Mене ме интересира нешто. Јас имам кафеави очи, некоја си чоколадно-медова нијанса, значи нит се темни нит светли. Е сега, ужасно сакам зелени или нешто измеѓу плаво-зелени леќи, ама некоја така побледа, нежна и поприродна нијанса. Си најдов слична таква, ама уште не сум се решила да ги купам, бидејќи се сомневам да не случајно се затемни бојата на самата леќа кога ќе ја ставам во окото, дека нели темни очи имам. Тоа ме секира, па сакав да прашам да не случајно имала некоја такво искуство. Инаку, немам проблеми со видот, сакам само колку да сменам боја, нејчрал блонди сум и мислам дека ќе ми седи некоја таква плаво-зелена нијанса на очите.
девојки ке мозе ли помос ...кога ја вадите летката тоа го правите со мокри прсти или ...мене некако потеско ми оди немозам да ја извадам ...мозно е да потеско да ми се вади дека вцера спиев со неја ?
Како тоа спиеше со леќи? Лелеее немој така, може да ти се воспали окото, да ти се измести леќата и плус се сушат така. Иначе со суви прсти ги вадам, со палец и показалец, нормално се откажав од чување нокти.
па немозев да ја извадам вцера леката ..усте наам стекнато рутина за ваденје бтњ мене ми рекоа дека мозам маџ 2 дена да спијам со нив .....инаку фала за инф
Не знам кој ти рекол дека може да се спие со леќи, можеби од еднаш ништо не ти се случило, но дефинитивно немој уште еднаш, окото се суши и може да ти се воспали. Патем за вадење е многу лесно, јас полесно ги вадев отколку што ги ставав. Ги вадев на следниов начин: http://www.youtube.com/watch?v=sgLSdMLb ... re=related
Носам леќи веќе три години. Обични проѕирни, но со диоптер. Презадоволна сум од нив и мислам дека не можам да дишам без леќи. Кога од време на време носам наочари, чисто за да ги одморам очите малку, ми сметаат ужасно многу, рачките над ушите и на носот, ми доаѓа да ги исфрлам. Но дојде време да се купуваат нови леќи, на овие им помина рокот. Носам специфични меки леќи Д3, кои во мојот градсе околу три илјади денари една. Ме интересира дали имате некои информации колку се движат цените во другите градови или па во соседните земји. Пробав да контактирам преку маил со неколку оптики во соседството (конкретно во Грција) ама немам одговор
И јас сакам прозирни со диоптер бидејки кога ги ставам наочарите изгледам 10 години постара (елегантна учителка ) Ама незнам од која оптика во Скопје.. Како се движат цените на тие со диоптер?
Зависи од тоа дали ти се обични, цилиндрични, под некој агол и сл. и дали се меки, полумеки... Јас носам обични, полумеки и се 2000, 3 пара по 2 месеца, али поже да се носат и по 3. Течноста зависи која, јас долго време користев од по 850-900 ден и сега последно купив Прокулин од аптека за 300 ден и не забележувам разлика од претходно.
Прво треба да се консултираш со очен лекар и тој ќе ти препорача оптика Иначе ја си купувам меќи леќи , 1600 ден и течност Прокулин 300-350 ден. од оптика Елени во ГТЦ позади Евроазија
Јас лично не би носела леќи во боја, премногу вештачки ми делува. Апла се познава кога некој носи леќи. Е сега секоја чест на оние кои успеале да најдат некоја по natural боја. Баш се согласувам со изреката: „Очите се огледало на душата“ па мислам дека природната боја е онаа во која треба да гледаат луѓето додека се запознаваме, разговараме, плачиме и сл. Мое мислење, но не дека сум притив оние кои сакаат и носат леќи.
Јас имам светло плави леќи а инаку имам темни очи,но воопшто не ми делуват вештачки даваат свеж изглед и кога сум уморна
Aу овие леќиве,мајка ми има темно кафеави очи и пред некој ден кога ни се појави со зелено-жолти, додека да сфатиме што е не цркна од зафркавање
а каде можам да најдам леќи без диоптер и колку се ми требаат само за 2 употреби сега во недела и дури при крај на мај затоа да не бидат многу скапи,али до тогаш ќе им истече рокот и затоа тие што траат 6 месеци ми требаат..
Јас немам убав став за носење леќи во боја. Човекот прво го гледаме во очите и многу би ми било глупаво кога гледам некого во очи и му зборувам, а тоа уствари не е тој тој. Ми делува вештачки и не знам која потреба е ставање такви леќи, поради популарност, себе промовирање или што?
Е да ми си жива за ова што го кажа, и навистина така е...Замислете денес ве запознава некој и се заљубува лудо во вашите сини очи но потоа нареден пат ве гледа со кафени, ма немој
Треба да носам леќи од една причина, имам проблеми со видот. Пробав неколку видови наочари ама не се поднесувам и крај. Само сакав да ве прашам дали можам да почнам да ги носам со оглед на тоа што имам 13 години. Мајка ми рече најубаво е уште некоја година да почекам ама сакам и ваше мислење.
Да ти кажам јас имам проблеми со видот и носам меки леки од рани 12 години...Им кажав дома дека не сакам, наочари и до ден денес ги носам којзнае колку пара леки имам износено општо тиа за видот што се препорачуваат 2-3 месеци да се носат а потоа и сама осекаш потреба дека требе да ги смениш. Но мајкати сепак убаво ти вика бидејки за нив е потребна мноооогу хигиена, немој да си направиш некои поголеми инфекции со окото, ако користиш леки препорачливо е и некои други капки за прочистување да користиш,сепак око е треба внимание... Е јас носам безбојни сега кога ке им помине рокот на овие ке си купам некако зелено-сини едвај чекам.
Има ли некој добро искуство со СИВИ или СРЕДНО ПЛАВИ леќи повеќе накај светло Колку траат, кај ги има и цена ? Многу ми е кејф за сиви леќи ама незнам како ке ми стојат