Имаат ако ги носиш многу време во денот јас ги носев тогаш на факултет од 7 како ги ставив сабајле у 10 си дојдов дома и ме болеа очиве ми се заморија..
Не сум за леќи! Не дај боже ако некогаш ми потребаат би ги носела од што морам а вака за да мењам боја на очи од кефои не. Господ ме создал таква каква што ме создал и не го менувам тоа. Да правам компликации и проблеми од кефој не
Јас би сакала да носам леќии тоа сини, имам голема желба имам за сини очи.Знам дека треба доста да се одржуваат и да се менуваат и спремна сум на тоа,но би сакала да ми кажете каде може да ги набавам и од која до која цена се движат?
цената на леќите во боја е различна, зависи од тоа која марка и колку време се носат. Сепак бојата, односно ефектот одлеките во боја зависи од тоа каква боја ви се очите. На пример на црни очи и темно кафени, леките во сина боја немаат некој ефект.Тогаш користете од оние леки како велветптегет, темно сини, зелени или сиви. На светло кафени очи најдобро стојат сини и зелени светли.
Од оптика јас ги земав 2000 ама кога купуваш гледај да се добра марка.. Иначе јас земав зелени ама сега ми се гледа како малку зачадено ама ептен малце од страната и кога ке погледнам таму исчезнува и се појавува на друго место.. дали требе вака да биде или нешто окото не ми е навикнато и леќата има ли 2 страни ? пс цел форум дозна за мојте маки со пусти леќи
Можеби леќата не е исчистена соодветно. Треба да отстои во раствор барем 8 часа за комплетно чистење на наталожени масти и протеини. За брзо чистење ( што не се препорачува освен во итни ситуации во кои нема услови ) капни од растворот и многу нежно ( екстремно многу, затоа што лесно ќе се скине ) помини со врвот од прстот по површината на леќата. Редовно менувај го растворот, измиј го кутивчето за леќи со соодветно средство ( или алтернатива бебешки шампон со формула без солзи ) и остави го да се исуши пред да ги ставиш растворот и леќите. Ставај ги со чисти суви раце. Измиј ги и остави ги сами да се исушат.
Јас си ги сакам очите Ако ме фатат лудиме може да се излажам и да купам некоја во боја.Чисто да видам како ќе изгледам со друга боја
Се продаваат како пар, не мжеш да купиш смао една леќа. Целата сума им е 1 800, иначе мислам дека веќе не се продаваат леќи со рок на траење од 6 месеци зарадаи хигиената
Јас имам кафеави леки, но сум навистина жален случај со природно сиви очи.. Имам проблеми со нив, навистина ми е непријатно и мразам што ги носам но од друга страна сум мртовец без нив.. Секогаш ги порачував од Грција, на домашните оптики и не им верував многу, окото е навистина нежен орган така да ако некој нема навистина потреба од нив подобро е да избегнува вакви играчки..
@bebushe во било која оптика, Геталдус, има една на на ул.Македонија, јас од таму ги купувам леќите. А цената е мислам 2000 за еден пар, само не се сеќавам дали беше тоа за со диоптер или без, зошто може и поевтино да те фати.
Дали некој може да ме насочи.. носам обични проѕирни леќи со диоптер - од Bausch&Lomb LoftLens. Сакам да земам исто со диоптер меѓутоа во боја.. дали некој знае да ми каже какви да барам и која цена се овие во боја.. обичните ги купувам по 1800 за 3 пара. Тејнкс
Имам темно кафени очи и сакам да земам темно зелени леќи.Мислите дека би ми стоеле? Која оптика во Скопје би ми ја препорачале? И ме интересира дали може во оптика да се пробаат леќите,да видам дали ќе ми стои бојата што сум ја одбрала?
сакам да ве прашам нешто. Што мислите за зелени очи? Кога се родив имав сини очи сега сино-зелени, па дури и сиви и ги мразам. Дали според вас најубави се сепак сините очи и девојките со такви очи?
здраво девојки.. јас веке повеке од една година размислувам да ставам леки во боја, најмногу ја сакам плавата и преку телофонот има програма преку која можеш да пробаш која боја на очи ти одговара.. но имам еден страв од последиците.. на интернет многу читав и секаде пишува се најлошо како доагаат секакви инфекции итн.. мои пријателки кои носат викат дека нема никаков проблем дека не е страшно, но мене и понатаму ми е страв... дали морам прво совет од офталмолог или може и на своја рака да си земам..мислам кога се посветува доволно внимание на хигиената нема да има никаков проблем но кај секој индивидуално...позз и кисс до сите феминки