Еве ги моите,ги носев до пред две години,од Фреш Лук се,меки,со диоптер,тогашната цена им беше 1 800 денари ,а сега не знам колку чинат. Рок на траење - 6 месеци.
и јас имав леќи темно плави пред 2 години се убаво само што ми требаше многу време додека ги ставам оти си имам мали очиња
Jас исто така користам леки веке 4години од плавите брилиант блу,купувам од тие со се за 3 месеци ама мене ми траат по 7-8месеци ги носам бојата не им избледува добро се грижам за нив,со нив спијам се банјам итн и ич не ми сметаат,сум била и на очно да си ги проверам очите дали е се во ред и супер ми ее немам никаков проблем
Ја ги користев леките во боја на Fresh Look со диоптер, и не сум задоволна. Кога ќе се изместеше малку леќата, гледав заматено додека самата не се намести во правата положба. Сега носам обични само со диоптер и немам таков проблем, нормално си гледам
Сонувам за портокалови леќи! Не некои дречливи, туку во границите на нормала. Мразам кога бојата боде очи.
^моето мислење е дека кога веќе купувам леќи во боја е да бидат забележителни,јас би зела и драчливи зошто па да не?? протокалови или црвени,жолти а??? како и да е од другата година кога ќе се вратам во МК ќе си земам леќи зошо така ќе ми е полесно,барем јас така мислам,децата нема да ми ги задеваат наочарите
јас носам наочари веќе 9-10 години, а сега ми се појави желба за леќи во боја, кои истовремено ќе ми го корегираат видот. Сакам сини, но се прашувам дали ќе му штетат на моето око и дали се многу скапи ? И што е подобро леќи или наочари, според вас. Благодарам однапред.
јас имам леки светлоо сини и не ми се приметуваат дека имам леки и дурии ми се преливаат ко сивии ама имам многуу мали очиња и големи трепки и едвај ги ставам
Девојќи да ве прашам пошто имам бел тен (дури и најсветлите пудри ми се темни за нијанса-две) и црни очи, мислиш ко од хорор фил да сум искочила сакам вакви леќи како на сликата или како сликата на потписот, прашањето ми е дали би ми стоеле,а ако не тогаш какви бои и нијанси би ми препорачале?
Па ќе ти стои било која боја од овие две, зашто да не ти стои. Само не знам колку би успеала да биде бојата толку светла и баш таква како што сакаш, затоа што имаш многу темни очи. И можно е да не ти биде бојата сосема иста како што е леќата, заради подлогата, односно твојата боја на очи. (Ова го зборувам од искуство на една другарка, има темно кафеави очи, носеше плави леќи со диоптер, и нијансата и беше поинаква кога ќе ги ставеше на око). Во секој случај пробај си, немаш што да изгубиш. А за бојата која од овие две не му ја мисли многу-супер се и двете. А пошто јас не можам да бидам објективна кога е во прашање боја на очи-ќе ти кажам дека зелените се најубави
На зелено око да ставиш сина леќа некако може да помине, ама на кафеаво око, сина леќа како една моја колешка- страшно. Премногу е вештачко, и дури има страшен поглед. Што не оди, не оди.
Никогаш не би носела леќи доколку немав потреба. Само ова ми е спасот, не можам ни да се замислам вака со наочари. Прашања до тие што користат леќи подолго време: - Прво ставање леќи, па шминкање или обратно? - Дали смеам да правам физички активности додека ги носам? (И едно прилично глупо - Има шанса да се намали диоптерот со подолго носење?
Прво ставање на леќи, па шминкај се. Прво извади ги, па измиј ја шминката. Со нив не смееш да се миеш. Смееш да правиш што сакаш со нив. Само пази да нема многу прашина или пот да не ти навлезе во очите. Нема шанси да се намали диоптерот. Мене ми рекоа дека нема да ми се зголемува, ќе остане ист, но се зголеми за 1. За тие што прашуваат за кафени очи. На кафено око не се фаќаат убаво сите бои, посебно оние светлите. Јас би ви препорачала темно сини, најубаво стојат.
Женски едно глупаво прашање дали кај нас има црни леќи со диоптер? Јас носам наочари (не редовно), но имам проблем од сите ме боли главата (поточно кај ушите), и неколку пати ги имам проширено и имам сменато други, но никако да се навикнам. Сега се мислам за леќи, но за разлика од сите јас од никогаш не сум сакала плави или зелени очи , сакам потемни од моите да се, црни или ептен темно кафеави. Се надевам нема да ми се смејат ако прашам во некоја оптика. Еве најдов и слика, вака нешто :
Леќи Се извинувам но незнаев каде на друго место да го поставам прашањево на темава Леќи,и нова сум на фемина се надевам дека нема да ви пречи ) Инаку сакам да прашам каде да најдам леќи оние за менување на бојата на очите и колку чинат фала ви .
Леќи скоро во сите добро, па и не толку добро опремени оптики цената е 2200-од поскапите - квалитетните- a растворот е 600ден во кој треба да стојат имаш различни се зависи за што ти требаат овие траат 6месеци, има различни треба да се распрашаш еве ти ги и боите мислам дека сега имаат и нови, -повеке избор а еве како изгледаат на око тие плус и некои нови, но има и уште стварно имаш многу избор но многу зависи од бојата на твоето око, на пр. светло плавите ги има другарка ми која има црни очи и кај неа се тегет и изгледаат преубаво
Мене леките не ми се допаѓаат. Многу вештачко ми изгледа погледот со нив! Еднаш пробав црни да ставам, се покајав цела недела; црвени ми беа очите и ми солзеа нонстоп! Далеку од ова..