Бидејки имам диоптер едно време носев оптички леки.По боја беа зелени,но за нив треба многу хигиена.Не ги носам стојат дома и фаќат прашина сега си носам наочари.
Ве молам ако знае некој да ми каже каде во Скопје може да се најдат леќи во боја и дали има во гтц или во нејзина близина ?
Користам прозирни леќи, 3 пара одат во пакувањето, по 2 месеци секој. Сега сакам да земам во боја, исто со диоптер и ме интересира колку се поскапи од прилика од обичните?
јас би сакала за 1 месец да пробам како ќе ми стои мојата омилена зелена боја,коа цена се и кој ги препорачувате?
И јас би сакала да знам и дали икако без диоптер дали треба да се оди на доктор да се мери несто бидејки една пријателка си купи без да оди па сега како да му се мали и додека ги носи не гледа нормално или можеби до квалитетот е?
Девојки пред 1 недела си купив нови леќи во боја со диоптер , првите 2-3 дена беа супер , а сега , едната леќа е добра , ама другата како да е сува некако , не знам , кога трепкам ептен многу ми се размрдува , многу лошо изгледа , а и не ми е пријатно Ја сум ептен паника , страв ми е , не знам што да правам , претходните леќи исто ми беа во боја со диоптер и ништо не им беше , сакав да одам до оптичара да прашам , ама имам температура , болна сум ... На некоја од вас и се десило ова ? Ај ве молам за помош !
Еленче,да те прашам,колку ги зеде прозирните леќи.И не ти препорачувам да користеш леќи во боја со диоптер затоа што на моја другарка и се покачи диоптерот од леќи во боја си диоптер.
Кога отодов да купам нови го прашав докторот и не ми ги препорача за секој ден, а и плус се многу скапи, еден пар 2000 ден, кои сигурно нема да може да се користат повеќе од 3 месеци. Иначе моите се 2000 за 6 месеци, 3 пара по 2 месеци.
Јас купив козметички леќи во боја, за 1800 ден, исто со траење од 3 месеци.Поминаа скоро две години и уште ги носам.Ако правилно се чуваат и одржуваат не значи дека не можат да се носат подолго време.
Јас носам козметички леќи, зелени, уште од летото, јули месец. Правилно ги одржувам, и сеуште ми траат. Супер се
Така сега,јас носам наочари но имам и некој мал цилиндар, а сакам да носам леќи но незнам дали ќе се може затоа што е диоптер + цилиндар.
дечки јас пред некој ден ставив леки ..али денес некако лекава како да ми се изместувазосто така се десава знаете да ме инф ....и дали кога стојат ви растворот треба да бидат целоцно покриени со тој растворот или ?фалаа
Gea како така рокот на леките им е три месеци а ти ги носиш две години?!?!? дали јас добро разбрав дека еден пар го носиш толку многу после рокот?!? Црна1 и мене на почетокот како да ми се изместуваше леќата ама тоа е зошто леќите во боја се со малце поголеми димензии отколку оние кои се само со диоптер. Сакам да кажам дека повеќе го покриваат окото и ти кога погледнуваш на различни насоки, осеќаш како да се изместува али не се секирај, у реду је, тука е. А за стоењето у раствор... мене ми потонуваат целосно под површината. Тоа е зошто пред да ги ставам во кутивчињата ги премивам со раствор на чиста дланка па после ги оставам на се “исперат“ преку ноќта.
ке мозе ли и некоја техника за ваденје на леката ако има ..посто мене некако слабо ми иде се мачам ..усте ја немам рутината
И секако тука ти препорачувам да немаш долги нокти,додека се навикнеш да ги вадиш,зошто можеш многу лошо да се штипнеш во окото(од сикуство кажувам)
не си играјте го големи нокти и леќи јас за матурата (пред околу 4-5 год) имав големи нокти и тоа мои израснати, природни. И 2 дена пред матура се гребнав на белката при вадењето и после половина од окото ми беше крваво. Буквално белката ми беше црвена цела. И морав шишки да шишам на таа страна за да не ми се познава толку многу, да го затскријам, па ми беше страв дали ќе се нафатат да ме шминкаат и се опседнав со капки ставање .... немојте долги нокти и леќи. Ноктите може да се многу убави и кога се нормално истурпијани и налакирани. Се ова ми се деси при вадење на леќата. црна1 јас леќите ги вадам така што со средниот прст на десна рака до потргнувам долниот капак надолу, поглегнувам во некоја повисока точка, со показалецот на допирам леќата и ја поместувам малце и со помош на палецот ја вадам само. Јас ја поместувам зошто нејкам директно од зеницата и ирисот да вадам. Можеш за помош, ако ти се ситни очите и неможеш широко да го отвориш окото, да со било кој прст од другата рака да го поткренеш и горниот очен капак. Јас на почетокот така правев кога не бев спретна Ќе се навинкеш, сами рацете ќе ти одат после. Рутина е. Како ти е згодно пробувај, и така после вади ја.