев една година ,и последните 2-3 месеци едвај чекав да им помине рокот ,до толку не се чувствував своја.
    Многу убаво ми стоеа ,изгледаа многу природно ,такашто многумина се чудеа кога ќе им кажев дека се леќи.
    Дури поради нив некои личности мислеле дека сум природна плавуша ( и во очи и во коса) ,нешто на што најмногу се чудев (па како може некој да биде толку изманипулиран од сопствената перцепција бре?!?)
     
  7. Marcey

    Marcey Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    944
    Носам леќи но безбојни, сакам да пробам и во боја леќи :)
     
    На Elence93 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    764



    точно е, се согласувам со тебе... инфекции и не се добиваат така лесно, а и мн пати сум заспала со нив и ништо посебно не ми се случи... носев безбојни до сега (зашто ми се потребни за да функционирам во средината :D ) сега си купив зелени, но уште ги немам пробано, чекам да помине овој месец за да ми се "истрошат старите" ;)
     
  9. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    62
    На колку време ги менувате леќите во боја?
     
  10. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    764
    Зависи какви се, козметички или со диоптрија, или пак дали се меки, полутврди и сл.. најчесто се менуваат на 3 месеци т.е од денот отворањето на леќите :)
     
  11. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    62
    Полутврдите леќи во боја не ја менуваат бојата на окото и воопшто не се забележуваат (носам такви си диоптер). Ме интересира поточно за меки леќи. Нема некои што траат подолго од 3 месеци, и како им се движат цените?
     
  12. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    764

    За пари зависи од фирмата, а има и што се менуваат на 6 месеци и 12 месеци, а и има од оние месечни леќи. Тие не се вадат воопшто, ни за спиење но после 1 месец ги фрлаш и треба пак нови... ама тоа е мн скапо во секој случај. Една познаничка носи од овие еднаш годишно што се менуваат и ја чинеле 9 000 денари, од Хрватска ги набавува пошто кај нас ги нема, а ти и ги препишале :)
     
    На Feminkaa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.067
    Допаѓања:
    1.060
    Носам цвикери, но имам желба во блиска иднина да пробам и леќи. Кафени очи имам, не знам каква зелена ќе испадне и колку светлосни години од мојата замисла ќе е, но ќе пробам.
     
  14. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Очите ми се темно кафеави и имам носено леќи во боја без диоптер. Носев зелени од Freshlook Colorblend. На сликава не сум јас ама отприлика така изгледаа моите очи.

    Работава е што лекиве не се само една боја туку има три прстени со разни нијанси и убаво се вклопува со окото, не се како тапет. Затоа и се викаат Colorblend :)
     

    Прикачени фајлови:

    • colorblends.jpg
      colorblends.jpg
      Големина на фајлот:
      5,8 KB
      Прегледи:
      347
    • IMGP9057.JPG
      IMGP9057.JPG
      Големина на фајлот:
      14,8 KB
      Прегледи:
      353
  15. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Сум за леќи во боја, ама некои нормални бои, а не некои нестандардни кои од авион се гледаат дека не се приордни очи! А посебно сум за леќи кога личноста треба да носи диотер. Во таков случај подобро леќа него очила!
     
  16. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Леќи за очи

    Знае некој дали и каде се продаваат леќи за очи во Штип или Кочани? Во боја. Не од оние што се носат наместо наочари.
     
  17. Kristinna92

    Kristinna92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    168
    Дали знаете дали се продаваат посебно само по 1 леќа? пред еден месец зедов од меките леќи кои траат до 1 година, но ми се скина едната од непазење, и сеа сакам да земам само една да не земам 2 за џабе. ако има некоја вакво искуство нека пиши што побрзо, фала однапред :)
     
  18. bonbonka17

    bonbonka17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    8
    Јас на пример сакам да си купам леки ама имам една другарка има бас онака сиви очи, сакам такви леки, мислам ако има таква боја. Дали има такви леки? Ч)
     
  19. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    3.114
    Пол:
    Женски
    Секако дека можеш да ставиш. Но треба многу хигиена зошто можат да навлезат бактерии во окото и слично. Ако не си подготвена или немаш време за таква хигиена подобро е да не ставаш :)
     
  20. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.342
    Допаѓања:
    3.589
    Пол:
    Женски
    Кога би ставила леќи во боја би одбрала зелени... во едно списание гледав една девојка имаше зелени леќи али ептен светли... Ептен ми се засвиѓаа како стојат... Во иднина обавезно си земам за мене такви зелени.. :D